не (чест.) - знае (гл.)

– „Сакав, стрико, да проговорам, арно ама чинев оти не знаете по мојот јазик.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Таа тогаш се обидува да ви го објасни тоа што не може ниеден друг збор да го изрази, додека вашиот татко го слуша разговорот без да се вклучи во него...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не знам со кои нозе се вратив и како преживеав тогаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знаеше што е - беше без облик и форма, но беше тука, лебдеше во просторот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На едно дрво се ниша сува гранка од едно уплашено врапче што стои како шикла и не знае кон кај да летне, кај да избега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во случај да не знаете за овој текст, еве ги првите редови: Јас бев крстена и воспитувана во православната христијанска вера.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не знам колку време ни треба да сфатиме дека треба да се спроведуваат казнени мерки, санкции против сите што се однесуваат како вагабонти, да не кажам, како леванти со македонската драматургија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А и времето така: не знаеш колку поминало и колку има за врвење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам, велам, ама зар и овде ќе бидеме туѓинци?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Го најдов и се сожалив, мислев вакво човече, момченце со брада и брчки, не знае што е грев и мислев дека не знае, кутриот, што му се случило, соблекле и го натепале зашто можеби се бранел со својот поснички крст.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Требаше да се премине првата граница и да се согледа разочарувачкиот факт дека за нас не знае никој.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И додека по крајот на бомбардирањето луѓето трчаа како муви без глава на сите страни, не знаејќи што да преземат, таткото на Алегра стоеше како закопан в место и гледаше во синагогата од која остана куп урнатини и се креваше облак од прав што го препокриваше човекот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нели ти за зборење ја бараш? А тој вели: Е, па, не може таа ништо да не знае по наше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не знам, внучко, — вели дедот Карабуклија, — ама петлите се пеани, еднаш или двапати, не ѝ стори дикат. Сега ќе излеза надвор на малата врата и ќе вида.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Толку е постелата за секој.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со него заедно плачеше и мајка му и не знаеше што да му направи; му даваше насила да цица, но тој ја отфрлаше брадавицата од устата, ја стегаше устата кога му даваа со сила лајче со чај од тревки; му врзуваа амајлии против урок, нагаза, нави, шенци, клиње, не знаејќи од што му иде лошината; му облекуваа кошулче од немо дете, му ставаа камче во лелејката од пресушена река или поток за да му пресуши плачот; го шетаа од раце на раце тропајќи во тенеќе или бутин за да го ошеметат, но ништо не помагаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И тие не го лажеа па не знаеше што е бол - жежок, игличест како склопчест еж и ја познаваше само својата сува и така мака како и секоја човечка глад.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дали токму ваквите збунувачки размисли што не знам од каде наидоа утринава, ја спречија твојата насмевка да се појави на моето лице?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја изгубив сметката на времето и се најдов меѓу изгубените од дружината, врел, со развеана коса и со очи обземени од копнеж без сочувство на луѓе што еднаш веќе минувале по светлосната врвица на првата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ти не знаеш како пеат тркалата воденички.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А ти ми велиш дека јас сум заслужил да возам џип... за да ми прди зад грб некоја заднинска вошка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Свесен сум дека вас ве глода и друга мака: вие не знаете што точно сака вашето срце.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не знаеме ли ние оти сето време до кога ќе се продолжува борбата со четите, турскиот аскер ќе граби, ќе силува и ќе му прави секакви други пакости на населението?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не знам како собрав сили да го отчипчам од жената, да ѝ го откинам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Црвената светилка во главата го предупредуваше дека нешто ќе се случи, но не знаеше што.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не знаев како си отидов до дома пред децата. Дома! А што по тоа дома? Застана тркалото! Што сега?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не знам дали поради нејзе или поради себе, сепак, го облеков новиот костим за капење и ги сложив колку-толку со марамата и пешкирот, па со децата се спуштив по камењата на влечки на плута за да добијам на висина, а со тоа и на виткост.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Рофја да ги удри. Сѐ собраа ... Зар не знаат дека имаме деца?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Таложат омраза што не знаат каде да ја истурат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Го паметам како добар човек и уште подобар шегаџија. Не знам дали неговите шеги беа толку шеговити и секогаш нови кога ги правеше со возрасните, но нас децата тој секогаш знаеше да нѐ изненади и да нѐ засмее до пукнување.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Не знам дали сака и колку е спремен да се бави и понатаму со проблеми од животов“, ѝ реков и побрзав да го засолнам погледот, да станам дел од божемната натажена отсутност и на другите присутни; дури и рамениците ги поткренав, како да се чудам зошто немам јасен одговор и на најобичните прашања што за жал сѐ повеќе се множат, се множат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не знам каков е трендот во светот ама знам дека во Македонија постојано расте бројот на зависниците од интернет кои секојдневно се дружат со нивното височество фејсбук и скајп.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Одново на птиците, помислувам, на полското трнарче, помислувам, на тоа одлучно и полетно пиленце на македонските полиња кое не знае за кафезот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Од тоа, да се биде најдоверлив Максимов човек, се нема никаква полза, само повеќе работа и повеќе грижи од другите, но не знае што ќе си стори и не знае што ќе стори друго, засигурно ќе го отепа Хаџи Ташку, ако му рече Максим дека се покажал недостоен и затоа го откажува од старешинството.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овој час наш човек ми кажа дека овие дни — салам и тој не знае кога — ќе имаш гости од планина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не знаев да ја носам на глава круната што ти ми ја направи од светулките, не знаев да бидам кралица...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Не ти се допаѓа. Ти не знаеш ништо за оваа музика. Никогаш не си ја ни слушнал.“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Оваа будала, несреќна, непаметна глава, која наводно не знае право.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Ме поздрави вадејќи ја од глава жолтата капа. - Мсје Раизе, зарем не знаеш што се случи? - започнав.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Живеев. А, бев мртва! И, повторно, никој не знаеше.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Такви не сум видел долу, - рече Бојан. - Не знам ни како се викаат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Не знам точно. Премлад ли сум да ги разбирам вашите закони?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Фала му на бога што Агна не знае дека низ нивните штрби усти го грвалат и нејзиното име.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не знаев како да чистам вакво месо и бидејќи љубопитно ме гледаа имав уште поголема трема.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Пријателе, ние ја носиме лагата во себе и едно не знаеме: дали нѐ одржува таа во живот или ја негуваме за да ја забрзаме својата смрт.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нешто се случи. Не знам што, ама овде Германците Гала не ја гибнаа само што тој офицерот нејзин ѝ го отргнаа, сигурно на Источниот фронт го пуштија така што Гала тука остана само со срамот на образот...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Слегов на станицата и сега не знам кај да одам потаму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можеа зашто и не знаеја за друг свет, поинаков од овој, нивниот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пред да ме здогледа или да го здогледам, сетив студенило околу срцето во ветре за кое не знаев од каде доаѓа, но знаев оти е предвесник на Рибоокиот, и оти Рибоокиот е тука некаде и ме бара.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ме погледа со мртов поглед.  „Алегра”, рече, „никогаш нема да влезе во нашата синагога”.  „Оди, сега”, му велам, „побарај ја жената и ќерката”.  „Имаш ли вести за Јехуда? ” - ме праша.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само да дојдеше ... Не знам кој враг ќе можеше да ја одбрани ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Самопочитуваните тревари Никола Влашки и Пандил Димулев го следеле со машки разбирања оддалечувањето на оној чија лузна преку окото веќе двапати му ја преврзувале и го жалеле неснаодливиот млад и убав Куно Бунгур на кого во манастирскиот двор му се насмевнала жената на сургунисаниот маж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури ни луѓето од родот тамошен не знаеја што значи, и нерадо говореа за него.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Прво не знаеше кај се наоѓа, но потем, речиси истовремено, ја препозна куќата и го препозна и Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Не знам, треба да видам, - рече Крсте, и придаде со подруг глас: - Треба да знам зошто ти е.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Го пофаќам, а после не знам како да си ја избришам раката. Ја тријам со лапајцата што се топи на земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам што размислуваше Билјана. Ми се чини дека не ми верува во тоа што ѝ го велам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не знам зошто одев во куќата под калето кога постојано ме ежавеше страв брегот еден ден да не појде надолу и да се разурнат шарките на времињата кои поминуваа по неговата жолта страна ви кажувам не знам зошто одев кога и самата куќа имаше нешто застрашувачко во густата темница што се таеше меѓу диреците оти мојот братучед можев да го најдам и кај нас зад насипот каде што неговата маќеа пасеше бела коза по бавчите и молзеше по ока полока млеко за неговата ќеркичка оти жена му марија своето убаво женско време го поминуваше во лешочкиот санаториум а пак кај нанчо можам да ви речам дека ништо не ме влечеше оти во мене тлееше голема навреда од што ме напади првата зима што ја зимував во скопје а сега својата дрвена берберница од паркот спроти градската болница ја има преселено во ќошот лево веднаш крај самиот влез и ја има сросано на два ката долу за бричење а горе за спиење со жеништата што ги турка со глава по раскрцканото скалило направено од две штици ви кажувам не доаѓав ни за него ни за братучедот кој често клечеше или лежеше во аголот врз сламарникот меѓутоа јас често се уловував како драбам по насипот крај реката очекувајќи да ги здогледам детето со разбегана коса по главата момчето со долгиот врат како фрла камчиња во реката и старецот сиот завиен во козина таму каде што се гледа душата
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
ПОЦКО: Што да правиме, чорбаџи, сме задоцниле кога господ делеше...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Иако еден за друг ништо не знаеја (таа живееше во куќарката залепена до зградата која требаше да се сруши по завршувањето на зградата во која имаше добиено стан да се всели, а тој во работничката барака во кругот на зградата).
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ти не знаеш јас што мислам. (Пауза, На Кајмакамот.) И ти не знаеш јас што мислам. (Пауза) А јас (Пауза) и јас не знам јас што мислам. (Пауза) Ебати власта!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Присутните сѐ уште не знаеја за што се работи. Ружа тресејќи го парчето хартија ја прочита само првата реченица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Без татко ми Добре, најдобриот човек на светот, понекогаш не знам што правам.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Јас од порано знаев дека е тој незавршен историчар, но не знаев дека е толку упорствен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој си ја знаеше работата, ама во еден момент ги вџаши селаните, па почнаа да шушкаат и да не знаат ни што да речат, ни што да прават.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Зошто токму командирот на станицата, никој не знае, но затоа од властите бикот е осуден на смрт.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
МАРИЈА: Мислиш. Не знаеш. Не веруваш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Дури и најголемиот мудрец си ја лапа збунето брадата, сиромав, не знае како да ја прекине олимпијадата.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Затоа и не си се потрудил подобро да ја запознаеш - ми врати Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Божем близнаци кои не знаат кој кому му користи и особено кој кого го лаже.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не знаеше дали тоа навистина се случува, ниту пак дали ефектот е предизвикан од струја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не знаејќи како да ја смири, безволно ѝ ја подаде на Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не знам што ми дојде така?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога не се шминкаше, од здодевност не знаеше што да прави, та често ги префрлаше нозете една врз друга, ги склучуваше прстите и ги отпушташе, ги вртеше прстените и на едната и на другата рака, ја потчукнуваше со дланките собраната коса и од едната и од другата страна дотерувајќи ја.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој сѐ уште не знаеше каква мустра е тој негов можен зет.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вертикално застанат на буково стебло, црвеноглав клукајдрвец со удари на клунот соопшти дека наскоро на дождот ќе му се придружи магла.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Зборуваш на телефон, ми вели тој, вчера долго зборуваше. Зар не знам што зборуваше?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не знам оти, првин се распулувам лево-десно, се обѕрнувам назад за да не ме гледа некој, и се крстам. Устата ми е сува и полна со некој красат мирис од шумата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се разбира, не знаев точно што му зборувам, ме влечеше само желбата да се почне.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како померена, подизлезена од умот. ,А бре, Македонче, каде се спремаш", јас не знам што било што сум велела, ,нека разберат клетите фашисти", сум се мачела да пеам и само да му се истргувам на Алекса, само да го удирам по глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас кажувам, а не знам што да им кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А татко ти слушнал кога некој поднапиен Козак, чиновник, се фалел дека има голема љубов во Новодеревјановское.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ЉУБА: Жити бога, не почнувај да размислуваш. Јас се изморив и самата не знам што зборувам. А ти ситничариш во врска со зборовите. 202 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се потпре на еден од стеблаците, позеде душа, се напи од матарката вода и тргна, но каде ни сам не знаеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Колку сум копала, не знам, ама кога се исправив гледам се примрачило.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеше да изнајде безброј други аргументи за да не го прифати предлогот на Климент Камилски да им објават војна на опасните османски зборови во нивните балкански јазици, во која не знаеше однапред дали ќе бидат победници или поразени.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Никифор, иако музичар, не знаеше да танцува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам дали знаете, ама ако не знаете ќе ви кажам дека вистинското турско кафе не се вари на оган и на пламен и ниту на плоча загревана со електрика, туку само на спуза.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не знам што беше поинтересно: деновите или ноќите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таму (сонував, не е повеќе од сон, но како да го вмешува и да му се прилепува на јавето) има некој што се вика Род – или Ерод, или Родо – и тој ме тепа и јас го љубам, не знам дали го љубам, ама допуштам да бидам тепана, и така од ден на ден, тогаш сигурно го љубам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби две години не сме се виделе и сега не знае што да прави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знаев што да му одговорам. Молчев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не знаат што ги чека утре!“ рече заканувачки еден од низамите, чуварите на редот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Французот не војува на памет, Само со посалки и инструменти, - Их, како не знаевме, - рече Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И верувајте, ама навистина верувајте, јас не знам да возам џипови. Воланот ми се лизга од прсти...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Никој не знае што се случувало некогаш. Ни ти, ни јас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еленчиња мои, видов што видов и не видов, се ми е спобркано во главата, па не знам што запомнив, а што сум заборавил.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Го остава добитокот, ги фрла пљачките, децата и трча, ништо друго не знае да направи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еден народ што си го загубил својот јазик личи на еден човек што си го загубил патот и не знае од каде иде и на каде оди и којшто не знае зошто оди ваму, а не онаму или таму.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не знаевме ништо за партиската идеологија, па сепак говорејќи со јазикот со кој говореа политичарите, учителите, спортистите, уметниците и оние кои го издигаа руинираното стопанство, бевме поддржувачи на правилното изразување во новиот народен јазик.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Цел живот одел над провалија, најпосле и мене ме повлече, а не знае!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ибн Тајко ништо не знаеше и за нив, па затоа побрза да рече: „Верата е едно, а книгите се друго.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Зошто?“, го прашувам јас. „Не знам“, вели, „што се мачиш со овие работи. Да ти треба гробов, ајде де.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Многу луѓе така остануваат одземени од стравот и не знаат што да направат повеќе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оти не знаат дека кај Танаско и Пена се оди од левата страна по самиот стрм брег што не пружа голема сигурност, тие влегуваат во разејнатата уста и долго не можат да се снајдат во темницата, тропајќи на случајно надрабаните врати или на оние што ги откриваше некоја слаба светлинка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Долго и мачно ѝ врвеше времето на Ѓувезија Дубровска.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не дознав, или изумив, не знам, кој од нас прв го изговори зборот љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не знаев што да мислам. Се шегува ли момчево или ја испитува мојата храброст во која ни сам не верував?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мене очиве ми капат од срам. Не знам кај да гледам. А и нему очите не му се за гледање. Му излегле ко пукала, надвор ќе му испаднат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ДИМИТРИЈА: Не знам, си го бараме со боринче. (Пауза.) АНДРЕЈА: Како си ти, Верче?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не беше лесно да се сочува непробоен израз, кога човек не знае како му изгледа лицето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Христина не знаеше дека доаѓаме. Не ѝ јавивме. Никому не јавивме за нашата посета. Отидовме, без малку, авантуристички.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Да не знам која нога ми е удрена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам. Не знам, како да ја решам дилемава.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И така слушам за него и пак не знам како догања, каква му е иконата, лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секој ден ни правеше пита. Таа се викаше Љубица, а имаше и едно девојче кое не знам како се викаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Трчам низ чекалницата затната со народ: не знаеш чии нозе од чија глава се.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во него ѕвони тревога, тој не знае удира ли по неговото чело како слепа птица крикот на болот или болниот е нем и бесчувствителен за неговата химна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И не знаеш кај да гледаш, што се вели, ти е страв да ти се сретнат очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Всушност пропуштив да му откријам дека повторувам слични зборови на оние што ги бев употребил во еден друг разговор со истиот мој професор Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Никогаш не знам што мисли и како ќе постапи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така ибн Тајко немаше смелост да му признае дека не знае ни да чита, ни да пишува. (Бела пауза) Марин Крусиќ дојде пак кога заладуваше и кога честите бури на езерото го задржуваа дома синот на Тајкота.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Никој не знае за мојата мака штом ветроштини ѝ го зеле млекото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
3. АМИ ЕДНА СТАВА ШТО ИМА, АЈ МИ СИ ОДИ - оди си, значи, во небрано лозје да те фатат, па штом полјак те улови средсело да те води да не знаеш ни роденденот на која ти е дата...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Друго чаре не знам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А можеби и пред смртта на Благовеста си бил таков само што не знаел...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се шушкаше по ќошињата дека Ване и Ганка се во љубов иако и мајка ѝ и очувот не сакаа да чујат за Гавранот туку бараа зет што има занает в раце и - дуќан! Зошто и дуќан, не знаев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- А бре, чендо - му се обрати Фимка на оној со валканите чевли. - Да не знаеш некој Ристо, некој Ташко, некоја Циљка?...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не знаеме ни што време е, ни уште колку имаме ние.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како по некое непишано правило, времето и злата судбина одвреме навреме ќе се сретнат на некое однапред бележано место.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знам како се негува двосмисленоста. Дали само со насмевка? Или со зачуденост?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Знае дека комунизмот и господ не одат заедно, но се куражи со помислата дека можеби и Христос бил комунист, не знаејќи за тоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шишман не знаеше што да одговори. Остана со устата призината од тоа што го чу.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во тој миг Рада ја жегна срцето. Можеби и ќе доживееме стотка, но ќе бидеме сами, а таму некаде, не знам каде, други ќе играат со нашите внуци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не знам зошто, ама оваа голема вода ја чувствувам како свој брат. Мојот голем брат. Или Голем Брат, сеедно.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
А пилињата, да не знаеш што да им кажеш. Ќе ти дојдат на пенџере: врапчиња, сојки, сколовранци и ќе ти удираат со клунчињата на џамот. Ќе ти наѕираат во собата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога дрвото покрај кое случајно минувате со задоволство ја претрпува болката од впишувањето на две имиња врз неговата кора со нож; кога истовремената појава на дожд од небото и солзи на вашето лице не може да се нарече случајност; кога светулка се дави во вирче, прета со наводенети крилца борејќи се за живот и притоа не заборава да ве награди со светлина; кога не знаете зошто одот одеднаш ви станува куц; кога не сте пијани, а од некои темни агли на едвај осветлената улица слушате тивко завивање и цивкање на куче; кога не знаете како сте станале дел од таква ноќ... сѐ што ви преостанува е да се гризете од бол и зачуденост.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се слушаа и експлозии. Во прво време не знаев што се случува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Па сепак, интернатскиот режим во студентскиот дом, окапувањето врз скриптите во семинарската библиотека, сојузната збирштина на сургунски сурати, безвкусниот штирак на мензашки порции, престолничките погледи на беспоговорните професори, свитканите плешки на провинциските безименковци, уситнувањето на младешките идеали со осминка здрвен бурек - сето тоа не беше лошо, барем за кратко, да се одмени ако не да се замени со познатото до здодевност лето во родниот град, со утринските прошетки по излитениот грагор на изодените патеки во паркот, со пладневното цапање по боси табани врз врелата песок на дивите плажи, со врвуличавото вртење по бескрајната лента на вечерното корзо, со срамежливите испраќања на новите симпатии по непознатите сокаци, со повремените кошкања на парталавата топка во маалската полјанка - и воопшто, по сите тие неизбришливи слики, што ги носиш како драг товар од детството а не знаеш што ќе остане од нив кога ќе стапнеш во животот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога видоа дека му е трештена главата, отидоа кај началникот и му рекоа: „Луд е, господине, не знае што зборува...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Е, што е де... сум прднала, ете што! Не знам, може и да ми се пуштило, жив човек си, а и мевот кренат до гуша ми е. Може да ми се украло, некако, јас не чув, ама Јон чул за да ме изеде срамот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас не знаев да го прекачам мостот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И не сме во право кога се лутиме на некој што е влечкав, што не си ја врши работата, кога да си признаеме, сите сме такви и сите не знаеме да го цениме времето.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се вратиме околу авионот и не знаеме со што да се зафатиме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Беше можеби и добро што не знаев за оваа тајна функција на шифрантот, што би можело да биде извор за нервози и фрустрации, помислував утешно!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Едно момче па, со мустаќи, уште од прагот праша: - Тетко Анке, да не знаеш каде е Шекер. - На бензинската, денес претпладнево е на смена.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како кога ѕвони телефонот, ти си дома, а не ја креваш слушалката.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И јас не знам кај да се фатам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, за време на животот ние не знаеме кој е тој конец вистински, оти има многу, оти преѓата е клопче, а ткаенината – клопче со ум распоредено.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури еднаш подоцна, ни самиот не знам како, ја чув и песната што во Брезница се пее за Луман арамијата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Кое добро, друже Ивазе? - Не знам дали е за добро или не е! Но вие морате во амбасадата?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
– Чудно – рече Сатурн. – Таа секогаш имаше цврст карактер, со многу самоконтрола.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неупатена во вакви изненадувања, не знам што да мислам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше извадил некакви крпи од долапот, ги истресе кај вратата а потоа ги однесе до главата на Таша, во нишата во која се наоѓаше отворениот прозорец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Исто така не знаевме за нив и ние.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сфативме дека никој ништо не знае за црквата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дали моето објаснување беше доволно, не знам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но, како еден вид компензација, не знаеме само дали поради грижа на совест на законодавецот, е воведена една друга слична одредба, којашто е порестриктивна vis-à-vis претходната, бидејќи се однесува не на сите видови одмор, туку само на годишниот. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се уште во длабочините на моето постоење кога копнеам по љубов, кога душата ми е разгалена доволно ранлива за да ме повредиш уште еднаш, кога осаменоста ме обзема, кога болка ми го пара срцево по изгубените спомени, кога тагувам за изгубеното време, а можевме да бидеме среќни заедно, само не знаевме како.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- А ти не се плашиш ли? - Па, не знам. Но сакам да видам како е горе. И да погледнам оттаму. Никој досега не погледнал...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога стигнавме горе, Мане нашол некои чевли па ги облеков, а на петите имаа некои потковици како на магаре, па само што ќе стапнев потковиците ќе го кренеа снегот под нозете и јас пак останував боса.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Си го брецаа умот луѓето не знаејќи што да заправат; да останат или да се отселат; ако се отселат, каде ќе одат, каде ќе закуќуваат куќа, од што ќе живеат; ако останат: ќе ги врват деновите во неизвесност, во страв...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Никогаш не знаеше дека оженетиот маж не е секогаш неприкосновен чувар на своето морално поле, на својата ведрина, на своето ментално и емотивно спокојство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ние сме некои барончиња, од лакеите, па и не знам зашто, не ми е грижа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На овие зборови, да ме прашаш зошто - не знам, кога рече поплавувам од бес, ја земам гитарата, па мавам, мавам! Ураган! Какво недоразбирање!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Охохо! брак, бе Толе ефенди, брак. Не знаев, жими вера оти си бил дома, проштавај.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Воопшто не знам како го правеа тоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам, може и да им се расплакав и тие си заминаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од храна од еден ’ржан леб и сол овие двоножни животни за друго не знаат, а за облека никој не мисли.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Никој не знаеше каде отиде пријателството, погледите, човечката убавина, добрината, Големата вода, сонот, желбите. Сентерлевиот рид, птиците, сонцето, какво е ова време без ветар, без дожд, што не зашумат светлите води на пролетта, какво е ова суво, јалово време, овој голем снег што ни ги затвори патиштата, оваа темница низ која миневме како сенки, непознати, оваа отровна прав во очите, каде отиде таа златна светлост од окото на Кејтеновиот син, каква е оваа лага што нѐ покорува, што нѐ разделува?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Беше ли насмевка или потсмев, не знам. Тоа ме столчи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Покрај сателитска, АДСЛ и таблет не знаевме точно што ќе ни е, ама вечерта снема струја од громовите изгоре модемот и блескаше од штекерите, па седејќи во темното се сетивме на транзисторот, и со радост го пуштивме.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Амбасадорот на некогашната голема во мала земја, а сега на мала во голема земја се соочуваше со реалноста. Не инсистирав на одговорот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Гледате, жртвите се спокојни. Не знаат што ги чека. Тивко ќе се доближиме и - цап! - амблемот го нема.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Не, не знам,“ реков. „Ова беше само коинциденција.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие ништо не знаеја и не можеа да знаат за пукнатината.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Само двајца или тројца знаат за нив, за куќата во која се сместуваат, за времето кога ќе си одат, ама освен нив никој друг не знае каде ќе одат... народецот знае само да ги нахрани, да ги стопли, топло да ги покрие кога спијат другарите од власта народна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Излетуваш надвор и не знаеш кај беше земјата, кај отиде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Онисифор Проказник ме прекина: „Молчи. Никој ништо не знае.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од кај си, што си, ништо да не знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Како ќе го криеме, братче Доксиме, велам, и кај ќе го криеме кога не знаевме каде е. Само се криело, велам, не чекало на нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пуста војна, си велиш, на едни им го зема животот, а други ги прави да не знаат дека се живи...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му реков дека навистина бев зад ридот, тој не можел да не го види тоа зашто секогаш очите му гледаа на сите страни, но дека не знам за кого ме прашува, дека не знам кој е тој зад ридот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И озгора ќе врзам трески, трње, за да не видат војниците. За да не знаат што носам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Везисти? “ праша не знаејќи дали и порано неговиот глас звучел така рамнодушно. „Не сме везисти?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Седам и не знам дали да го чекам Јона од меана или да си легнам. Снагата веќе не ме крепи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И зошто одненадеж, паф, се измазнува ко песја муцка ко опашката на Макс мачорот, душичка (врати ми го, те молам!); „Простете, не беше намерно“, вели езерото ми ги краде зборовите небаре расипало скапоцен предмет а јас, како ништо да не било скокам во него пливам, и нуркам, и го гушкам и повторно го сакам, свежо (макар што јас не знам што всушност значи да сакаш)!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се загнаа татко му и стрико му и го откинаа Муарема со многу извинувања „да не фаќа кусур на детето", бидејќи е лудо и аџамија, не знае што прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ибн Бајко постоја некое време, не знаејќи како да постапи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не знам како да се откинам, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А оние пак, суштества кои воопшто не знаат за половото општење, туку се размножуваат со делење на клетките се вечни, бесмртни; како: медузите, коралите, сунѓерите и други.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На прво место со еден кому партизанското име после му беше Ѓунијата, не знам како му беше вистинското име, кој после побегна в партизани, стана некој командант таму и по војната се најде меѓу големџиите, во Скопје.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја немаше ниту пред дуќанот ниту во него.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Лежам така, и чувствувам дека ќе се задушам, а не знам што ме задушува – дали туѓите врескања или моето молчење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но имаше еден момент - не знаеше колку долг, триесетина секунди можеби - од блескава извесност, кога секоја сугестија на О'Брајан исполнуваше еден дел од празнината и стануваше апсолутна вистина и кога два и два можеа да бидат три, исто толку лесно како и пет, ако беше потребно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Непрекинато бев болен, во секој случај со прилично кревко здравје, на работ на нервен слом. 4Сѐ до запишувањето на Ecole normale? 4Да.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пеце беше толку лут – не знаеше што да прави.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ајдучка трева, штркоцвеќе, див овес, не знам што беше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отидов, а не знаев дека со нив се договорила што да направат кога ќе се појавам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не знам што да пресудам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Дадо слушна? Некој од шумата те вика!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Шефот збунето ја гледаше мајка ми. Не знаеше како да продолжи со пописот, па рече: – Луѓе мои, па во ова семејство сѐ се измешало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не знаеш колку ми значиш. Ми ја обновуваш силата. Како слатко... би ти ја испил крвта.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ќе ми вели дека не знаел што направил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тетин ти Боге прикажуваше, не знам колку му држи тоа, оти нему многу работи не му држат, дека се случувало и долу, на фронтот на Црна, во времето на големата војна, трубите во исто време и кај двете војски да засвират починка па војниците од двата табора да го фрлат оружјето и облеката по грмушките и по рововите, едните од едната другите од другата страна на реката, и да се затрчаат кон водата, како во најголемите јуриши, кој прв ќе ја освои .
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во неа ми мина векот, - рече, а потоа се сврте кон Денко, во чии очи насети чудење и рој прашања, па му објасни: - Можеби не знаеш, немале време да ти кажат, ама зимоска си ја запалив колибата, јас старо аро, изветреано. Пламна, милата, како ќибритче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Иако тие ја знаеја и за секој случај ја имаа на ум поговорката Што ти носи часот не ти носи годината, но повеќето веруваа дека таа поговорка се однесува на тоа дека не знаеш кога ќе ти пцовиса волот или кога ќе падне град да го столчи и тоа малку што се родило.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сѐ се случуваше премногу брзо, нејзината младост и убавина го плашеа, беше премногу навикнат да живее без жени - не знаеше што е причината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Така, така. Убаво мислиш, ама не знам што велиш! – рече дедо ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сите бевме премрени од страв и не знаевме што да сториме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Е сега, зошто не научил баш сѐ, па може на раат да помине одличен, а не да се бори да поправи некоја оценка “во пет до дванаесет”, како што вели татко ми, не знам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам колку време мина кога сонцето блесна од зад облаците ги помести, ги разби маглиштата и талогот на еднообразноста дрворедот се озари доби лик, па одеднаш некои чудни форми почнаа да се об-јавуваат пред моите очи пред зумот, пред заумот. Ми се стори дека од некаде надоаѓа нешто боготворно светлината го овозможува совршенството но треба да го најдеш барај избегни ја судбината на просечниот ум, колатералната штета на непросветленоста.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сѐ што правеше Дукле за да ослаби, не помагаше; Кала како да се гордееше што беше толку дебела, што беше реткост, исклучок во селото; при исфрлувања на секое кило од себе, се плашеше да не тргне надолу, па да не знае што да ѝ направи на кожата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Доста просто занеме и не знаеше дали да ја кара невестата Тода или да ѝ заблагодари за пријатната новина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
АНДРЕЈА: Што има лошо што прашав како си? СИМОН: Знаеш ти. АНДРЕЈА: Не знам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Или уште поточно: Луташе, и самиот не знаеше што сака и што е најарно да стори.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не знаеш кај тече водата и кон кај тече. А може и да не тече.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
АРАНЃЕЛ: Ништо не знам. Да го суредиш! (На работниците). Еј, свршувајте работата и на спиење!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ученичките што го викаа „срцушко!“ и не му беа некоја мета.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Да не седи бадијала, да не знае што да прави. Ко Јона мој, во браздана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како, во тоа не повремено трускање ами постојано тресење, сме клумнале во сон без дно токму тогаш а не порано или подоцна, не знае ни Предо; кој ја искористил шансата да шмугне низ Битола како стаорец низ сирење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не знам дали Метаксас бил масон...“ „Ние знаеме. На која основа?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги извлекуваш стапалата од некои диви капини и папрати и не знаеш дали бегаш од некого или бркаш некого.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ајде почни. Број! - Не знам – рече Јоле. - Ќе научиш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се симнува да си купи сожалувања од улицата. Зашто нејзината утроба Не знае да расте.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Единствените докази се внатре во мојот ум и не знам со сигурност дали и некое друго човечко суштество го споделува тоа мое сеќавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не знаете дали ќе ве накалат на виљушка или ќе ве фрлат на кучињата. Хе- хе. Така е или не?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Такви беа нејзините заскитувања што неочекувано наидуваа, и јас бев речиси сигурен дека таа само посакуваше да ми наговести нешто во врска со размислите и расположението што во тој момент ќе ја преплавеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ни слон ни тигар не знаев да нацртам, или пак, можеби, и не сакав да га нацртам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Но, бидејќи не знае како, тој се напрчува и вели: - Вие в село немате високи куќи, нели?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Не знаеме ни како да го викаме“, рече госпоѓата Гологанова.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Каде го фатив? Кај Мими Бошковиќева. Не ја знаете? Па вие ништо не знаете.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Како досега да не знам, како досега да не ми кажеш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам ни што е ни како е.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие не знаеја веќе што да прават, господин и госпоѓа Мервин, се прашуваа од каде ми доаѓа таквото молчење, тврдоглавиот инает...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ми се принесува и што не знам и повеќе од што ми треба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знае ништо сигурно.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во ова поле треба да имат луѓе, чунки гледам како да има ливаѓе и нивје.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се сугерирало „југословенскиот офицер да не знае каде е спуштена втората група“, која требало да се спушти по враќањето на првиот авион.73 Меѓутоа, непосредно по спуштањето Моргановата мисија не успеала да ја изврши поставената задача.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Не знам како да го речам тоа, пајаците и понатаму премногу касаа, во првиот момент не бев ниту нечесен, едноставно ја следев а после можеби мислев дека ете веќе ќе прифатам, дека ќе ја пуштам да отиде во било која насока таму горе; среде скалите сфатив дека не, никако, подобро да се убијам ако го прекршам законот, кодексот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тогаш ние не знаевме ни дека организацијата е бугарска а камо ли фашистичка. Тоа нас не нѐ интересираше. Нам униформата ни беше важна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сакаме на каналот, па не знаеме откај се оди, - одговори бргу Беличот. – Чичо, да не знаеш да ли одовде е поблизу?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Знаеш како го убиле некого? Шише ракија во газот, по два часа ракијата ја нема, човекот мртов, никој не знае од што умрел. Чувај се. Бегај.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Да не беше мајка ми не знам што ќе правев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Требаше да го избере помалото, а не знаеше кое е тоа...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога ме боли заб, само мене ме боли заб. Никој не знае!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И тие не знаат кој ред да го фатат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што ќе правеше со него уште не знаеше баш најчисто, но нели беше спремен да направи муабет за тоа со ќајата, божем бара од него совет како од прв пријател.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го гледам сега Ивана мој, а не знам што гледам, нема што да видам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни улавите, според него, не биле толку улави да ја наместат главата под чекан на грев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За другото не знам, јас сум неписмен, неук.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
НАЦА: Не викај, не викај, попови ти викале над глава! Не знаеш дека чорбаџијата спие?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не знам како да објаснам, тоа е едно чудно чувство, како кога имаш саксија со цвеќе на прозорецот од надворешната страна, а прозорецот е затворен и ти цвеќето го гледаш преку стаклото.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам“, шепна. „Сакав само да знам.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Црни како катран, гранките блескаат под месечевата светлина додека сите канЏи на малите посуми гребат каде што ниту ги слушаш ниту ги гледаш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А Мишко и Бојко беа уште мали и уште не знаеја да го предвидуваат времето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не знам дали забележа дека во ниеден момент не ја наметна темата за брак и мајчинството.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Никој не знае како ми било тогаш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веројатно не знае ништо за случката и со нас постапува како и другпат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дали не знаеш дека никој оттаму не се вратил, си редам, ама тивко да не ме чуе, редам, и со жешки солзи го утопувам лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Незгодно е да не знаеш што ти се случило кога вакво нешто ќе ти се случи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Знаеш али не знаеш?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сега знам, но тогаш не знаев зошто толку нагло притисна на сопирачката и сврте во полукруг, чкрипејќи; ќе падневме двајцата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не знам и дали се живи, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А еве, пак така трчам, не знам дали ќе го познаам, години не сме се виделе, нозе ќе искршам по скали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На генералот, којзнае зошто, ваквото обраќање му се сторило фамилијарно. - Па што ви е, милостив господине, и натаму зборуваше отсечно, зар не го знаете редот? каде сте влегле? не знаете како се одвиваат работите?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неколцина што не знаеле дека Онисифор Мечкојад лежи на земја со пресечена жила на челото, веднаш ѝ се придружиле на гајдата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Момчакот се врати на миндерот, не знаејќи што да одговори.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Малку беа зачудени зашто, освен за Холанѓанецот, не знаеја за ниту еден мој друг дечко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сѐ гледаме занемени, замаени, уплашени. Не знаеме како да си помогнеме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знаеме да се чуваме. Такво е ова семејство.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не знам многу за тие политички разлики, но мислам дека Корнелиус изгледа сака политика во која нештата им се наметнуваат на луѓето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Беше поставен помеѓу налозите на окупаторските сили и сѐ поголемите потреби на населението.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Цели сурии потпишувале петиции за преименување на Црвениот плоштад Никој да не знае дека баш црвените не му го дале името на Црвениот плоштад
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Не знам на која страна да го свртам погледот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЈАКОВ: Ти си добар уметник? КРИСТИНА: Не знам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во нашата куќа беше сместен некаков штаб. Не знам каков.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Одам, а не знам кај одам: нозете ми одат наопаку, и сѐ ми изгледа наопаку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може беше од лековите, од треската, не знам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И после не знам што стана...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ништо, велам, веќе не знам ни да мислам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А за да биде сликата пострашна и зашто не знаев да цртам ветар (не бев видел некој да црта ветар), нацртав лав како нè брка и едно исплашено сонце.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ние не го трошиме своето здравје, својата способност за уживање, своите сили: ние се штедиме за нешто, а честопати ни самите не знаеме за што.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
— Море какво ти давање, побратиме, зар не знајш. Ошче и борчлиа го вадат секој умрен, та ѓоамите борчот му го прошчаваат и со тоа децата се тешат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се вртеа тој и жена му околу неа и не знаеја што да ѝ прават; ѝ бараа стршлен во кожата, не ѝ најдоа; ѝ бараа трн во нозете, рана некоја, но не ѝ најдоа; ѝ даваа вода, да пие, ѝ даваа да јаде, но таа само рикаше; ја измолзија за да ѝ го олеснат млекото во вимето, но таа и понатаму рикаше; ја одврзаа од јаслите, ја извадија од кералот, ја пуштија да шета низ дворот, низ бавчите, но таа никако да се смири: рикаше ли рикаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не знам кој сè ќе ме оценува, ама до петката ќе пишува „екселент“ со кирилично писмо, без превод.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не можеше ништо да каже, зашто ниедна кукла не знае да зборува преку ден.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не знам како не ме засркна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Колку е тој поразличен од сите што ги знам, колку е сѐ полесно и поедноставно со него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И тогаш човек збудалува, не знае кај оди, во кого ќе удри.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам дали ме чу Секуле Дамјаноеки, не знам дали зауши што му велам, ама сигурно виде кога си отиде дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се прашуваше, длабоко во ноќта, дали е дојдено тоа време? За златникот, за кој Татко не знаеше. И подобро.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Да бега. Каде? Тој не знаеше за друго скривалиште освен за својата гостилница и својата куќа.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ништо не знам што ми зборува Хубер.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Играш ли фудбал? - Играм, признав; не знаев што е поарно да одговорам: да или не.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Легна на својата рогозина широка чемри педи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- И каков си ... Ти ништо не знаеш.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Можеби е подобро да си излезат веднаш и да останат со надежта дека двата цртежа се поставени на онаа парче од ѕидот што тие не знам зошто не го погледаа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пред тоа испив голтка вино од жудливо грозје што го раѓа од песок Македониичкава, ме натера домаќинот да го сторам тоа, го опијанив срцето и појдов во длабочините на животот да ги поздравам оние што не се веќе мртви и да им раскажам како почна највозбудливиот ден на овој свет: ја видов 'рженокоса, пораснав, треската што ме мачеше изгоре од огнот на крвта премногу зовриена за да не знае што се случува во шеснаесеттата година.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Винстон го знаеше човекот од видување, иако не знаеше ништо повеќе за него освен дека се наоѓа на некоја значајна функција во Одделот за проза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаа нова куќа, но прозорците, вратите и ѕидовите беа испокршени и целите оштетени. Тука останавме неколку дена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Не знам колку сте во состојба да ги следите моите тешкотии – реагирав збунето. – Во секој случај игноранцијата не води кон взаемна доверба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Но што е тоа, што е тоа? Како можам да го сторам, ако не знам што е тоа?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не знам колку траеше ова.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Двете погалени Двете запалени И не знаеш: Дали жената Водата ја пали Или водата Жената ја гаси. Двете разголени Двете изгорени.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Излезе првата ѕвезда. Ми намигна пријателски.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не знам колку време така сум спиел, ама кога се разбудив, гледам дека уште понегледам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се заниша и дури кога ја олабави левата рака забележа дека дотогаш, ни сам не знаејќи, го носел детското чеволче.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А некои и смениле страна, им се придружиле.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од тоа чувство не знам дали се потам или се сушам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Дали и твојата плаче, не знам, но сал едно знам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас и не знам што истекува и дали истекува нешто оттаму оти го голтам тоа што не сакам да го видам. Како да голтам шлајм.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас работев во фабриката Ренитрон, во близина на Нији. Бев добар машински техничар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не ја украдов, ами клас по клас, зрно по зрно ја собрав за...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Само малку потоа можеле да видат дека има зелени, скоро девојчински очи, бледо чело и ретка, свилеста, некако еврејска брада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Марије млада невеста промискуитетна и нечесна сеуште мажи шармираше а висок морал пропагираше Везден нокти лакираше со свекрва очи си вадеше до ова да дојде немаше да мислеше дур се ебаваше Сексот и градот го гледаше и ретко алишта пеглаше во бракот што влезе се каеше ни јајца да спржи не знаеше
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
- Молчи синко, не зборувај така... Бог нема лик... Никој не знае како изгледа...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Зар не знаеш дека Енвер Хоџа братски не прими, а ти му го крадеш стрништето, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Киснете по меани, а не знаете да пиете.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А еве, се искачив, пораснав, ама тој не знае колку пораснав.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дедо Димо не знаеше што во моментот да рече, но набргу се прибра, па свртувајќи се наоколу и преместувајќи го погледот од еден до друг, како да ги брои, рече: - Вечерата ќе биде кај мене.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И затоа никој не знае како стана и што стана ама Сврделот, бидејќи изгледа власта го дошика што работа работи, мораше да побегне и да оди со партизаните, заедно со тој Ѓунијата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не знае како да ме истера од дома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа Чанга многу го загрижуваше. Да, кротката Белка на Сеген не знаеше за страв.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На сите убавини што ни ги даде господ, како сами не знаевме да побараме...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не знам“, ѝ рече. „Не знам што ми стана“. Сега мислеше на нешто друго.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Во потопот и вашите болви ќе се издават, претскажувал старецот со вражалски ќесички под очите, едното поголемо од другото како што е поголем потпланински бадем од семка на слива; навистина оние четворица со клокотави грла за малку не умреле од незапирливо смеење, се тркалале по млада трева слични на пеливани што се борат со своите сенки, наеднаш половина дружина да попаѓа од стомачен кикот кога оној Филип Макариев го прашал со детска наивност вториот Нојо што ќе се случи ако нивните болви се удават со него а сите други ако останат во големо корито со неговите болвички, црни и скокливи внучиња со Симон-Наконтикова крв на невидливите цицалки - Ќе се давите и ќе подавате раце да ми се фатите за учкуров, ама - на! завлекол рака в појас Симон Наконтик; капнувале од невидено смеење не знаејќи ги бара ли тој болвите под гаќи да ги стисне в рака и да ги спаси од поројните води што ќе ги покријат и Содома и Гомора на вилаетот или заканувачки сака да им го покаже учкурот за кој со задоцнето јунаштво на машкоста им раскажува нови библиски поглавија; од утробата му 'ртел плач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На една карпа, Бехистун што се викаше на јазикот тамошен, висока над илјада лакти, стоеше, со големи букви врежани во карпата, некаков запис што никој не знаеше да го прочита.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не знам колку ги дослушнувам зборовите на сочувство?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој и самиот не знае каде припаѓа според квалитетот на своите творби, дали да прифати да биде на список на некој ад хок приватен галерист кој работи на ситно и на црно (приватните галеристи во Македонија нужно се детерминирани во својата работа од нерегулираниот даночен систем, поточно на сѐ уште нерегулираните даночни олеснувања за вложување во откуп на уметнички дела) или да очекува некое општествено признание и државен откуп.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Бездруго не бил Евреин, и тие не знаеле дали е Турчин или потурченик, бег или одметник од Турците; дури и ако сакал нешто да им каже, не можеле да го чујат - ревеле, тој само безгласно ја отворал устата кога се фрлиле на него и, веќе соборен, без замав со јатаганот и подалеку од белецот, почувствувал удари со ножови, со секири и со колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Облите колкови твои се како веришки, дело од рацете на вешт уметник, папокот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја – купа пченица, опкружена со кринови; двете твои гради – како две јаренца, близначиња на срна; вратот твој – како столб од слонова коска; очите твои – Есевонски езерца кај Ватравимските порти; носот твој – Ливанска кула, свртена кон Дамаск; главата твоја на тебе – како Кармил; а косата на главата твоја како пурпур; цар се вплел во плетенките; Оти ти рекла: положи ме како печат на срцето свое, како печат на мишката своја, зашто љубовта е силна како смрт; Оти: си ја зел за рака и таа те повела во вселената своја, во лозјето, во градините, меѓу кринови, меѓу двата нејзини колка, две веришки, две кули камени, во својата утроба, во купа пченица, па си ја познал буквата-девојка, и си го настанил семето свое во утробата нејзина ѓаволот што ја отворил за тебе, како порта што води во темен стан, во најтемна ноќ со јасни ѕвезди; Оти: си се разбудил одеднаш, пред полноќ, во прегратка на блудница жена, и си залелекал, си спискал, оти си видел дека буквата-девојка си стои негибната во клопчето од записот, невина сосем, недопрена од раката твоја страсна, и си сочинил, бргу-бргу препис на преписот; Оти: навистина си сочинил препис на преписот, со буквата девојка среде клопчето, и си ја нацртал уште поубава, и си отишол во западната одаја, и си сакал да ја оживееш, како Господ да си, оти само тој оживува и умртвува, подига и унижува; но ништо од тоа, оти буквата девојка, и сите други букви од умножението на преписот се сториле бројки, кога си го пречекорил прагот на одајата западна; Оти: си ме оставил мене, твое семе во таа утроба, и кога ме родила утробата на мајка ми, ти веќе не си бил жив, но братот мој, Лествичникот, знаел што бара новороденчето пред вратата на одајата на блудот и не ми кажал; Оти: се плашел од мене, оти од средето на писмото сум зачнат, од буква-девојка, оти сум Сказник и сказанија измислувам, и Мозаичник сум, оти скршеното го составувам; и се исплашил Лествичникот да не му го одземам првенството, па го сокрил родословието мое, да не знам кој сум и дека предодреден сум, како Сказник и Мозаичник светот на грб да го носам, на крстот мој!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Не знам, - рече Пеце сакајќи да го избегне одговорот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Имам“, рече тој со наведната глава, небаре таа сега ќе го плесне. А не знаеше што значи тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој не знае дека притоа му помага нејзината страст.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ама уште не знам што ми е, не верувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислиш не знам зошто тие го пречекоруваат твојот праг.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Не сум венеролог.“ Очигледно Иван одговараше со стрпливост не знаејќи ни самиот како да го почне разговорот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не знам и јас како да речам? Но, безразлично 61.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас, која не знае да им понуди грижа, заштита и разбирање.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Мајка ми забележа дека сум натажена: - Знаеш кога ќе го ставам? Во специјални пригоди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Едниот како да беше заведен од другиот да одат докрај во неизвесната мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И не знаеш што е тоа месечар. Не знаеш што е тоа лов на вештерки, не те мамат зраците на небото кон бели бездни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сите тие години не знаев ништо за него, а тоа попладне ми ја кажа причината зошто се вратил.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ти кажувам еднаш не треба не знам колку пати да ти се повторува овие три топлинки покрај тебе се како пламенче од кандилче најмал повеј на ветре или студена рака што врз нив ќе се подаде може да ги угасне ама ти пули и прави грижи се варди ги заштитувај ги со што ќе стигниш закрилувај ги со сопствената топлина со својата љубов оти нели се тие деца на нашиот син па затоа два пати думај пред да ставиш залак в уста дали не треба во нивните да се подаде за да се прескокне зимата за да се прескокнат годините за да останеме јас и ти во нив!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не знаеш со што те гледа повеќе: со очите или со капата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Инаку, бидејќи сите вери содржат заповеди што се корисни за општеството, вреди ревносно да се проучат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ама, не знаеш што е тоа, ако не си мајка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ридот ништо не родил“, повторува тврдоглаво таа, „туку сѐ што дојде и сѐ што не успеа да се врати од тој рид беше дело на оние будалине што тргнаа да го освојуваат иако не знаеја што токму ќе треба да освојат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ах, вие сигурно не знаете! Треба да се побегне од тоа место, далеку, далеку; да останеш на пат, да паднеш на патот, сонцето да те изгори, но да не се вратиш.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А лицето без очи не го познаваш, не знаеш што ти мисли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега не знам кај ја загубив жената, кај ги загубив другарите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И зашто никој од нив не знаеше да посочи кај можел свети Јован Крстител да го одведе Бошета - Сигурно не на небо, зашто, што бара таму жив човек? - сите тие, кревајќи ја раката, велеа Натаму, од кај што нѐ угрева сонце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Иако не знам кога и каде сум роден, сепак не сум никаков Петко....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не знам што да ти кажам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Се разбира, не очекував за зет некој гроф, или нешто слично.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Арсо паѓа во некаков опасен транс, лудило што не знае за мера и граница. Тој сѐ повеќе се дразни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не знаеше што точно се случува во внатрешноста на Министерството на љубовта, но можеше да претпостави: мачења, дроги, чувствителни апарати што ги регистрираат нервозните реакции, постепено истоштување со неспиење, со осаменост и со упорно сослушување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не знам дали само кај нас беше така или секаде во светот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам колку е целисходно и понатаму да го влечкаме низ нашите канцеларии овој навистина непостоечки случај.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не знаев каде да се упатам. Ја извадив левата рака од џебот, ја пуштив да ми ги следи нозете, па ја кренев да си ја наместам фризурата, па повторно им ја препуштив на нозете.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
(Ова го тврдев иако тогаш сѐ уште ја немав сретнато Пеперутката, па кога беше во прашање љубовта навистина можев сешто да верувам а ништо да не знам).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мора да сум подетинет. Обично човек не знае кога подетинел.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А кога не знаеш што правиш, не знаеш и што зборуваш. Кој пат сега да го одбирам?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам, вели, можеби и тие биле во сонот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знаеш или не знаеш?... Зошто потопи сѐ?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
МАРТА: О, Боже! Толку ли ништо не знаеш? Чикаго ти е филм од триесеттите, со онаа малана мис Алис Феј. Толку ли ништо не знаеш?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
8. Шуми под твоите нозе мртвото лисје од лани не го слушаш се веат над твоето лице надвесените гранки не слушаш од твоите очи занесени ѕвездите светлина пијат и паѓа златниот прав по разбушавените коси ти знаеш те вика само ноќта браната песна што ечи и што ја слушаш сал неа некому да ја речеш и итаат колку ли итаат твоите очи озарени што не го знаат мракот ни тој ги знае нив Очите полни со ѕвезди ја носат пред себе светлината на преболениот стих Побрзај побрзај брзај оваа ноќ е твоја ноќ и песната е новородено дете што не знае да молчи
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Јанка рече: - Тоа можеби не знае ни да зборува?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
МЛАДИЧОТ: Не знам. Оттогаш има поминато многу време.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
– Веќе не знам колку време сум овде, колку месеци или години, но секој ден е полош од претходниот – рече и воздивна од длабочината на душата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но што да реши не знаеше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дедо Алексо го затекоа сам. Не ги очекуваше посетителите, уште помалку момчето од градот, па отпрвин се збуни, не знаеше што и како да зборува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ни тоа не знам што беше ниту пак можам да се сетам на она другото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
— Жења, велам, не знам како да почнам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знам дека таму сигурно одново ме тепаат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За Танаско и Пена и за нивните неколку деца никој како да не знаеше, а што е најчудно не само што не препознаа никого од оние што им отвораа врати, туку им се причини дека не се наоѓаат меѓу свое племе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Стапалата ѝ се подвиткуваа пред и зад шипката на којашто стоеше, а рацете ги држеше испружени од страните за рамнотежа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бојан не знаеше што да прави со рацете. Му трепереа. И забите му чукаа. Како да е сред зима.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како го прави тоа – никој не знае. Неговите скокови се вистинско чудо.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
1. Макар што му одеа сите предмети освен математика и ја заврши матурата со одличен успех вклучително со примерно поведение, Миха не знаеше што ќе студира - се шлаеше по сокаци, на плажа, на корзо, скокајќи од една можност на друга, како бос по врели камења.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не знам дали сум погодена, што се вели, да умрам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По ослободувањето на Битола, на една игранка во Офицерскиот дом, сите да ме канат, а јас да не знам да одбијам, да запрам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам од кои причини, ама веројатно постоеле, на Трајчеица ѝ се присторило дека Рајна премногу се загледува во нејзиниот генерал.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знам по колку време дури сега лично се гледам, а се немам погрда видено.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ распоредија кај селскиот одборник, а јадење немавме и легнавме гладни, а не знаевме ни колку ќе се задржиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не знам веќе што постои... Страв ми е... Ми се повраќа...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Гледам човекот е пренесен, вели Мисајле, не знае каде е, не знае што зборува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам, не можам да кажам за сигурно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Им понудил да работат кај него како добро платени проститутки; тие одбиле; тој се заканил дека ќе ги убие, и две ноќи ги држел заклучени во неговата куќа; дошла полиција и ги ослободила, но пукнал срамот, нивните имиња и фотографии се нашле во весниците и тие веќе не се вратиле во родниот град; дури, и ден-денес не знаат дали мајка им е уште жива.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Да знам кој се, велам, со секира би ги бричел. Ама не знам, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Е, да би да ја сочува магијата за себе, за мене...  Таа знаеше што јас не знаев.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Навистина, си изгледам буденброковски во сивото, сомотско куќно палто на татко ми, готов да го отпочнам разоткривањето на возбудливите моменти од семејната хроника, поткрепени со пожолтените фотографии, преполнети полици на библиотеката, заладеното вино во посребрените чаши: Убиството на прадедото Хаџи-Васков, прикажано во вечерашнава верзија со посебен нагласок на величествениот предсмртен гест кон атентаторот, - „Нека ти е простум, синко, ни самиот не знаеш што правиш“, ја тера Ева III, да ме стисне за рацете, а штом минувам на единствената љубовна приказна за Ѓорѓи, непокорниот син на Прокопија и српската учителка, мојата ноќна посетителка, сѐ уште цврсто држејќи ме за рацете, клекнува пред фотелјата и оддолу, ги впива секој збор во ширум отворените очи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
— Зошто дојде? — Јас не знам дека дошла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Каде е тоа? - праша Трајко. - Абре, во Вардарско е, зарем толку не знаеш? - дофрли Аргир.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не знам дали само мене ми се појави?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Осеќаш дека слободата е некаде блиску до тебе и не знаеш што да направиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите се исплашија од вошките. Тие проклети, се чини, никого не почитаа, не знаеја за редот во домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А мене ми е жал да гризнам, не знам како се јаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Станувам. Ајде сега назад. Пак трчам, и пак не знам кон каде. Така ме завиделува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Ве молиме, ние сме жени, велиме, божем не знаеме дека се од безбедноста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А јас дотогаш не знаев колку многу сум го сакала Даниел и колку сум му потребна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Само што фрли поглед кон мене допрев до твојата мувлосана душа и можеби изгледа немилосрдно во неа сакав да направам масакр Велиш дека сум недостоен за тебе конечно за нешто да бидеш во право влегов во твојата самобендисана душа и сакав безмилосно да направам масакр Се плашиш од смртта ко ѓавол од темјан но не знаеш дека си одамна мртов го чуствував твојот трулеж одвнатре и повторно сакав да направам масакр
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Најпосле го пробија, откорнаа еден камен-два, а потоа полесно почнаа да ја прошируваат дупката и да навлегуваат внатре; кога го пресекоа ѕидот на онаа висина на која удираа, тој се урна, а со него и оној дел од покривот што лежеше на него, откинувајќи се исто онака како што Бандо го виде во сонот; и сега, гледајќи го повторно тоа паѓање, не знаеше дали е ова на јаве или повторно сонува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тешко на тој што не знае што е сиромаштија, вели дедо, оти никогаш не ќе дознае колку е слатко јадењето кога си изгладнет.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, пак не знам како да кажам, умот ко вода ми се растура.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никогаш Демијан не сретнал Ром во животот, ништо не знае за нивниот танц и нивната музика, ништо не знае за балканските ритми, никогаш не бил во Европа ниту пак знае мојата земја на карта да ја покаже...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Во луто време, вели Јон, никој не знае кај бил и никој не стасува кај што тргнал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега рече заумено. - Не знам какво кутивче, ама да побарам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ако не ме повлечеше Марина, не знам што ќе им речев на другарките, не знам што ќе им одговорев, но чувствував дека имам потреба да ја заштитам Вера, мислев дека беше неправилно обвинета.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ама ибн Пајко, иако не знаеше зошто го беа повикале него, го отвори својот тефтер и реши да го искористи присуството на големците.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И јас, иако сум странец, држам до себе. И не знам кој сум.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не знам, велам, раката сама ми избега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никој не знаеше што се случило.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Немаше ветер, ама она малку што имаше од возењето на чунот, ми носеше некој мирис од нејзината пудра или од не знам што, што си клаваше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
ПОЦКО: (Цацка со јазикот.) Цт, цт, цт,! Бре, бре, бре! Не знаев дека си таков абдал, ако си ми син.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ајде, бегам јас, кажи му на мама дека не знам кога ќе се приберам дома.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Добро, ама не знам шо му би и почна грцкио аскер да се врнва и така дојдоа италијанцки скерлии, а по ними и германцки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ми беше малку срам, незгодно, зошто не знаев какви луѓе се и за што треба да правам муабет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И самиот не знам како ме маѓепсаа. Ме заведоа по нивниот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не знам, како да пропаѓаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се освестив, не знам кога се освестив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чадливата сина боја има некоја несовладлива привлечност. Па сепак не знам на што сум.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Гледајќи ја Мајка како го зема во прегратка и другото мало дете, тој тивко изусти: Јас не знаев дека ти го имаш вистинскиот клуч!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камерата го регистрира и точното време на задржување на одредени места.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш не знаев дека поезијата е за една глава над астрономијата - не ги испитува ѕвездите туку лесно, на волшебен начин, ги симнува на земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Митре служи во српската војска на Соколот, на доглед на својата куќа, на своето село, а ништо не знае за своите, а уште помалку дека брат му Петре стои против него, на дваесетина триесет метри во бугарските окопи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се сеќавам, беше април. Не знам колку деца точно бевме од нашето село.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Болничарите не знаат од кај да им дадат јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но не знаеше кога тоа ќе се случи, кој османскотурски збор ќе биде причина за тоа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе знаат сега, ако не знаеле и порано, дека ја крши спогодбата што ја постигна со нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не земај, господе, само од мене, земи и од друго место, си ја валкам устата. Веќе не знам што зборувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не сакав да живеам во него уште еднаш и (не знаејќи дека мојот старец ќе живее во мене повторно, сеедно кога и каде) не ти реков ни збогум.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мајка го погледна зачудено. Сепак, го зеде пликот. Не знаеше што да каже.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но еве таа ја врти главата и го пренесува својот поглед и својата усмевка на мене, ме опфаќа сиот да не знам просто што да правам дури се слизга тој поглед по мојата скромна појава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не знам колку дни што боледувал дури му оздравела ногата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
дали тогаш се сети дека жената и детето му останаа во Албанија, не знам што се скрши толку за да стои само заделен, ко забошотен човек, го гледаме ние Радевски, а Апостол Макаровски ни покажува две кабини со врати на заклучување, одете вие во кабините, ни вели и едната ни ја дава мене и на Горачинов, а другата на Оливера Поточка и Манол Форевски, вие сте сепак брачни другари, вели,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие не знаеја од кое побргу да земаат: вадеа и од кревкото месо, и од кожичките што им крцкаа в уста.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ама добро, побогу брате, до кога јас ќе се произнесувам по прашањето на тоа питање? Па, јас за таа работа не знаев до 1955!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
БОРИС: Сѐ? (Пауза) Да се задави човек? (Пауза) Ништо ти не знаеш. Ништо не смее да се проба.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
ТЕОДОС: Тји, тји, господе, што е ова што налепив! (Уште се брише со шамивчето.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да не знам кај да избегам и како да му се опулам на Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дента кога се посомнева дека забременила, се исплаши. Не знаеше што да прави и каде да оди.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не знаеш дали ти е криво или ти е мило.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не знаеш за мене?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се довлечкал некаде од Александрија. Што бил таму и што работел никој не знае.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се викале поради недоразбирање Бугари, тоа уште не значи оти и јас треба да сум како нив во мрак за мојата народност; ако се викале тие Бугари, тоа не значи оти ние ќе треба да престанеме да им веруваме на Русите за атер на разни Стамболовци и Свирчовци, наместо заедно со нашата пролеана крв ние да си го бараме правото од каде што треба, да допуштиме да ни се бркаат во работите луѓе што и самите не знаат што бараат; ако се викале моите дедовци Бугари, уште не значи дека јас имам право да ги експлоатирам македонските интереси со издавање весници, кои наместо да ги бранат интересите на нашиот народ – ги бранат бугарските и интересите на бугарскиот кнез.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тенковите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што и е нужно време на капка алдехид да се испари, на тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритамот на животот според Неговите формули - класно изедначување на расите и ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Човек не знае кој стои во излогот, а кој пред него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оној нејзин паун, иако не знае што сторила, уште толку ќе ја рашири опашката.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
АРСО: Е, ама ако човек е левак...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Најпосле сфатија дека ништо не знаеме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да ти ја пропржам урдата. - Не знам. Не чекај ме. Ќе каснам што ќе најдам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
СОЊА: Ги украде. Не знаеш што преживував овие пет години.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Но Грдан не знаеше ни да игра ни да свири - во играњето никогаш не го погодуваше вистинскиот чекор, па само го газеше својот партнер; а во свирењето не го бидуваше за тапанар, иако тапанот лежеше пред него и требаше само да го допреш со некое од двете стапчиња па да издаде громок звук, ама навреме.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не знае во кој џеб, во која пазува да ги скрие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Војничето ја погледна замислено. Беше јасно дека таа му бега од сценариото. Не знаеше како да се однесува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не знам дали беше оган Доне Совичанов... можеби искра која се претвори во ова големо дете!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не знам колку долго седев така и ја чувствував Дена како трепери стуткана до мене, кога одеднаш таа ме протресе и ми ги тргна рацете од ушите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А луѓето? – прашувам. Мрдаат со рамена и сфаќам дека не знаат или не сакаат да кажат?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Не знам кој би можел да ти помогне? – реков. – Разборитоста не ми е подобрата страна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше готов да наздрави. Јас не знаев за што. Иронично го погледнав.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А може и да не знаел, ќе си речам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знаете вие колку Зоки Поки сака да патува!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Никој не знае да заврши реченица, а мислите серете алтани додека зборувате.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И ние одоколу вртиме. Кажуваме, ама се плеткаме, тревлиме. Не знаеме како да кажеме. Е, вака, така, некако нѐ разбра жената.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така: едниот - платица, другиот - плужица, платица, плужица, шарена марена, татко си делка, а Давиде клечи пред него, се чуди и не знаеше дали не знае или само се инаети.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Собата му е послана и не знаеш на што мириса: на смоквите, на дуњата или на грозјето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој и не знаеше што да прави со радоста, кога ќе му наидеше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да ме убиеш не знам кај ми паѓа сонцето, што се вели, од која страна ми доаѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што ја натера после да си го одземе животот, не знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не знам, вели војводата и ги крева рамената до ушите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ниту еднаш не ми се јави; ниту пак јас му се јавив, оти и не знаев каде се наоѓа со циркусот, оти и не сум можела, оти циркусот е подвижен центар на светот, како што рече и самиот, оној ден, кога дојде повторно назад.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Впрочем не сум човек што не сонува па да не знам да направам разлика помеѓу сонуваното и она што обично се случува во присуство на денската светлина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И, се разбира, иста беше бројката, за која не знаевме што означува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Хулио Кортасар  ДАЛЕЧНА Дневникот на Клара Аицети 12 јануари
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога почна да не ми се живее Сфатив дека сѐ уште не сум се родила Кога ми се смачи од зборување Сфатив дека не знам ни да гугам Кога ми здодеаја луѓето и гужвите Сфатив дека всушност сум длабоко осамена Кога решив да променам сѐ Веќе беше доцна! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Но, јастребот не го оставаше, се вртеше во круг околу него, крескајќи толку силно, што Еразмо пребледе, ја фрли вреќата и почна да бега – ни самиот не знаеше каде.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А не знам што му стана: пак ми бара ракија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Јас бев борец на Грчката демократска армија, велам, зар не знаете дека знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„А, за пушењето?“, како мало дете го прашувам, божем не знам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ние веќе не знаеме буквално ништо за Револуцијата и за годините пред Револуцијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Не знам, му велам, дојди си, прочитај го.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Петре донесе и вода, и по заповед на Кулета, отиде да го удри клепалото, оти дури не удри клепалото, селаните не знаат дали е дојден попот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Разболена си нешто, а да не знаеш... - Од него... - велеше таа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Е кај се де, велам, не знам како да му кажам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ко животно од некое крајче на дупката своја. ,Само природата не знае за лага, велеше дедо, нејзината вистина е постојана".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Така де! - Така, ама како така? - Не знаеме баш како ...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Не знам кај скршило глава, велам, уште од вчера го нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Е така е кога не знаеш за кого се бориш, му велам, - А ти знаеш, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
(Пауза. Пие.) Ти не знаеш зошто јас лежев во затвор. На сите различно им кажувам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Говореше доста неповрзано, господин судија, и јас навистина не знам на што се должеше тоа; изгледаше необично возбуден; не, не беше пијан, во тоа сум убедена; беше само возбуден; кога му реков дека е возбуден, тој рече: „Да, се разбира; знаеш ли што значи по толку години да се најдеш под вистинско небо?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ќе стасаш, - ми вели и како божем ми кажува што сака, ама јас не знам ни што ми кажува а камоли што сака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сега дури не знам што да правам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Умреница Стојам и чекам стрпливо, ги слушам другите кои, откако ќе дојдат на ред, стануваат свесни дека комплетно неподготвени дошле во Матична служба да бараат уверение, а не знаат, на пример, ни моминско презиме на покојната.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Бргу, чорбаџиката те вика. Иј, полека, шлека!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Што гледаме ние во најновата бугарска историја? Бугарија добива политичка слобода, најважното нешто во народниот живот, уште тогаш кога кај нив немаше народни идеали, кога и самите не знаеја што сакаат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ти си отишол во визбата да донесеш дрва и, не знаејќи, си го фатил човекот како краде.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ама не знам да играм. Има да се научиш, или има да те нема. Седи до Живоина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Летаат ли Оџа магарињата?“ „Не знам. Не сум слушнал. Само имам видено како паѓаат од облаците самари!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако пишувам за тоа каков ми беше животот во домот ќе напишам не една тетратка, ами не знам ни јас колку...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
кога се враќав од јапонија каде другаде ако не кај станицата синџуку во токио налетав на гејши со црвени чевличиња и црвени чадорчиња видов и збунети германци кои знаеја што им бараа на гејшите ама не знаеја тоа да им го објаснат на јапонски а и гејшите чешит гејши неоти не знаеја што им бараат ама си беа задале пауза за дискретно мајтапење со збунетите германци и нивната излишна цалензи бите наперченост во улицата паралелна на улицата на црвените фенери
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
— Никој не знае кога ќе згреши, му велам, и никој не знае каде...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Станав и не знаев каде да одам. „Мир со тебе, Иларионе!“, рече Филозофот. „Успокој се, оти уште има“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Срцето мое не знае што е светлина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие луѓе не знаеле дека на земјава постои еден цар – падишахот наш – и ниеден од нив, не само што уште не јал ниеден наш грбач, ами до ден денеска не им платил ни аспра на царот и на царштината.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ЉУБА: Не знам... Јас го набљудував твоето лице, додека мама ја читаше онаа своја приказна, и мене ми се чинеше, сфаќам за што ти мислиш и колку се чувствуваш самотен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Па што да правиме? - Ни Србин не знаеше што да прават.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Зошто да лаже кога навистина не знаел ништо?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
и само коси, цело поле трешти, небото се тресе, мислиш на тебе ќе падне и се слуша само едно долго виење, еееее, јачи и плаче, ко мало детуле, и војниците како што одат и како што гинат само ау, ау, ау, викаат и едни паѓаат, а други се меткаат наваму и натаму, не знаат кај одат, чакалот им влегол в очи и ослепени се и од двата полка само осумдесет души не загинаа, и тогаш собув еден мртов Англичанец, ама старшијата ми ги виде чевлите на нозе и оди кај оди ќе ми се испули во чевлите, ништо нема загубено, а бара, и, кај ги најде, бре, ботушите што ми ги купи башта ми, вели, зар татко ти е Англичанец, му велам, и тој одвај дочека да го налутам, нема арамии кога сите крадат и почна да ме тепа, преку нос, преку очи, и мсне светкавици ми играат и после многу ми се стемна и го гледам како 125
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јас сум неарен, велам, ништо не знам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го оставив светнатиот нож, позедов друг од кутијата, па минував по неговото сечило со крпчето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше видено како пушачите го прават тоа; но не знаеше зошто го правеа, можеби тоа беше само гест, еден од маниризмите, што беше структура на ритуалот на пушењето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со прстите се посилно ги стега усните и, гледајќи го така натажен и смален, не знаеш дали сака да спречи збор, плач или крик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не знаеш кај ќе фати, што ќе забере, вели. - Кој рече дека идат луѓе, вели Доксим Тренчески, кај видовте луѓе?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знаат да се однесуваат со дама.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Влегов со двата зембила. Сакав нешто да ѝ кажам на баба ви, да ѝ одговорам, зошто дојдов, ама и самата не знаев што ме изведе од нашата куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не знам што да правам со тоа што сум жив.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ништо! Главава ми е полна со помии. Не знам да кажам еден мој збор.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Болката во непцето од кое му биле истерани забите со удар на беговски кундак го раздразнувала и се враќала при најмал допир, и тој ја пуштил, се обидел да ја тргне главата од нејзиното рамо и веќе не знаел ја прегрнува ли или ја бута од себе; нејзините раце, како таа да барала заштита во паѓањето, останале склопени во топла алка околу неговиот врат додека топлината на женското движење му го заплиснувала издолженото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Имаш право – реков, а си помислив – Охрид е полн со млади, со живост, со кафулиња, со забава, плажи, дискотеки, а Маврово... – и ми се стегна малку срцето, но во истиот миг го слушнав неговиот глас, кој некако, не знам како, почнав сѐ почесто да го наслушнувам: - Не биди како оние што секогаш мислат дека е подобро на некое друго место, на секое друго на кое што не се тие.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го барав и во болница, да не го удрила некоја кола па да паднал во кома и да не знае кој е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
знаеше дека пламените јазици нема да му лизнат во гордоста ниту во гумираното платно на параглајдерот, ама не знаеше дека мигум може да му се стутка платното и да се урниса како приказната за прометеј (кај се видело бронзен параглајдерист) кому никогаш нема да му се разјасни кој ѓавол го довлечка во скопје а нема да му се разјасни ни табиетот на македонците од секој оган да прават големи пожари.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„За што се работи, Џонс?“ „Не знам. Одеднаш ужасно ме заболе главата.“ „Дали веќе пиеше вода?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Уште еднаш да го надитриш времето, за да не знае кој ден е денес...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Сѐ е страшно... Не знам како ќе се живее... Фрлаат врз нас некаква „пајажина“...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Шо вели? - Опитва во кој град живее син ти? - Ами, не знам, бре чендо...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А не знам ни колкаво е, ни каде е.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некаде помеѓу Албанија, Турција, Грција и Србија, народите со векови не знале на кој господар ќе му се покорат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Да, постои и живее. Каде, не знам.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Јас, вистина, сум секретар на КОЕМ, вели, но не знаев дека требало да бидам и секретар на државната безбедност...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Крстан иде, мори, нашиот Крстан! - одговори Митре, и самиот не верувајќи, не знаеше што да прави од голема радост.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Па кога ќе се осигурам дека тропањето е од добиците, ќе си речам: блазе си им дека тие не знаат ништо. И се топам, како скрушец во ноќта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дедо Стефан беше еден намќор човек: никогаш не знаеше да се насмее и секој збор го изговараше налутено, гледајќи те попреку. Но правничен и добар човек.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Брбореа, брбореа, брбореа... - Богати ли се птиците? - Не знам... Не се. - Тогаш зошто пеат?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во неговото време, гинеа оние што знаеја многу, а сега гинат оние што не знаат ништо.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не знаевме дека тоа им било „како си, што правиш, кај ќе одиш, кога ќе се вратиш“ . Не било тоа налутено карање или друго.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали успеа Борко, со неколку зборови, да ги назначи контурите на она што би можело да се нарече мој портрет? Не знам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Доста се понамршти малку, ѝ беше незгодно да рече „не знам"; да рече „знам“, — дали ќе ја услагоди некоја работа ако ѝ даде Митра, та почна да ги собира рамената.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чита: „Многу луѓе загинаа, а не знам зошто загинаа. Ама времето е такво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите се собравме околу директорот, ама никој не знаевме што да правиме, а во меѓувреме дојде милицијата и јас бев спроведен...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не знам зошто ми се чинеше во последно време дека еден ден не ќе ја најдам таму таа слика и сѐ повеќе имав желба да ја преместам во собата каде што спиевме Ели и јас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Да, и ние децата, со среќната мајка и нашето братче, со нашето козле, не знаевме дали летаме кон небото или нѐ задржува земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А и не знам дали бегам или брзо треба да стасам кај некој кој ми рекол дека сум умрен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Пази! Засега детево да не знае што носи во самарчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Семожни мисли ме обземаа, ме мачеа во трошките сон што ми преостанаа, ако не знаев дека сум ги преспал.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По многуте изменети српски чиновници, во 1934 година за шеф на станицата дојде Неделко Акиноски и остана тука сѐ до 1944, кога фашистите, не знаејќи многу за него, дека е организиран, како доверливо лице го преместија да биде шеф на станицата во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не знам“, ми рече. „Нешто што е посилно од мене сѐ повеќе ме изменува. јасно ми е кој сум, не сфаќам само како сум. На оваа почва сум пресаден не знам по колку осеменувања и овде сум никнат, сроден со оваа земја и ова небо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во таа соба беше сместен еден офицер, а не знам што чин имаше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И шепотеше нешто: „Ти не знаеш за моето присуство овде.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ама си велам: ај, не чешај се, Велико, кај што не те јаде и не знам кај да му се изнагледам побрзо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не знаев, не знаев дека ќе извршат претрес ... - се тресе Калчо во нејзините раце.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ме гледа, ѝ мрда устата, ама збор не пушта, не знае како да ми каже. 259
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ти ништо не знаеш, вели Лидија. – А и не сакаш да ми купиш.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Што ми фали пак мене? - Ништо, ама не знам зошто сте вие машките такви, кога некој ви се допаѓа, не го кажувате тоа отворено, јасно и гласно, туку сѐ нешто изведувате – реков и во тој миг се сетив на Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во неколкуте наредни денови сакав да ѝ кажам на тетка Рајна - зошто така му велеше на татко ми, но, не знаев како да започнам разговор.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Луѓето од дружината наеднаш се почувствувале измамени по долгиот пат на кој коските на другарите биле патоказ од пекол в пекол - ги пречекува куп суви очи, никој не им подава рака, не ѕвони смеа на деца и не се слушаат женски извици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И Стојо сета порачка си ја запиша во умот, оти писмо не знаеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Навистина не знам дали ќе можам“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
(Тоа воопшто не беше вистина, и јас не знам за таква епизода во Декамерон; и до ден-денес не ја сфаќам смислата на таа импровизација на Земанек, која набргу стана моја реалност, и јас ѝ се покорував, како и на секоја друга реалност!)
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој не ги поведе своите на манастир, како што правеше секоја година, не ги поведе да не му пречат, зашто мислеше на сѐ, - можеби ќе си пријдат со Богдановото девојче, необични и тој и таа, узнавајќи се од душа такви, а тогаш треба човек да биде сосем слободен, ќе треба можеби да бегаат заедно далеку од род и родина, каде што сите стеги паѓаат, ќе треба можеби уште веднаш да загинат заедно, дека е тоа најдобро, не знае тој.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бугарија досега не знаеше оти решението на македонското прашање не е исклучиво во Софија, ами колку во Софија толку и во Белград, т.е. во согласувањата меѓу Софија и Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По една година од париското издание на Мицкиевичевиот Пан Тадеуш и од Сонетниот венец на Словенецот Прешерн, Неофит Рилски ја создава првата бугарска граматика и ја објавува Јаков Грим својата Германска митологија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој не знае да ги чуе твоите мисли и нема да можете да разговарате.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам дали мене ми свират штурците, дали мене ми светат ѕвездите?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам што да сторам и како да ја успокојам мајка ми: ќе пукне од плачење.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не знаела Симон дали ќе се врател и кога. Да сум ја однел со тракторот до Црноеч.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Постојано го слушам тој ваш простачки збор. Не знам!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вжарен, па испотен камен – тоа е историјата: севезден да ги оплакуваш мртвите и пљачкосаното царство, да гледаш како царството станува вазалство, севезден на штрек да пречекуваш нови освојувачи кои по цели ноќи на месечина низ шепотот испуштаат уплав за оние кои не знаат дека на Инките убаво им стои да се вазали на сонцето, а уште поубаво им стои да се измеќари во Храмот на сонцето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сѐ уште не знам каде е. Но знам дека постои.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
На една свадба, не знам на чија свадба беше, очи ми не се сеќавам, којзнае како ми дојде, како ми избега од уста да речам: - Е што сакам, на секоја свадба да бидам невеста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знаеше. Ама се правеше божем ништо не знае и ми вели: „Ќерко“, ми вели, „вечер стројници по тебе ќе дојдат!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не знаеше што да прави: дали да ја бакне мајка си в чело, дали да се поздрави со непознатиот макар и со кимање на главата, дали да го прегрне стариот кој во сè личеше на татко му освен што јазикот му беше врзан.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Брат ми зборуваше и тоа сѐ наврекнато уште десетина минути можеби, навистина не знам точно да ви кажам, оти баш за тоа време воопшто не бев при себе, како некој друг да стоеше место мене заглавен во незгодата и асфалтот но, кога малку дојдов на себе, во мислите ми се заврти филмот за овој човек овде што ми викаше, и мислам, почнав да размислувам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Срцето најмногу открива, тоа не знае за стратегија, си мислам, тоа е предавник.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А згора на тоа, онаа постапка со мојата девојка – шепотев но бев сигурен дека Грофот ме слуша.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Умираш на рати зашто не знаеш да се бориш. Стануваш пасива на животот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не знаеш од кај ќе те удри, вели, и ни притура ракија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам само дали сум крмакот или мечката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ех, не знам како да се одбранам од твојата убавина која е неповторлива! - Благодарам, благодарам.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Како нешто да спомна, а јас не слушнав - вели Борко. - Не знам. Ништо не спомнав.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не знам веќе што да приречам, кој збор да го одберам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледа во патниците кои се појавиле исплашени по прозорците, срцето му тупоти, другите автобуси свират и тој не знае што да прави.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Ние не знаеме да се веселиме - рече трета. - Ние само работиме - рече четврта.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И почнувам: - А ти знаеш ли што значи да се донесе камен од Месечината? Не знаеш, нели? Е, слушај!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Вие не знаете, господин судија што точно знам а што не знам, затоа и сум овде, за да ме прашате.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Врати ми ја пченицата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
4Дали вие сакавте да се запишете на Ecole normale, или тоа беше желба на вашите родители? 4Моите родители не знаеа за каква установа станува збор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не знам. Можам да претпоставам. Во Министерството на љубовта.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не знам дали постои поживо катче во Солун, од она каде што е главниот градски пазар.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа е така. Му кимнувам на семејството. Неговите членови ништо не знаат за тоа, а и кога би знаеле, не би верувале.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Исправувајќи ги искривените рабови, праша: - Знаеш да пееш грцки? Ако не знаеш, Јаска ќе ти пеам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Та слушај ме ти, менека, книги не знам да појам, а за времето се разбирам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Зар не знаеш дека и стрништето е албански народен имот?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Знам секој што сака да ме праша, а не знам што да одговорам, вели, и само си отпива од ракијата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ако си принуден да го сториш под присила тогаш измиј си ги рацете, како оној несреќник Пилат!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам. Секоја судбина е приказна за себе,“ рече Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас не знам. Се чудам како да одговорам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
– Баш ме интересира, – велам – дали овде функционира водоводот? – Не знам – вели. – Оди право кон бифето. Јас по неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само што не сум доволно познат. DD ЕВ: Би можел да спиеш со издавачот. DD ПТ: Кога би почнувале сега, дали би правеле нешто друго? DD ЕВ: Не знам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Капетан Драган: Не знам зошто Армијата ги купува тастатурите на „Треска“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Неколку војници ги откопнуваа крстовите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ви се чудам на паметот, - им вели Сатирот. – Па сите оние на кои верата не им дозволува да имаат кучиња знаат, а вие не знаете.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не знам каде одат, ама по ваков дожд не се оди никаде! Да попричекаме.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не знам ниту една приказна. Не можам.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Дошле. Не знам кога, но дошле.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ќе из’ртеше зрното по првиот дожд, а јас само гршче, само толкунѕаво шепиче...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не знам зошто ми кршка настрана Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Задоцнив, па не знам каде да влезам. Во нашата училница има други ученици.“ - одговори Соња плачејќи.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Миклош си го слече палтото, го стутка, и почна со него да го нагрнува робот, како да беше не знам колку студено.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И тој и тие што дојдоа и што доаѓаа до пеколот на ревење и на пламења, сите, ти велам, се слеаја во една сенка, сенката се распливна, избега низ ноќта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Море ми, како живејме!... зар вие не знајте; како вие шо живеете пред да и наметните, како татковци ви и дедовци ви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А вие Циганите не знаете да ги цените парите.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сега не знам кој ми е пријател, а кој непријател, вели и умира од смеење, не може да се запре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа се провира низ скришните патишта што ги открива без да знае како.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не знам колкупати го терав да ми ја кажува оваа приказна татко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, каде си? Ти и не знаејќи околу мене насели две тишини: една мала, во која те сонувам и чекам, и една голема во која исчезнувам.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ја гледам и не знам што да прашам повеќе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кој знае ни самиот не знаеше што е тоа: наредба или предлог.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тројцата партизани не знаеја што се одигрува зад збрчканото чело на домаќинот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беше едно тешко чувство, една растргана тишина, од која нему устата сама му се искривуваше, не знаејќи дали да се посмее, или пак да се скамени во тој грч што одбива.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ми се плачеше од мака. Не знам дали повеќе поради тоа што ја фатив дека ме лаже, или поради тоа што не сакаше да го носи мојот толку прекрасен прстен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Впрочем, и никој, освен тие двајца, не знаеше со каква потрага се нагрбиле двајцата непоправливи Балканвавилонци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да резимираме: инструменталниот однос спрема телото којшто кај Декарт го воспоставува духот-субјект, кај Спиноза е надоместен со еден сосема поинаков став спрема телото, можеме да речеме агностицизам: не знаеме што може телото без соработка со духот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогаш Ловџија зајде од смеа, се преврте на грб со четирите нозе нагоре: - Е, ова чудо не сум го чул, - мачор да не знае што е глушец!
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Уште не стигнал до прашањето кое го поставува предворјето на зрелоста: „Што ќе биде самиот тој еден ден?“, кога родителите му починале еден по друг, прво неговата мајка, потоа татко му.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
12. Да пукнам одамна не сум имала толку долг отпочин И ќе заборавев на сонцето што изгрева на исток А и тоа галиба имаше нешто со Македонците И сонцето било ѕвезда велеле Македонците Бре бре како никој да не знаел што било сонцето А за ѕвездите допрва ќе се разјаснува Дали Македонците мислеле повеќе на ѕвездата од Вергина Или на ѕвездите од европскиот бајрак
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Сега не знам дали нѐ видел некој или пукањето било по нешто друго.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да не знам да застанам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И сега пак така. Како тогаш. Не знаеш како да му се опулиш, како да му речеш, како да му пригодиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Знаеш нешто? — Ништо не знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Филип Хаџиевски само шетка и потпевнува: ,Гледам на Исток, гледам на Запад, не знам која страна е на моја страна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знае кај да го удри побрзо Мисајлета Ковачот, не знае што да му скрши понапред: дали рака, дали нога, дали вратот да му го скрши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како да не знам дека ти си ја пронашол и тоа сосема случајно на еден од бродовите што тргнале од Одеса“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Пак не знам која си, ми вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многупати ноќе се будев од соништата во кои мама ме водеше в река, застанувавме во плиткото, а потоа таа ми го фаќаше главчето, и ме потопуваше додека јас губев здив под водата, и гледав како рибите ме касаат по лицето; или пак мама се претвораше во ѕвер и ме растргнуваше; или пак јас бев птица за која таа не знаеше дека е нејзината ќерка, па ме фаќаше, ми ја отсекуваше главата, а потоа го попаруваше моето обезглавено тело и ми ги кубеше пердувите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ема се тргна од мене и почна да се смее со слаткост во кикотењето што се упатува на дете кое не знае да ја игра играта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас се најдов малце во небрано, ама сега ми немаше назад: - Па не знам, луѓето се генерално гневни на Америка и на улогата на светски џандар што си ја презема...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Не знам точно колку, но спрема правилата на играта доволно за основање форум за човекови права што меѓународно би бил признат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Си реков, како да се окуражам, да се залажам: „Може јарето е загубено и не знае каде да се врати.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дури и Басотова смета дека ако постоела забуна во врска со вашата пријава ова е добар момент да се затвори случајот кој и без тоа правно не постои бидејќи покренатото обвинение е без секаква основа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не знам каде ќе запрат јагулите во која вода ќе истече нивното минато Но тие ја знаат патеката на својот сон ја имаат упорноста што ќе им го покаже патот на враќањето.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Можеби интуитивно, сум сакала со тој испис, и не знаејќи сосема точно што сакам, да илустрирам некого, некој човек што бил со мене, а врвел крај мене?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не знам тогаш, дали од нишањето, од тресењето на колата се помрднуваше мајка, ама мене ми се стори дека се мачи да се поткрене, да се подисправи, да се обѕрне по нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам, не можеш толку да се покажеш да видиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали сон гледам? И јас не знам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И не го почитував правилото дека никогаш не знаеш што може да ти се случи по пат велејќи си „Плин имам, само да ја земам, вртам крукче и се враќам“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Без ни малку достоинство го разлеваат изворот на лакомоста, среброљубието, алчноста, зависта, предавството, љубомората, прељубата, желбата за моќ и богатство, себичноста, зошто повеќе не знаат што сакаат, нивната суетност е нелагодност на умот, нестабилност и постојан немир, без чувство за осет зошто не знаат како да ја задоволат нивната ситна душичка и светот го претвараат во пеколен амбис.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Камилски навистина не знаеше каде цели Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не знам, вели и ги крева рамената. Ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не знам што ќе правам без тебе, ми рече, кога ќе ми текне дека утре ќе си одиш ми паѓа тешко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сакам да расчистам со неа пред да почне распустот, оти не можам да издржам уште едно лето без неа, а да не знам на што сум!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Спасиба, спасиба, велам и не знам како да се вратам, како да ги наведнам очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тета почна да плаче, а јас не знаев зошто тоа го прави, бидејќи сѐ добро заврши.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Потоа ми се стори дека се преправа оти не знае за која жена ја прашам и на крајот рече: тука, надолу по улицата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На чардакот се слушаше смев, висок разговор, а потоа ѕвекна Сивевата тамбура на две жици. Со неа Јован го развеселуваше друштвото, поправо ја отвараше веселбата. Не знаеше да свири убаво како колџијата Сула или како шура му Тошета, но редот го носеше, како домаќин, прв да почне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ПАРАСКЕВА: Ав, ав, Шарко лае! (ПАУЗА.) ЈАКОВ: И? (Пауза.) Толку? (Пауза.) „За шега не знае”?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не знаеш ни до кај студи, ни дали има повеќе од тоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Иако тоа беше доказ дека продавачот просто не знае што продава, сепак тоа му изгледаше току необично што гласно рече: „Гледај!...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ни рибарот Бакал што пристигна пред малку во анот, да јави дека е готов чунот со ќошкот, ни тој не знаеше кого ќе шета денес по езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ако излезеше да се прошета крај куќарките на аргатите и чифчиите кои работеа на сегашниот имот од Петрета, одеше со кренат камшик, небаре мутесарифот Мехмед Фаик-паша дошол на обиколка, и на сите им се обраќаше со „Господот наш Исус Христос да ни е на помош”, божем не знае каде се наоѓа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И зарем не живееме во грешно сочинет свет, оти можел да биде уште поарен, а Господ не знаел дека може да биде уште поарен светот?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
МИТРЕ: Не знам што сакам, (ја зема главата во обете раце) главата ми е како бутин! (Седнува на големиот куфер, покрај малото, и очите не ги тргнува од него).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Може ќе се вика Мурат, може Муралај - не знам, ама дури и харем да има, око мое не ќе го види повеќе!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Веќе не знаеше што да направи повеќе. Ја фати паничен страв и летна да бега надолу кон автобуската станица на патот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Или, зарем ако немало ништо, ќе ме прегрнеше тогаш, во фискултурната сала, под разбојот (макар и од бес да ме прегрнала); зарем ќе се согласеше да стоиме така пред сите, пред целиот клас, два долги мига, бескрајни секунди, лице во лице (носевите речиси ни се допираа); и зарем ќе ѝ речеше на својата најдобра другарка (која беше, за среќа и моја другарка, и како што бидува обично во тие младешки години – беше поштар меѓу нас двајцата), зарем, значи ќе ѝ речеше дека песната од први клас сѐ уште ја чува, и дека не прочитала ништо поубаво до сега од таа песна, ама дека не може да се согласи дека девојката опишана во песната е таа, оти таа, Луција, е лоша, грда, недостојна за таа песна; и зарем ќе ѝ речеше на таа девојка дека ја загрижува тоа што од првиот ден во првиот клас веќе не сум ѝ напишал песна, и дека не знае зошто е тоа така?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако размислувам без предрасуди, не знам, Мирза, дали не е подобро во државата да има повеќе вери.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ПАНАЈОТИС: Планови? Си има тој своја територија. Какви планови? КИРО: Не знам точно.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Јас не знам што да правам со рацете: кај да ги држам, како да ги наместам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас не знам и не сакам да знам што би станало ако сето ова, ако не се докрајчат овие измачувања, овој...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И тргна возот. - Илјада и двесте доброволци - го слушнав гласот на Високиот - по два дена ќе имаме во Берковица30.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Проблемот е во тоа што не знам колку силен треба да биде огнот за да биде светлината во сијалицата сина. Тоа е важно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Си го кладе кондилот в уста, се позамисли малку, и сам не знаејќи зошто, плукна на таблицата, го избриша напишаното и започна пак повторно да ја пишува зададената задача по сметање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вечерта стигнавме во Крстец и таму ми дадоа опинци.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој не знаеше како да се однесува на таа застрашувачка опсесија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но тие не знаат точно со колку букви пишуваат Грците.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
„Подмолна работа. Може да те зграпчи, а ти и да не знаеш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Е не знам, Јоне, од кај да знам, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знаеш, реков, не знаејќи како да го кажам тоа што сакав да го кажам, знаеш, реков, оној што сака да пишува гледа што гледа околу себе, го има предвид и она што некои други го рекле за истата работа, ама сепак мора да се осами и само во своите мисли да гледа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Лигаментите сѐ уште неистегнати. Не знае што е дископатија, парадентопатија, апатија...
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Си премотувам низ глава дали се исчешлав и дали да се насмеам (не знам дали ги откачив овие вештачкиве), па проверувам со јазикот и победоносно се смеам, демек, само до забите е убавината Оти сѐ друго ми е потамам!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Најпосле, откако Петре ќе решеше да влезе во друг дуќан, дуќанџиите, како што му палеа темјан при влегувањето, така при излегувањето го попрскуваа со ѓулсуи, и тој излегуваше на дрвени нозе, поревајќи се и не знаејќи сега на која врата да излезе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се плашиш да не чујат од некаде војници. Не знаеш кај се и не знаеш кои се. Од секаде се премотуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам дали од некоја светлинка во виното, Левтерија ми стои зацрвенета во лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам што да правам. Му ја држам раката оти ништо друго не може да ми досегне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Твојот џез ти го одзел дури и патријархалниот морал, те разобличил; ти не знаеш што говориш“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас не знам што му стана нему.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но, би се капеле цел ден, А многу деца не знаат да пливаат... Е, тука би можеле да настапат непријатности. Гледаш ли?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мечката не знае да чита, ама знае да отвара чоколади.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Најголемиот проблем со кој се соочува секој Македонец е тоа што не знае како да се постави и да се спротивстави во случаевите кога е ебан у мозок и тоа соодветно да биде наплатено.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
После некој се сети да бараме и диви улишта, да фаќаме пчели. Не знам кој се сети на тоа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Жените спијат, ништо не знаат за маката моја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не знам, дали стасавме на време да му се обратиме на бога, вели поп Танаско, дали го фативме последниот час за молитва, за милост, ама наша света должност е да се молиме и да се молиме. 135
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но јас не знаев дека формирањето на КОЕМ требало да биде губилиште на македонските борци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Што седна, вели Јон, сега станавме од седењето. - Не знам што ми е , му велам, не можам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Иако гледа во неа, не може да види ништо и не знае дека чашите се волшебни кристални кугли само ноќе кога во нив, како од скинати парчиња, составува априлски жолти цветови, осамени планински колиби, две Марии. Сѐ што и да посакаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ама, не знае на кој јазик зборуваме, ни еден збор не одбира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А Окован настојувам да се движам Не знам зошто утрово одново ме опседнува прашањето за Орфеј и Исус во современата македонска поезија.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тој не знаеше зошто е така, но изгледаше природно да биде така.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еба му газникот на животот, вели, кога не знаеш кај живееш: на сон или на јаве!.. - Ај, не јади многу раноклек!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам точно кога го донесе, не думам, ама тогаш многу го карав Ангелета: - Што ќе ни е куче, бре, му велам, кучиња главата да не ти ја јадат!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Богуле плачеше. Не знаеше што да му рече.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Минатиот пат ништо не знаеше за Димостена, ама сега може и да крие нешто во ракавот?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Правев звук на кастенети...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не знаев дека тие се шегувале со мене...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не знаејќи што да прави, збунета, стрчна кај Андро да го викне, да му каже што прави жена му.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се будев во собата во која спиев со моите четири сестри, внимателно станував од креветот кој го делев со Паулина, и потоа на прсти се приближував до прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога стасавме во Будимпешта на станицата Њигати (западна). Кога слеговме од возот и кога пред моите очи блесна убавината на тој велеград јас, а веројатно и сите други деца, останавме фрапирани, бидејќи дотогаш не знаев дека постои струја...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И земјата е болна кога синовите ќе ја заборават.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И шибна лага: „Не знам. не се интересирам за неа.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Винсент Грум,авторот на романот „Форест Гамп“ по кој американскиот режисер, Роберт Земикс го сними истоимениот филм, се прослави по прочуената фраза: „Животот е како кутија со чоколада. Никогаш не знаеш што ќе ти се падне“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А по некое време, дека наслушнале понешто, нешто втасало и до нив, но колку е вистинито тоа божем и самите не се сигурни!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во затворот е најтешко ако не знаеш, што се вели, ако нема кај да го пуштиш умот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не знаеше дека ние имаме свои судови, му вели војводата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајка седна до мене. Ја зеде свеќата од свеќникот што стоеше на средината од масата, и почна да ја префрлува меѓу прстите, како некој кој нема што да каже, или има толку многу за кажување што не знае од каде да почне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не знаеше кое време е. Небото, сонцето, месечината беа негде високо зад роевите од снегулки, па никако не можеше да се добие претстава за тоа кое време е, ден ли е ноќ ли е.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мама Кристл смртно се навреди и рече: „Јас не знам откога тоа златото е отровно!?“, на што професор Џеф елаборираше: „Па така во една епизода од Д-р Хаус еден го труеја со злато“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Нивната мала ќерка, која веќе научила многу добро да говори француски, не знае да чита ниту да пишува на македонски јазик.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
О ти, моја душо страдна, О ти, ум мој – пламнат жар, не се нити сенки вијат, нити мајкин страден лик, туку, ах, е прво либе, сон не знае, гори в жал гради кине век да скрие – чека в младост ноќ и ден.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Мартин во првиот момент не знаеше што да прави, беше без волја да заигра, но сепак ја подаде раката кон едно од децата што бегаше тој момент крај него и успеа да го допре.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„А, ако не заслужам?“, прашуваш зашто до овој момент не те прашал дали ти воопшто сакаш да бидеш заробеник во некој стан во не знам која населба, кој со крв и пот тој и неговата сопруга го заработиле, ама тој, имајќи те тебе на ум, никако не се согласува да го издадат под наем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од осматрачница гледа Василие Тасиќ, не знае што е работата, саботажа ли, замка, го крева телефонот и наредува да се пука. 163
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа му правеше големо задоволство и го потсетуваше на нешто, но и самиот не знаеше на што.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Не“, рече Винстон. „Не знаев дека е веќе објавено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- А мажите? - прашувам. Не знам од каде ми дојде на ум и ова прашање. - Не сум сигурен - по кусо молчење вели тој.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не знам дали да му кажам или уште малку да го држам во неизвесност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Никој не знае дека сме овде?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
А во устата не знам што имам: дали пепел, дали песок, дали дрвесина. Оган и пламен ми излегува од устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште поверојатно беше дека никој и не знае колку биле произведени и дека уште помалку се грижеше за тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не знаев каде ме водат нозете. Одеднаш се најдов на улицата моја најсакана.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Еднаш јавуваа дека божем не знаат ништо за неговата жена!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ти не знаеш сосема јасно, драги мој, но чувствуваш дека поедноставно е громко да го изговориш тоа јас, отколку вистински, на вистински начин, да се наложиш кај другите, во светот и животот, и вистински да се услагодиш со него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стопанот на кучето, кога виде што се случи, почуствува бес ама не знаеше каде да го истури.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
еднаш, за една иста коска се фатиле со едно куче и се наттргуваат, си ја отимаат коската, се дават, крв им тече од ноктите и од забите, на Стевана, ко вода му се нишаат забите, не знам кај беше ова и не знам кога беше, јас мислев во цвеќе ќе ја најдеме Македонија, а таа во казан клаена и сите ѓаволи играат околу неа, ќе ја посееш жито, а кукавици ќе ти никнат и после не кладоа да вежбаме војнички работи, фронтот е како кај Бигла, а ние како кај Зајгазица во ливадите вежбаме: напред, назад, клекни, легни, а командирот, некој добар, Благоев го викаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Прилично долго помолчеа. Најпосле авторот, смеејќи се, рече: „Ние како да не знаеме што да прикажуваме!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Тогаш, ако е така, тебе ти е ептен интересно – заклучив. - Ама интересно!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Колку се задржа Нешка во земникот, не знаеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не знам само кој ги шири тие невистини?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ми е страв со цела нога да згазам на килимите, да не знам како да се опулам во мебелот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој што не се надева или не знае да мисли или е кукавица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не знам... - подигна раменици. - Не знаеш? - Не знам... - А зошто не знаеш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не знаеше Петре за одењето на жена му кај попот Никола и за прокудата што таа му ја токмеше, ама стравот од такво нешто никогаш сосем не исчезна: цело време тој само го туркаше надолу, му го пикаше перчето под вода, ама тој сепак одново земаше воздух и живуркаше небаре секаква ава му одговара.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Случајот беше прогласен за затворен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Небото е високо, Пупипафија далеку.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не знам кој ни ги спремаше овие приредби и со каква цел, и каде нѐ туркаше нашиот погром, но тоа беше грдо искуство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Стручно лице ќе можеше да рече за него дека е под дејство на дрога, но јас и другите од јамата не знаевме ништо за тој отров, освен дека е убиец на многу млади во светот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Уште ништо не разбирам, ништо не знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знаев речиси ништо за него освен дека е од Западот и, се разбира, неговото име.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не знаеше веќе и не се бореше да узнае.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јас насетувам што има наумено, ама не знам како може да го направи тоа во вакво време кога на планините има по метро и повеќе снег!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Влезено е летото, не знам кое време од летото, брезите се јавнати од зеленило, лисјата им трепкаат ко човечки очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Здраво! — Здраво! — Знаеш што е, Небеска? — Не знам, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И Јон излегува, ги накренал ушите, не знам што му е. Мислам од сношти уште не му разминала лутината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се прекрсти. „Треба да викнам некого, треба да се пријавам“, шепна како да се оправдува пред несреќниот крадец. „Треба, кога веќе оваа смрр не сака да ми ги наполни очите со земја и да ме ослепи.“ Клечеше и не знаеше зошто не може да заплаче. * ...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Младите премолчуваа, се чудеа, уште не знаеја што е старост, средовечните се потсмеваа, а постарите најчесто во себе си повторуваа: „Арно се рекло, Господе, чувај нѐ од лоша сетнина!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не знаеш дали грми или некој топ припукува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Абраш во еден скок се најде крај мене и ми викна: - Молња, собери ги твоите, моиве не знаат за доста!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А мораш да работиш. Не знаеш што те чека побргу: дали нива да копаш, дали добиток да прибереш, дали опута да вразиш. Не е едно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тука се тагува, се жали, се трча зад камионите двапати дневно, се плаче, а ако некој рече нешто што не чини, а никој денес не знае што чини и што не чини, тогаш на огласна табла како што го направиле редот: контра, луд, арамија, плашливец, неранимајко...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сè си има своја убавина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Да, тој. Има рака со фат и душа што сака да каже нешто. Не знам што. Не знае ни тој, сѐ уште.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Некој што не знаеше за домот можеше да си помисли - панаѓур.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се вратив откај двата потока дома, во куќата, многу смирена, утешена и малку уморна од сето тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Новите попови не знаат старословенски, како што новите главатари не знаат новословенски.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ако го изоставиме пиењето, а во пиењето и не беше меѓу првите, и ако заборавиме на карањето, ама и тоа му беше на туѓ јазик, тогаш и не знам која би му била големата вина пред Господа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Рацете знаеја што да сторат. Се најдоа во тој миг со оној огромен нерез, со она грамадно ѕвере, какво што Змејко немаше видено ниеднаш во својот живот до тој ден, така заедно, што тој ниеднаш не знаеше да каже сосема сигурно кој од нив се покрена прв; дали прво тој ја повлече ногата од пушката, или пак самјакот отскокна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вистина било она дека човек денес не знае што ќе биде утре.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не знам колку време така сум мешала во тињата, во блатото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ќе умреме? — Не знам, вели, но и умирањето е дел од нашата партиска обврска.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Видоа дека не се плашам и ме поканија со раце да појдам со нив...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
„Зошто сакаше да те убие?“ „Не знам“, одоговори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но, кој ја губеше среќата која беше таа со грб свртена карлица на кралица и на метреса, кој рамнодушен не те оставаше не знаев.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И не знам, навистина не сум сигурна, колку е лошо тоа а колку добро. Зборувам глупости.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ни сам не знам како стасав на проклетиот Пигал, во онаа кобна улица во која на секој десет чекори млади девојки ви предлагаат љубов.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го наслушна шумот во грмушките отаде потокот, ја отвори устата. тоа беше безгласно смеење на човек што не знае да заплаче, туку, сеедно, и на друг начин го покажува својот јад.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но, овие двајца не знаат за расипаност. И таа нивна чистота ја смекнува строгоста на претседателот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дури тогаш мајка ми не знаела каков чекор да преземе, што да направи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
13. КОЈ ШТО НЕ ЗНАЕ ДА МОЛЧИ, НЕ ЗНАЕ И ДА ЗБОРИ - затоа и зборливите молчат сѐ додека спијат, сѐ што слушнале преку ноќ, молчејќи до зори, преку ден го кажуваат, зошто и да го кријат...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Така прави кучето, а не човекот. И волот кој пасе, а не знае што пасе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дали шушумига ѝ влезе в уво, дали жива вода, или некое садно ѝ се отвори. Не знаеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Васј“, вели тој, „мојот Бог го оставив дома. Или тој ме напушти. Не знам. Што барам јас в црква?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И јас веќе не знам што да им речам друго. Друго е да е станат снегот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам како, сепак си допуштив да се возам на неговите тркала.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ете, и тоа се случи... Дали ќе дојде сам на судењето, или ќе се разведува преку застапник, ополномоштеник, не знаеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Влечеме скапани и смрзнати нозе и не знам кое време стигнавме во едно село.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дали сон гледам и јас не знам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Толку не знаевме за Костур, колку што знаевме за Детроит...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но како ли се снемаа, кој ли ми ги дигна - не знам!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Не, - рече Луман. – Јас треба да не знам за тоа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ни јас не знаев баш многу за тој феминизам, а исто така не знаев ни за сестринските односи, зашто сестра немам, па си замолчав, мислејќи дека ако продолжам на иста тема може нашето убаво расположение да се подрасипе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со забелувањето на утрото, брз како невестулка, се пушта во подземјето и таму неколку часови, не знаејќи за мера, паѓа во полна исцрпеност на своите сили.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не знаеме каков вид дрво е. Се распрашавме, но никој не знае.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Јас се смеам а Ристе молчи. Затоа и решив да го напуштам надитрувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не знам, вели Дуковица, Дуко го донесе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Часовите в училиште не знам како минав.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не знам и како да го прашам, што се вели, целата сум сметена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А што прави таму - не знам. Знам само дека девојчето е изменето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не знам како ме гледа, ама ме гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не, со жена му немав ништо, ама кај неа се собираа семсекакви жени, не знам со што ги намамуваше, ама кога да одев кај неа наоѓав и жени, и вдовици и девојки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некои од овие ноторни лапачи и пијаничишта – се потсмева Хорацио Ц. на уважените учесници на бројните симпозиуми за иднината на националната култура – имаат храброст да се наречат епикурејци, а не знаат дека Епикур беше болезлив и воздржан!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од таа моја несреќна авантура изегов со две лузни: најпрвин, јас сфатив дека Луција точно виде дека моето тело е неискусно во љубовта и дека не сум спиел со жена; тоа ме понижи и ме доведе во ситуација да не излегувам никаде; паднав во депресија и почнав да размислувам да платам проститутка, за да ја завршам таа работа (токму така мислев, и сега тоа ми е многу симпатично: да ја завршам таа работа); второ, не знаев да ли има смисла, откако ќе ја усвојам технологијата, да се враќам кај Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А покрај тоа, јагулата е лековита; лечи: слабокрвност, жолтица, мајасил, падавица, катар во цревата, и други болести за кои човекот не знае дека ги има...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој отаде, јас одаде. И се гледаме така, се срамиме, не знаеш што да проговориш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знаеш дали шушка хратијата, или нивните проѕирни прсти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стоевме со Земанек на насипот, две сенки на последното сонце; стоевме и не знаевме што да правиме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Никој не знае кај замина, вели Огнен Ѓорго, може пак да се вратил во Америка, или во друга земја може да се вратил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас гледав занемено во него и не можев да сфатам: дали не знае што се обидовме?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас сум уверен дека ќе ви понудам појасна слика на настанот ако дозволите да го сторам тоа според дотокот на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас не знаев на што мисли. „Каков друг мозаик?“ реков. „Оној со пајакот“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И сега не знам дали додека тоа се случуваше разговаравме нешто со него; мислам дека не.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не знам... мене лично оваа „состојба” ме фура на резигниран ентузијазам (или обратно, на ентузијастичка резигнираност).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не знам, велам, многу ме боли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го ценев и затоа што призна дека сме посилни од него, им се радував на прикаските што ни ги расправаше за непознатиот скопски Рокамболо, одмаздникот Киро Атевиќ, за кој не знаев постои ли навистина или е измислен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А најмногу, што не може ништо да разбере за своите најмили Неда и малиот Петка, кого го остави во лулката. Што стана со него? Не знае.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој не знае божја казна го чека А кој премногу знае ќе пати дури три века) Ако спремен ти си да признаеш вина штом гревови те стигнаа од кармата
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Не знам, не знам што да правам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Преживуваше зобајќи ги со гадење затворските дневни оброци со помош на приборот закачен за дрвената маса, додека погледот постојано ѝ беше закован за литографијата на генералот Франциско Франко, која од височина владееше со мрачната средновековна трпезарија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Прашања поставува сам на себе. Ни сам не знае што бара тука.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
- Господине Томо, зар вие не знаете, зар досега не сте разбрале! - неодредениот одговор дополнително го возбуди.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И ние нешто кажуваме, а нешто не знаеме да кажеме. Ама пак кажуваме, се мислиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Илко се сета дека дедот Карабуклија му рече на дедот Петка, оти тоа џереме не знае друго да работа, ама за готвење (да има мавца, мевце, шеќерец и јајца), рамна во Мариово не ќе ѝ биде ни една домаќинка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не знам, велам, но штом те јаде носот, ќе се караш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако знае човек да ѝ го заврти умот, ќе ја кандиса и за слеп сиромав, и за црн Ѓуптин да тргне; ако не знае, и бег да ѝ се врти, ќе го направи мат и маскара и не оди!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако не знаел, зошто тогаш последните зборови до мене, кога заспивал во Господа, во светлозрачниот Рим, на четиринаесеттиот ден од месец февруари, на вториот индикт од создавањето на светот, шест илјади триста седумдесет и седмата година, ги запишал на писмо, на книга стуткана, со својот ситен, неубав краснопис, и рекол: „Ова да му го дадете на отец Иларион.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Но, ваше превосходство, рече Акакиј Акакиевич, трудејќи се да ја собере сета неголема грстка на прибраност, каква што воопшто можеше да се најде кај него и чувствувајќи истовремено дека ужасно се испотил, јас, ваше превосходство, се осмелив да ви додевам поради тоа што секретарите онака... не се сигурен народ...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ги стави дланките врз лицето, поседе малку така, додека јас и Бреза стоевме без збор крај неа, потоа стана, нѐ прегрна толку силно што ми се чинеше дека коските ќе ни ги искриши и рече: - Простете ми, толку ме избезумивте што не знаев што зборувам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Линковите, признавам дека не знаев каде водеа (или не водеа никаде), земени издвоено, ја задржуваа јасноста на мислата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Мислам дека не знаев да ја читам Луција, да го толкувам јазикот на нејзиното тело.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Господ нека ни е на помош”, помислуваше Лука Карер, не знаејќи каква улога ова јонско копно ќе игра во плановите на завојуваните страни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нашите, во пусија. Не знаеја која страна да фатат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имав само осумнаесет години, бев патријалхално воспитана, за љубовта, за сексот не знаев скоро ништо.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Па не знам ни јас.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но набргу сите се упатија кон своите куќи. Во црквата остана само слепата Донка која не знаеше што се случува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Тогаш не знам кај ми е паметот!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не знаеш кому му припаѓа твојот живот, што е поголемо за тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми тежи ко тег, ко темелје, и не знам дали е моја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа беше сомнежот. Се сомневаше во сите. И во себе. Како? Зошто? Не знам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Небото вели не знам кој шуми гранките или коренот.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Цело време сестрите се над мене, а јас не знам од кај да почнам да го чистам и да го сакам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дедот Јован сакаше да се исправи да седне, но болките во ребрата, особено под левата мишка, толку го стегаа, та само се налакти па десната рака и “ почна пак да се правда: — Не знам, ефенди, не знам. Ни Толе знам ни Толевица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ах, оживеа вулканот! викаат, се тресат. Влегуваат во куќите, и пак излегуваат; место не ги држи; не знаат што да направат: да бегаат или да чекаат; ќе избувне ли лава или нема да избувне.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Мислев, ако погледнам во директорот од очите ќе ми ги прочита имињата на Анче, Ташко, Влатко, Дејко, Љупчо - и другите што ги знаев.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Има луѓе за кои ние другите ишто не знаеме.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На предното седиште седеше тој; беше свртен во полупрофил; ќелата му беше црвена, вжарена, брадата му беше накострешена; зборуваше нешто, но не можев да слушнам што; при говорењето, една жила на вратот му се затегаше и се дуеше како да ќе пукне; одеднаш, до мене доплови само откршок од разговорот: „Ти мораш да го пријавиш тоа, ако не го пријавиш, ќе имаш последици“, рече тој; рацете му беа спуштени под воланот; десната му беше подадена кон седиштето на совозачот; во еден миг се навали кон назад на седиштето и на другото седиште ја видов Луција; очите ѝ беа затворени, носниците ѝ се ширеа (и денес не знам дали е тоа возможно, човек од десетина метри, наспроти сонцето, да види дека се шират женски носници: дали тоа беше истата онаа слика на Луција од разбојот); по образите ѝ се слеваа солзи; да, сигурно видов дека Луција плачеше за еден миг, а потем престана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Широка е за да ја пречекориш, а не знаеш колку е длабока за да ја прецапаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Избега со трчање од тоа и не знаеше каде престанал да трча.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го гледав зачудено и не знаев што да му одговорам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Излези или пушти. Ќе дојдат и ќе ми ги дробат ковчињата со шилести чекани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никој не знае дека хирургот на виолина ги вежба своите прсти.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се сетив на мудроста за која и не знаев на кого му припаѓа иако ја имав веќе забележано во моите белешки. Тоа што го прави нечистивиот не прави го и ти!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Уште не знам кај ме подбиоѓа Калчев.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оделе претпазливо кон челната двоколка и не знаеле дали гологлавиот човек со попска мантија под кожувот е мудар советник на туѓоселани или е дневен грозоморник што им смислил стапица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знам што би дале да ме видат крај себе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не знаете да се чувате. Живеете на вересија.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ќерка му се превртува во својата постела и залипува, а човекот не знае - на сон ли плаче или таа е будна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Денес не знаеш што останало и на нас наше, вели и му ја трга од уста дојката на детето, го легнува да спие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Демек... - присторе Србин. - Демек, тоа е да не знаеш кој кога те држи под око и зошто. - Аха, - рече Србин и реши нешто да запамети. - Убаво богами.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Е, не се тргаат. Седум, осум, девет, којзнае колку се сториа. Не знам веќе ни да ѝ броа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Пес кој не знае да лае, сам го втерува волкот в трло“ вели една народна поговорка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И ти ли не знаеш? - Знам. - Па тогаш кажи!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Претураше во рафтовите, ги бараше книгите за јаничарите, речниците, некои од нив и не знаеше дека ги има.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додека тие ги кренале лактите да се избришат, од мртовецот не останала ни трага, така што тие дури и не знаеле дали тој навистина бил во нивните раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не знам што му стана на човекот олку да се разлоши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Периодот на депресијата во Америка, Христов го минал во Њујорк работејќи како слободен писател, притоа минувајќи низ тешки искушителни кризи што авторот ги проследил во веќе споменатиот напис: Пред Депресијата јас не знаев што се тоа тешки времиња.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Тогаш бегавме од болеста, вели Мисајле Ковачот, а болеста не се гледа. Не знаеш дали си избегал, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие тоа го направија толку егоистички, што заборавија да ја поведат и Наташа, и таа остана сама, дури и не знаејќи го тоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Месади немаше директен одговор, но сепак рече: - Не знам точно кој е, ама ја изнесе програмата на својата Демократска партија!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не знам како ми дојде на тоа да мислам. Ја гледам буката, а над неа, низ вршките нејзини фрчат штрапнели, куршуми.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас пак не знам како не им здодеа на „Амбасадорите“ постојано да разговараат за исти нешта.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И кога мислеа дека не се враќа веќе, тој тропнуваше на малата вратничка и ги изненадуваше за да ги напушти пак по некој ден и друг. Не знаеја каде оди, што работи, што јаде, што пие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Или не знаат да нишанат, или нишаните не им чинат, велат. И на оние отаде и на овие одаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После, не знаеш кога ќе те викнат повторно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Понирала под земја и пиштела, се тресела и се превртувала, и пак не знаела што да прави со своите води.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тука беа и двете инженерчиња. Ти не знам кај беше, отиде некаде“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не знам што е смешно во моите одговори“, рече татко ти и тогаш дури за првпат ја крена високо главата а судијата, оној, господин Предановиќ, со големи бакембарди и црна измазнета коса, за која сите говореа дека ја светнува чистачот на чевли на Корзото, само се накашла и ништо не рече.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На едно место, во една своја тетратка, по едно пијанство, од не знам какви причини, сум запишал: Тешко на оној кој знае да чита само затоа што претходно ги изучил сите букви и знаци на јазикот од кој чита; блазе си му на оној кој знае да чита и без претходно да го знае значењето на знаците; само тој вистински чита.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш повеќето домаќини носеа околу ушите жолти или црвени шамии, некаква православна чалма што ги брани од студ, и така сите имаа глави како наголемен желад, плод од џиновски шуми какви што биле во најстарите времиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знаев ни јас, дури ни кога се запишував во подготвителниот клас.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не е можно, се противев јас, ти ништо не знаеш, лекарите не знаат, јас знам, таа ми е другарка, ја познавам јас нејзе, нема да ѝ се допаѓа долго да спие, ќе ѝ се смачи, ќе видиш, ќе се побуни и ќе стане.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Злосторник - Бич на божественото Корист - Идол, му се жртуваат сите правосудство. богатства.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не знаеше како да се движи на таква музика и како скаменет стоеше во место.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
-Што ти е, праша Ѓувезија Дубровска. -Ми е страв, рече Сија Хаџибанова.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Можеш ли да ми веруваш“, рече, „дека се до овој момент не знаев каква боја ти се очите?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не знае како ми е мене. Мене и не ме гледа човекот, ја гледа само ракијата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Најважно е сега да се избориме за рамноправност на жените и мажите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бев уверен, ни самиот не знаејќи зошто, дека Борис Калпак не ги сака обајцата Онисифоровци и дека неговата омраза не е постудена ни кон игуменијата Минадора.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како што одам кон брачната соба или , не знам, ѝ приоѓам на жената в кревет, минувам кај кујната,како да минувам и, таму, гледам едно куче и три мачки.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Никој не знаеше што да му каже, но секое јавување ја зголемуваше неговата беда, зашто неговото љубоморно дивеење веќе стана познато меѓу непоправливите ноќни птици од Мартима, па почнаа да му одговараат со секакви досетки што го наведуваа на страдање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Жив си или мртов, слушам. - Не знам, велам, од двете едно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Аскерот ни иде по трагата и бргу ќе нѐ открие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги стискав забите за да не се насмеам. Не знаеја дека го запрев дишењето легнувајќи на дното на реката.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ми покажа некои делови од нејзината моминска руба... Не знам како успеала да ја сочува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Луѓето те прашуваат кај да одат, а ти не знаеш што да им кажеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам што да речам; како ќе го најдете вие за мунасип така ќе направиме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Ќе го продавам детето, вели татко, не знае да делка, вели, и не го сакам за роднина, - Не карај го детето, велат луѓето, туку неговото незнаење карај го, му велат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не знам, - рече Кочо толку загрижено, што дури сам се зачуди.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А кога се будевме, не знаевме дали се враќаме во сонот, или почнуваме нов сон.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не знам како „пасторални“ тој очекуваше да бидат, но кога ги виде огромните кравји глави - потполно розе на потполно жолта позадина - кои имав намера да ги претворам во тапети, замолче... но затоа после неколку моменти извика: „Тие се супер- пасторални! Тие се без врска!
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Не знам, велам јас, не се разбирам од политики.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така и Марко, не знаејќи колку му е сличен, седнуваше на привечер, пред да го замандали дуќанот во Скопје, седнуваше сам крај своите ибрици и синии што ги беше направил, покроце и на јаваш да прими малку од огревањето на нивниот матен сјај.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се обесвестив ли потоа или пак заспав, не знам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние молчевме. Снеже под око ме погледнуваше одвреме-навреме и ми даваше скришни знаци да молчам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гласот на развигорот се уште над мене одѕвонува...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не знам за сигурно од кај ќе дојде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислите ми се ограничиле и ништо не знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А јас пари – како жабата влакна. Во најдобар случај, одвај за три слатки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И не знаеш како да се браниш, вели, дали да ѝ ги нашнеш кучињата, или да ги запреш да не лаат. 109
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По завршувањето на конгресот, Михајло Горачинов ќе ми шепне: — Ништо не знам што се зборуваше, вели, цело време гледав во тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги кинат и нервозно се муртат на црвените петокраки, не знаејќи што пишува под нив.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не го пуштам. Да не знам што правам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И шопа вино во бокалот, шуми, ко млеко во кобличе. А ние, не знаеме да си ги одлепиме устите. Стоиме така, си го менуваме здивот, дишењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Додека кај Декарт телото е дејствено, а духот трпи, кај Спиноза поголемата способност на телото истовремено е и поголема способност на духот итн.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тројца ли, петмина! Не знам. И ме грабнаа да ме тепаат. Со стапови, со тупаници, со клоци.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Може така ми се чинеше од соништата. Оти ги сонуваш и живите и мртвите. Смешно. И утрото не знаеш кој каде е.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам што ми правеле кога сум бил мал, ама мора некаде страшно да ме заебале штом сум сега ваков.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Не ѝ припаѓаше Таша на твојата сорта. Не знаеше да праќа онакви абери.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бидејќи не знаеше точно каква помош очекува од О'Брајан, не му беше лесно ни да каже зошто дошле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не знам ни во која положба сум, на која страна сум свртен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа беше толку блиску, еден добар бран можел да ја донесе веднаш до нас.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Зарем не знаеле кога ослепувале души мачни - живи - неживи? - шепоти баба Петра, наплеќи легната, божем заспана.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се врати наназад, се потпре на испружените раце, со широко отворените бутови силно притисната на мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ама, кога не знаеш, сѐ е дозволено...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знаев дека тоа било црква“, рече тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Отсекогаш знаев дека најголемите изненадувања нè очекуваат токму на местото каде што конечно би научиле дека ништо нѐ не изненадува, разбирајќи под тоа да не се вџашуваме пред нарушувањата на поредокот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дали тоа беше сон, дали беше занес, не знаеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А каде е Трнка? Не знам каде е, мамо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многу сакам да се запишеш во мојот лексикон“, ми рече и ми подаде една тетратка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
МАТЕЈ: Не знам, мама. Јас не знам ништо. Професорот знае сѐ.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И самата не знаеше како ѝ избегаа од устата тие пакосни зборови што беа толку блиску до клетва и прокоба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не знае никој - ни ти, ни јас. Никој, ако не си знаел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Па после, не знаеш што си видела на јаве, а што на сон...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Блазе си му на тој маж. А можеби и не знае што пропушта, си рече.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Дали понатаму ќе се измени, не знаев.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Неговиот дедо Михаило (познат по тоа што едно време бил визитинг- професор на Универзитетот во Беркли, Калифорнија) и мојата баба Добрила (позната по тоа што пред војната била избрана за мис на Врњачка Бања) се брат и сестра, родени во црковен брак од прадедото Милош (познат по тоа што во почетокот на минатиот век во Швајцарија победил на натпревар по боб-санкање така што не знаел како се кочи бобот) и прабабата Даница (позната по готвење оброци со австроунгарски имиња од типот на штрудли, шненокли и шуфнудли).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Александар одамна веќе патува со авион.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тие веројатно и не знаат што е месечар и не сонуваат смрт под палмата на Никола. Можеби не знаат ни што е палма.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мислиш ли да ги пуштиме вкуќи, да ги седнеме на софра со нас и со нашите жени? - Не знам, признал Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Но јас никој не знам, никого не познавам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никој не знае како дошле арапите, како ја намирисале меаната од Доксима Тренчески...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со себе понесов и два ножа. Не знам од кои причини.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И ќе умре, не знаејќи дали на безвреме умрел. Речиси така, незапаметен од луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја претресувам 105. бригада, и јас не знам што ми дојде така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
СОЊА: Матеј! МАТЕЈ: Да, мама. (Пауза) БОРИС: Ти реков не е добар. Ништо не јаде. Не знам што му е.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Каква точно, не знаев ни самиот, но секако нешто што ќе ја оправда мерата на мојата љубов.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со текот на времето куќата крај реката близу Дрвеното, односно Еврејското мовче крај десниот брег на реката ни стануваше цел свет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Знаење - Постојат три вида на знаење: Критика - Кај лошите писатели се раѓа 1. сѐ знам, то-ест надмен глупчо, 2. не како завист кон добрите. знам, то-ест, обичен глупчо, 3. ништо не знам, то-ест, разумен човек.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не знам зошто, ама тогаш сите пилишта што го прелетуваа пустото поле и пустата мене, сите ми личеа на гаврани и на чавки, на извалкани раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
III Мил по цел ден времето го поминуваше во лабораторијата; работеше експериментираше и не се обезхрабруваше: но му беше криво што никој не го разбира да го помогне, да му даде средства за да го реализира овој свој потфат; селаните и пред тоа не му обрнуваа внимание, а особено сега кога секој ден трепереа и не знаеја што ќе се случи со селото, со нивните животи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- А каква ученичка е Елена, а? - Не знам, не учиме во исто училиште. - Како не учите? - Па така.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А не знам што да правам со радоста, кај да ја ставам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Имам мајка, брат и сестра, велам, ама за живите ништо не знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите овие години додека и создавав грижи и проблеми, не сакајќи, ненамерно, не знаејќи дека и без тоа цел живот и биле постојано присутен гостин што никогаш не е подготвен да си оди!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не знам, можеби ми рече или така ми се причини тогаш, додека симнат на подот на коленици ги средував цедињата паднати од наткасната, кога над мене го слушнав нејзиниот глас: „Нино, можеби ти не се познаваш ни самиот себе.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таксират тебе, ама таксират и мене ме трефи, не знам кој е поголем.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
таму ќе ни судат и така не засурмуваат во вагонот небаре добиток за продавање и клан, клун, клан, клун, лазаме за Софија пооди, пооди, - запри, па пак тргни, а ништо не гледаме, имаше само една дупка во отворче одозгора, над нас и не знаеш кога се стемнило, а си заборавил кога било дење, денот и ноќта си ги смешале нозете, ги избришале границите и не знаеме дали сме поблиску до денот или до ноќта, само некогаш ќе подотвори некој, ќе ти остави кофа со вода и по едно лепче - камче за да ти ги скрши забите и пак ќе ја тргне вратата, ќе го штракне лостот, штрангата, а ние ќе го топиме 118
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не сакав да помогнам - не знаев ниту како, ниту пак сакав да влегувам во гомнената каша во која седеше таа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Божем за себе иако сакав тие да ме слушаат, развлечено соопштив: - Ми кажавте многу.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И ден-денеска, не знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Онисифор Мечкојад никогаш не се смеел, никогаш гласно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Исчезнува во маглата, не знаеме ни каде заминува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Ќе можам. Морам, - одговори момченцето. Старецот не знаеше што да прави, како да постапи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И на крајот од погоре изнесеното, да заклучиме: ако немаме публика или имаме, ама само замислена, сѐ што ќе сакаме да си кажеме полемизирајќи си, карајќи се да си го кажеме тивко, со шепот за да не ни се чудат оние што пред објавените кавги или полемики не знаеле дека постоиме.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
О, боже, каква радост на сркањето, на џвакањето! ,Тешко на тој што не знае за сиромаштија, велеше дедо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оливера Поточка и Евгенија Милеска не знаат да промашат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кутрите тие, ништо не знаат и никогаш нема да дознаат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Самиот со години не знаеше за одмор или да се собере со пријатели и повесели...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не знам дали има некој меѓу нас што не ја сака. А особено девојчињата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И ќе ги одврзувам, ќе ги преврзувам, ќе ги чешкам по вратот, не знам што правам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еве некои од нив: Американскиот рапер, Џеј-Зи, не знаел како на Нигеријците за време на својот концерт да им ги обере бостаните, па на организаторите на концертот им побарал да му донесат лубеници со форма на градите на неговата љубена Бијонсе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас го изгубив сопственото „јас“, тебе ти го подарив сопственото срце, душа и име, не знам кој е ден ни месец, водам борба со себе и се презирам светот, како целиот свет да е крив.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
5.2 Јас не знам да војувам. Јас болувам и самувам И плачам за вас ближни мои И ви велам И си велам: Доаѓа часот да се прочита бескрајноста На морето Да се состават букви од скршените линии На хоризонтот, Да се седне на островот и да се самува Под осамено дрво Што говори со древен јазик.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Навистина беше изненаден и веројатно се чувствуваше како кондуктерот, кој гледа во возот што се одалечува, го испуштил а му претстоеја на многу секојдневни обврски..
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не знам, - се издиши дебелиот. – Не се сеќавам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
За жал, во таинствената кула не живееја зајаци, туку Мотренија, за која не знаев дали е вештица, алчна по богатство, или призрак што се храни со дијаманти.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Да се живее со честа значи да се прави јаглен од себеси со кој да се рисуваат иконите... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се разврте кметот околу прозорецот, запуфка со лулето шумно и неспокојно, а потоа пак му пријде: - Добро, да речеме дека за тоа не знаеш ништо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не знам како ја пуштиле дури ваму, но нас добро ни дојде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам, му враќам, ми се зеде сонот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Та тие не знаат за поарно" — си заклучи Толе и ги покани да ручаат од ладната леќа и 'ржаните коромани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Штом не знаете точно, знаете неточно. Тоа е опасно.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не знаеш колку отсечно ги исфрлаше нозете од под газот и никаде да му избега дрвото, да го загуби.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се мразам што не знам ни штекер да сменам и ништо од пенкало потешко да кревам се мразам себеси што самиот се мразам а дупло би се мразел ако сам се сакам
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Повремено преку визијата минуваше магла, ја носеше со себе и ослободуваше простор за нова визија: наеднаш Рубина Фаин е широколика и ковчеста идна родилка во ленена кошула; околу неа , под араратските или карпатски или алпски масиви, лежат разбранети златни полиња или пасишта со онаа трева што кај нас, не знам зошто, селаните ја викаат слак; чекори, чекори, ќе стаса ли на историската цел негде кај што, според неа, крвта се измива со крв?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Потоа ме испрашуваа наизменично, и јас не знам кој за што ме прашуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но потоа, не знаејќи ја изедов ли попарата, останав сам во полутемнина, без зачуденост што сум во куќа, чија и во кое село - не знаев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина не знам како сум можел да се сомневам во овие луѓе. Освен баџанакот кој исто така е тука.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Девојко, вечерва јас не знам што зборувам. Така ли е?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ти подаруваат, не знаејќи, и најстрашно е што не знаат, едно кршливо и минливо парченце од тебе самиот, нешто што е твое но НАВИВАЊЕ не е од твоето тело, што со твоето тело треба да се спои со ремен како со некоја очајна рачка што се фаќа за твојата шепа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Уште не знам во што народ сум влегла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам дали нашава млада популација слушнала дека јазикот, особено мајчиниот, треба да се знае, за да се чува чист и секогаш подготвен за соопштување и воспоставување дијалог со светот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не знам дали постои друг град во Европа со толку многу слаткарници, каде што се консумираат во изобилство унгарските слаткарски специјалитети, а сега, во летните месеци, и сладолед и пиво.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А Јон и Мирче си ги пасат коњите и само ме гледаат. Јас ништо не знам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Колибата не знаеше за часовник, иако тој би можел сосем убаво да послужи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не знаеше дека, кога мажот се жени, дозволува во неговата внатрешна доблест, другото битие да биде можен инструмент на повреда на таа доблест.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И знам, сега си овде крај мене. Ништо друго не знам.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А не знам што викам и по кого викам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Летав! Но жена ми не знае ништо.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Кај се води заробен човек, му велам, не знаеш кај се води пленик?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, тоа не значи дека не знаеш, оти знаењето не се мери во чекори; ако беше така, оној кој везден чекори и си нема друга работа освен да нѐ става во искушение, ќе беше најумен, асикрит на сите асикрити!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не знам како ќе бев разбран. Ја избрав тишината за сојузник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зашеметена од хормони, не знам што правам. Ма, што ќе ми дојде на памет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
СТЕВО: Види мамо, тебе и онака не знам како да ти објаснам некои работи.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ова дојде, не знам како дојде, ништо не ми е јасно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И самата не знам колку пати ја видов смртта пред мене, до самата мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам, дали, обземен од повтежот, ме гледаше мене јасно или јас бев само пасмо густ воздух што трепери пред него во летната ноќ.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Си кажал, а не си докажал, не знаеш што излегло.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ова копаш, слегуваш, а не знаеш до каде, ниту знаеш каков ќе биде резултатот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кумашинчето уште не знае за адет, ни за ред. Ќе има кога да научи...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Не знам... - Па сигурно, - се вмешува и кметот, - од кај ќе знае кога силно го треснале по глава!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Девојките да се тепаат по него, тој да не знае која да ја земе.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ПАНДЕ: Море, ќе ги откорнеме, само не знам кога!... МАРА: Кога ќе изгине светот.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не знам што ќе направеше дедо Стефан, ама го чув Екрем како помирливо му вели: - Ајде, ајде...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во непознат крај не си ни на небо ни на земја. Не знаеш каде си.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Човек не знае кај ќе ги скине конците, кај ќе ги растури коските.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знаеше дали станат, или седнат, да го почека продолжението на речта на Трим Тоска.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Отсекаде ми е исто угреано, а не знам каде е сонцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти не знаеш како е, кога едниот ќе остане сам да биде родител!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И само збираш зер во срцето, го полниш. Веќе не знаеме кога се пости, кога - мрсници, оти мрсно нема и за болаче. Доилките немаат млеко и ги одбиваат децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ама зошто? Па тоа е убаво! - Не знам, - вели таа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ревносниот уништувачки стремеж не значеше дека на Факултетот имаше дефицит од студентски бунтовници: значеше дека тие, во суштина, не знаеја што и како со себеси.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Смеата можеше да му се види со очи: од устата му шибаше коњска пара.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас сакам: што дава левица, да не знае десница.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Велеа дека тоа се гласови на смрзнатите ангели кои сакаа да ни помогнат, но не знаеја како.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не знаеме ни што да се прашаме.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не знае човек како да се опули, од кај ќе му помине стравот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најпосле кога седнавме да вечераме тивко реков: - Тетка Рајна дојде со една непозната жена, не знам дали тебе те бараше и те дочека ли? - Не гледав во него.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И го создаде господ човекот по своја лика-прилика, го создаде улав и килав, и ние, дружината со двоколки, го зграпчивме и го обесивме, повисок да е и со теме поблизок до небото, сепак, жеден и гладен, со подаден јазик кон земјата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така седејќи не знам колку време, гледав втренчено во таа една точка во ѕидот, во која следниот момент од благи сенки постепено почна да се формира лик.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Туку, сега и тој не знае што да прави со Бугарите што се заборавија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сега не знам од кои сакате, господин капетане, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Винстон не знаеше зошто Видерс паднал во немилост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Колку прсти покажувам, Винстоне?“ „Не знам. Не знам. Ќе ме убиете ако го сторите пак истото. Четири, пет, шест... Чесен збор не знам.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прва негова стихотворба. Убава? Којзнае. Тој не знае. Тој никогаш не пишувал стихови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не знам да ти објаснам што и како чувствувам за него – сакав да ѝ разврзам, но таа исчезна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој не знаеше, бидејќи беше направена кога беше во бесознание.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не знаеше како би реагирале. Сестра ѝ Пандора беше со стројници омажена, но имаше среќен брак.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А селаните не ги напушти стравот, зашто тие не знаеја дека Луман не дошол.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја гледаше јасно дупката во ѕидот, но не знаеше колку време јавал на куршум ниту кој го испратил на такво патување.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Не знам што беше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Писмото му трепери во рацете. Го држи не знаејќи што да му прави. По извесно време го остава.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не знам колку сум чекал; едно време, над мене, по мостот протатне експресот од Битола; знаев дека е околу единаесет часот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бошко не знаеше ни дали да се плаши или да се радува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Војникот му се доближи на офицерот и зборуваа нешто.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Како да не ти верувам?“, му велам, зарем не видов како профучи над нас онаа граната, којзнае од каде залутана, и се распрсна токму над огништето на Пинговица, над мудбакот нејзин, а мажот ѝ, Сотир арабаџијата, оној што ги носеше трговците по пазарите, дотрча по поплочаниот двор и не знаеше како да влезе во мудбакот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Стојно мори Стојне“, и реков „тебе животот навистина ти пресудил да донесуваш лоши проценки и да правиш погрешни чекори.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Воденица што го загубила газдата ама не и водата што го врти каменот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знаеш Како мами Везден двата Да сме сами Јас и Таа За-луд-ност“ Во ателјето на Владимир Г. есента, 1994 стално си сам „Стално си запален И стално си Сам“ „Се палам себе, Горам сам За да ве Ос- вет- лам.“ бегство Ѕвони, Само во сонот Во тоа црно Сеопфатно Ѕвоно.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Не знам како се справуваш со проблемите, ама изгледаш бомба“, се насмеа таа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не на она минато на кое мислам јас. „Си пиел ли некогаш, брате Јоване?“ праша ни сам не знаејќи зошто.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А да му речам: оти крвта си ја пиеш, оти џигерите и умот си ги пиеш, не знам како ќе ме разбере.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А, имав и друг ангажман.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Одминуваа крај тоа, носејќи го дома само голиот живот и, ако беше возможно, гледаа да ја сочуваат само уште својата пушка, воено време, не знаеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Македонија ја признаваат за бугарска во етнографски однос, но мислат дека е излишно да си ги трошат силите за да научат нешто за таа земја, затоа ништо не знаат за неа ни од историјата ни од географијата и етнографијата нејзина, освен дека има таму чети и востание, на коешто треба да му се помогне само со лотарии и не со самите себе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да го барам Јон, не знам каков ќе го најдам. Ќе ме напади пред сите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас се израсплакав, не знам дали оти го видов во монашка одежда или оти однапред го доживеав она што ќе го доживее Лена, кога ќе му го чуе гласот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Најпосле мораше да ги земе парите држејќи ги в раце и не знаејќи што да прави со нив.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не знам како се сврте Велко назад, го видело штркот оти е близу деда си си му свикало: „Дедо, дедо, опули се зад тебе, ете го нашиот штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Ах, не знам. Најдобро е да бидат по оној друг редослед, како во моментот на случувањето. А во тоа ќе ви помагаат како и досега моите потпрашања", настојува тој.“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Обеси се“, му рече Арсо Арнаутче. „Сега остави го Никола Влашки да каже што му е на детево.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Как Крсте, бре слепче? Откаде докаде десеттодишно дете го запопиле? — се чуди Јован, не знаејќи дека ова е пиеска, а не вистински живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ФИДАН: Божине, утре е недела. Ќе испратиш нешто пари дома?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Усните безгласно му шепотат милосни зборови, за кои ни самиот не знаеше дека ги таи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мојата цевка секогаш беше толку светната што можеше на цевката да се огледаш, за чудо многу ме привлекуваше оружјето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Не знам... На планина, - велам обидувајќи се да ја споредам планината со нешто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
АРСО: (Не знае што да прави, станува, гледа кон градот.) Па... ќе ја свршиме, чорбаџи Теодосе.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не знаеше дали тој станар, тој Стојан Ванков, лежи на некакво богатство и од каде е тоа богатство, како што не знаеше дали неочекуваното богатство ќе го стори посреќен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И Трајко писна и затажи. Го поведе татка си под рака и не знаеше кој повеќе е отепан од жалот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Не знам што ми е, вели Мирче, ќе излезам надвор и ќе ми се кренат панталоните.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што се случи потоа, право да ви кажам не знам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Како го направи тоа, Лудвик?“, ме праша. „Не знам“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Никогаш не знаеш кај завршува едно, а кај почнува друго.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам, реков, чиј интерес е во прашање, но секако повисоки се интересите на Маказар, отколку на еден рибник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Аха,- ми ја врти шијава, - не знаеш? - Се сврте со очите кон сестра ми: - Кажи му! - ѝ вели.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Писменцето што го држи во пазуварката како да го гори, небаре му се прилепило како лишај на карпа и не знае како да го скрие од погледите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не знаеш што треба побргу да кажеш. Од каде и да почнеш, мора нешто да заборавиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред Њујорк имало некое островце — парче земја — и таму ги ваделе од бродот, и некоја комисија од не знам колку души доктори...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Си мислам, а не знам која мисла од каде ми се пријавува, од каде ми се прикажува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пела со восхит зборуваше за учителката, за неа таа била друга Богородица, сите дечиња за неа биле деца мои, исто како што ги нарекуваат нивните мајки, ја слуша и открива дека гласчето ѝ е милозвучно, лицето насмеано и мило, а тој само понекогаш ќе речеше дека не знае каква е неговата учителка, дека за тоа и тоа тие досега не зборувале, или дека нему подобро му е крај големата река отколку да оди на училиште.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зошто? Велам, не знаев ништо, а ете! Постојав неколку минути, но не видов никого.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И не знам што им рече и како им рече, ама луѓето од мојот Форум, неочекувано, ги исукаа мечевите и почнаа да се сечат преку зелената маса на која заседнавме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
ЈАКОВ: Не знаев дека и вас ве контролираат. НОВЕ: Уха.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Професорот по керамика, односно по месена земја и печена глина, не знаеше што е попрво: дали генерелот по кого како канија од сабја требаше да оди генералката, или генералката пред која како штит требаше да стојат еполетите на генералот, како лампиони пред петарди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вака изгледаа тие две нешта, за кои не знаевме што се, дали живо или неживо нешто, дали билка, животно или камен: Ни ги подаде чудните сочиненија, сите тринаесет еднакви, како од еден обид да се нацртани сите, и ни рече: „Гледате ли што има нацртано на книгата?“ „Гледаме“, рековме. „Дали сите исто гледате?“ „Исто“, одговоривме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Си треперела ли некогаш в грло како нож што не знае дали до дршка да се забуца во ленена кошула или свечено да блесне под болнички рефлектори?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Не знам што да направам за да ти помогнам, му велам јас на Мирчета, да појдеме кај Маса Ќулумоска, му велам, може таа знае некој маривет. Нека ти закуша, го наговорувам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам. Со денови, недели, месеци... мислам дека се месеци.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега не знам со кој образ да му се појавам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сети -дали се сети или сето време мислеше на тоа - не знаеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега знам што знам и колку знам, но не сум знаела колку можам да не знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден Хубер знае, а јас ништо да не знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам.“ „Не знаеш, ха, не знаеш! ...“- со тап предмет удира по него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Да се чекори и да не знае да си ги собере нозете, колената.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што е најважно, не знам како би можел да се вратам дома.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не се стеснуваше со него да зборува нашински; потоа, офицерот речиси не знаеше да ветува; ништо не тврдеше; а и вербата негова во некоја божемна праведност одамна беше начната.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ќе те средат тебе во војска. Ајде засвири нешто. МАТЕЈ: Не знам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Секаде е стакло, што се вели, не знаеш од кај да поминеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Чиј војник е, велат, чиј? - Не знам, велам, Србите го забраа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали беше за верување и денеска не знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Види ги ти Французиве- си помислив и не знам зошто ми стана смешно па си го замислив големиот секогаш сериозен Бертран потполно гол како со своето огромно тело ја покрива Изабел која стенка под него...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тој се чуди, не знае што ми стана.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мила тетко Персо, не можам да влезам во твоето срце, во твојата куќа, во твоето одајче, а за ова да не знаеш!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На Зоки му е многу тажно без Лидија. Тој не знае како да си игра кога таа не е со него.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Фатер Бен, ти не знаеш како танцува оваа дама, ти не можеш тоа ни да го замислиш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се собраа сите потерни одделенија во Полчишта, се врши иследување и се установи, дека тој што побегна е Толе од Крушевица, мајстор на качиња, букари, самари, ама тие — полчиштани не знаеле дека тој е арамија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не знам што е причина, та Билјана наеднаш да ме изненади со тоа необично прашање: - Тато, зошто некои луѓе ги сакаме повеќе, некои помалку, а некои не ги сакаме?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ги испитуваше копнените патишта, но тие веднаш му се покажаа поопасни и потешки за минување, особено за нас, помалите деца, кои не знаевме што е граница и зошто бегаме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А многу си ја поганеа устата Србите, многу пцуеја. И за арно и за лошо пцуеја. Не знаеш кај да ги најдеш. Дури ги научивме, само се тепавме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Можеби триесет и шест, можеби триесет и седум, се изненадил од прашањето Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знаевме за повеќе и не ни требаше повеќе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не знаеше зошто Полицијата на мислите би избрала да ги испраќа своите пораки на таков начин, но можеби тие имаат свои причини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што сакаш уште да знаеш? Кој број гаќи носи. Не знам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Иако овие информации Рада преку „шпионирањето“ веќе ги знаеше, само не знаеше уште колку е при крај со студирањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не сум сигурен колку една ваква последица, каква што е спречувањето да се појави насмевката, може да се земе како причина што ќе разјасни одредени случувања, но знам дека токму појавувањето на твојата насмевка на моето лице, ја чувствував како обврска. Како еден вид аманет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Турците ги слушнаа и ги боднаа коњите да ја прејдат барем Црна со видело, а селаните, не знаејќи оти Јован со четата влегува, се разбегаа кој каде види — долу река — горе река.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Извини“, прошепотев, упатувајќи ѝ еден кучешки поглед на каење. „Не знаев.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не знам што беше да кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па еднаш си велам: подобро што не знам, што не можам да ја погодам. „Стравот е страшен само за оние што му се плашат“ , си спомнувам на зборовите од Лазора Ночески и се враќам кај Здравко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Не сакав, вели, не знам и јас што сакав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кожата на врвот на показалецот стана жешка и отрпната додека го вртеше тркалото како ќе му дојдеше не знаејќи не ли промашил само малку пред тоа со иста комбинација.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мораш на сѐ да мислиш, што се вели, не знаеш како ќе те разбере.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И навистина ние не знаеме друга бугарска или друга славјанска покраина што трпела толку многу од честните фанариоти и грчките клефти (пропагандисти) колку што трпи западна Бугарија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Ти, изгледа, не знаеш што е тоа „промаја во фрижидер” – се насмевнав откако ѕирнав внатре. – Да видиш како е кај нас понекогаш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Ништо друго не ми е познато. Навистина не знам...“ реков, а гласот ми се слушаше не мој, туѓ.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама до неодамна не знаев дека сум ќерка на Добре, најдобриот човек на светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Бакардан? Што е тоа бакардан?“ се чудеше Ивана. „Не знаеш што е бакардан? А пакетчињата инстант палента, а?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Лесно треперење, некое развејување. Размислуваше кога беше почнало тоа, но веќе не знаеше: одам низ некоја улица и гледам една куќа и се сеќавам на некој замок, налик на оној во Фиренца, но тие се допираат само со еден одблесок и се гаснат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Божем таков маж, а не виде дека лажам божем умна а не знаев да ти кажам дека ноќе се галам со морската пена дека иста како сите сум. Во тело на девојче заробена жена. 52 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не знаеме како да се вратиме назад. Оди, оди пак на исто дојди. На исто место си се вратил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тишина. Наеднаш Фиданка Кукникова бездруго не знаела што да каже.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тие моменти не знаев дали е тоа комплимент или замерка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
ВАСИЛКА: Не знам... не знам... Ај збогум!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не знам како толку ме додржа умот да си признам дека згрешив и да му речам: „Слушај, се гледа дека сум ја оплескал, ама како брат ќе те молам и никогаш ова добро не ќе ти го заборавам, ама ако можеш да ме спасиш...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Тоа не е убаво, - ѝ велам, зашто не знам што друго да и одговорам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Стариот се смеел... Не знаел како да ја изрази својата радост.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И носеше турли турли халати на мучение: сабли, стрели, маздраци, брадви, коси, српови, ражни, пили, секири, тесли, брадви и вадици и другии сечива што ги никој не знае.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Никогаш не го прашував ни како се вика, ни што работи зашто еднаш или двапати го видов како стои во темен костум и бела кошула и си го чека директорот до автомобилот, а тој голем, црн и изгланцан, ја „мерцедес“, ја „БМВ“, не знам, па веднаш знаев дека е шоферче на некој голем буџа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Гледам, се завил над него еден облак... Голем, голем, темен, градобитен...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не знам зошто мојот Италијанец не ми праќа одговор...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сака да нѐ баци жената, а ние не знаеме што сака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите мислат знаат сѐ, а никој не знае ништо.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Самата Марија не знаеше со што го придоби Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Најпрвин не знаев дали тој тагува по тие што отидоа или заради тоа што тој и не е со нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Цело скопско корзо знае кој е Геро, само ти не знаеш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Лаже, викнал помодрувајќи до самата коса Гавруш Пребонд. - Лаже, ви велам. Од каква книга научил дека Фиданка, онака млада и врела, ќе се омажела за Доце Срменков?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Цел ден забава, се јаде и пие, а никој не знае чија е куќата и кој ги плаќа сметките.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не знаеше од кај доаѓа, од сон или од јаве.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дали во таа беспомошност викаше по нашата мајка, која одамна неповратно ја снема, или по Вера, во тој момент не знаев.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Колку што можам да си спомнам, ништо не реков за некаква љубов - се обидувам да ги отстранам впечатоците од некое мое однесување за кое навистина не знам како пристигнало до Борко!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Од лани се, вели Дуковица, ама дека суви не знаеме дали се отровни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Фиданке, дојдов. Штама, во селото како да немало пци. И пак извик. Погласен. (А ти, Арсо, начека село без кучиња!)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И поминаа денови и поминаа ноќи, а Трајко го нема и го нема и никој не знаеше каде заглави.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Беснееше таа сѐ повеќе, ама ѓоа не знаеше кому попрво да му се одмазди за својата мака.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Доаѓаа и разговараа над мене, не знаев кој и не знаев што, конечно легна врз мене мрак на треви или мека сенка на облак, или можеби ме фати стапица на недолговечна смрт, умирав, мислев дека сум мртов, дека смрзнатата кожа ми е гроб под кој веќе нема ни движење ни надежи, нема ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме јуначеше дека сепак можеби ќе им помогнам на заробените момчаци да се ослободат од Мортенија, за која не знаев што е, човечко суштество или злокобна мисла.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
ЦОНКА: Ајде, ајде, Поцко, какви се тие зборови!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Колку книги имаш прочитано, Филозофе, штом говориш толку мудро?“, го праша со лицемерна благост. „Не знам“, одговори Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
11. Не знам колку време вртевме по Љатиф.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Така е, - му велам не знаејќи што друго да му речам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Пушеа од земјени лулиња, тутун или сув лист - не знам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ах, ви благодарам, ви благодарам многу”, рече една од девојките. „Вие не знаете колку ни значи тоа.“ Хернандо се насмевна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А кога дојде генералот5 во Софија, вели, не знаевме кој побргу да се пријави за на Солун.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури еднаш мајка му, не знам дали по грешка, ме нарече со нејзиното име.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како сум можела досега да не знам дека до овој степен сум била опадната?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Јас ништо не знам за таа работа и со ништо не сум придонесол за исчезнувањето на било каков динамит“ - рекол тој.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мислам дека и тој знаеше дека знам, но ме молеше, со погледот, да се преправам дека не знам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас пак, не знаев што да кажам. Ги слушав сите, и сфатив дека не припаѓам тука, но некаква маѓосна сила, сила на слабоста, ме врзуваше со нив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се жали на ова и на она, на немаштија и на не знам што, а сака повторно да се жени.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
ОСТОИЌ: Ти не знаеш како се викаш! (Седнува) Пиев. (Пауза) Џабе пиев. Ни малку да ми се замагли пред очите. (Пауза. На Киро.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Никого таа не послушува, неа ни казни не ја вразумуваат, сè си тера по свое, тивко, мирно, ама пак по свое.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Не требаше да му ја дадам онаа книга“, рече Лу одмавнувајќи со главата. Не знаев за што зборува.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Да не знам дали лицето ми е налице или наопаку.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние, градските луѓе веќе и не знаеме за овие убавини. Но оди, измиј се!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На Арсо навистина не му беше добро. Можеби одамна тој боледува, а за тоа и не знаел.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се чувствува мек, бестелесен и тече в неврат, и не знае дали зад него не останува зелена опашка на ѕвездена луталица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
МАРИЈА: Ќе се вратите на вечера. АЦО: Мислам. Не знам. Не верувам дека ќе се задржиме.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Влегувала и со часови не излегувала. Дали молитвела, дали коленичела, дали липала и ја оплакувала својата судбина, никој не знаеше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- И после, кај отиде, вели Уља, не ми кажа кај отиде. - Никој не знае - каде, вели Огнен Ѓорго. Дури и тој не знае, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам како ќе ве пуштиме сами на летување штом сте такви. Којзнае каква беља може да направите. Довербата ја прокоцкавте – строго ни се обрати на двете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знаев како, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А братчето Коста? – праша Нумо. - Не знам што стана со него...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Божем не знае што доживеав, синиот пајак со златна глава ме праша дали спијам или сум буден.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Доаѓа секоја година по еднаш зборуваше таа а изразот на нејзиното лице и не знаеше за ништо друго освен за невиноста на потсмевот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа не знае дека кон него ја влече неговата желба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нема таков бедуин што крстари низ широките песочни пространства а да не знае за Едип карванџијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Одам меѓу нив и не знам што да им направам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Низ раце, меѓу дланки ми поминува глушецот. Не знам. Може да беше лисица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
24 февруари Мило мое дете, среќен ти роденден. Не ти испратив ништо, зошто, искрено да ти кажам, не знам ни каде си.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Човекот никогаш не знае што не треба да направи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам дали им се брзаше или беа задоволни од одговорот дека одам на гости. Ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја земав тетратката. Јас и не знаев што е тоа лексикон, ама не сакав да ја запрашам, не сакав да се покажам пред Анче колку сум прост.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Најмногу, се разбира, беа за тоа на Лумана да му се дојде до глава, ама тој ретко доаѓаше в село и кога ќе дојдеше, никој не знаеше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не знам дали од страв го направи тоа или од нешто друго.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Да си земам едно рокфорче. Така. И? – Па, не знам. Нагасаки? – Грешка. Невада, Хорацио, Невада.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Јас за него не знаев ништо, затоа реков оти малку го познавам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не знам што му е намигнувањето со очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам како да му викнам, како да му речам, што да му речам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Да беше барем подалеку.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој човек како да сакаше нешто да ми каже, нешто да ми соопшти, но не знаеше како.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Не тато, не сум, - реков, иако не знам што сѐ би дала сега веднаш да можев да се покријам под јорганот, таму да го скријам лицето.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нашето црвено ждребе, нашата улава стихија, кога би се сетило на овие ливади и на оваа месечина ноќва - тоа со еден единствен скок би ја прескочило високата планина на времето која нѐ дели, би ги прескочило сите ноќи, значи, и сите одминати години, и би се покажало од некаде, би се растрчало и потскокнувало, би виштело од радости, и не знаејќи дека со своите тенки копитца тоа тропа на вратите на сите кои растеа и трчаа заедно со него, заборавени веќе и покриени со крвавото руменило на залезот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На Стојана навикна како на другар и брат, но од Неда се некако му се тресеше душата и никако не сакаше да остане насамо со неа, макар колку да другаруваа. Не знаеше ни тој, ни таа што ги плаши толку едно од друго, но, ете така, просто се плашеа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Секако“, реков, „сакам, утре ќе ти го вратам.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сега тие не знаеја кога ќе се донесе одлуката и дали тие се вработени или не!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И тогаш нешто беше се изразила за мене, Ама ако: испревртано време, лошо, болежливо, и не знаеш што правиш. 150
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам кога ми се врати одново плунката в уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ништо не знае, како пион во партија дама што ја завршува партијата, а не ни насетува. Пионот Луис Марија, покрај својата кралица.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
ПАНАЈОТИС: Што ми вреди што ми кажувате дека има планови, а не знаете какви точно.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во тоа време Европа, ако знае дека се поминати шест или седум години откако Американецот Јозеф Хенри ги создал електромагнетите со голема сила (електричен мотор!), не знае дека во еден дел на Македонија мажите се впрегнуваат во рала и во двоколки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не знам! - рече грубо Глигор. - Знаеш!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Велам: и ако сум таму? (Зашто сето ова го мислам со тајната предност да не сакам всушност да поверувам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не знам што да ѝ речам, вели, ништо не ми текнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што правеа не знам. Со мене сетне стана друго.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
ТОМЧЕ: Од љубовта нема поголема маѓија и мака...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Никој во анот не знаеше што редеше Панде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ама тогаш, при таа прва средба уште не знаев со кого имам работа и се однесував како што сум свикнала понекогаш да се однесувам: едно да мислам, друго да кажувам, едно да чувствувам, друго да покажувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа не знаеше што е шиник, ама сигурно е нешто големо и тркалезно и мазно - без коса!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не знаеш што е, како е. Пустелија наша... 237
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И забележав како волшебно се менува бојата на гласот, тонот и што е тоа и не знам, ама кога ќе застанеа на ред пред дупката на стаклото и кога „шалтерката“ ќе подигнеше поглед кон нив, дали од тоа дека парите се на дофат од пензиската членарина, чекачот звучеше поинаку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Е, сега, не знам, вели, дали генералот знаеше дека нѐ лаже или и него го излажале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Единствени што навистина веруваат во фантоми се самите фантоми, како што тоа го потврдува прочуениот дијалог во галеријата на слики.** Ако во било кој поредок на фантастичното би го постигнале тој степен, Теодор веќе не би бил единствениот што застанува неподвижен, кутра животинка, посматрајќи го она што сѐ уште не знаеме да го видиме.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Суетата, онаа несовладлива женска суета, диво ја гони и Данче не знае за граница и мерка... Вечерва повеќе од секој друг пат...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Навикна на него како на батка си Јована и не знаеше кој ѝ е подраг. Не еднаш застануваше на Стојановата страна кога не се согласуваа за нешто.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Некој лелека. Ама никој не те слуша, никој не знае дали некој лелека или колите чкртаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За американскиот кич не знам многу.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
ДИМИТРИЈА: Не знам. АНДРЕЈА: Како не знаеш?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Навистина Симон“, рече едно време Коте Буџе, божем ништо не знае и ништо не чул, „навистина“, рече, „кога ќе почнеме со бунарот, да е за бериќет?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Прости им... не знаат што прават...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Имаше две момчиња од Свети Николе, мислам дека едниот се викаше Никола, ќе го заглавеше затворачот на пушката и ќе ме замолеше јас да го вратам, но да не знаат другарите за да не го зезаат после.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Зошто, - присторе Коте и одеднаш збунет не знаеше што да дорече. - Ќе ти кажам, - рече Проедросот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го вртеше главичето не знаејќи која постапка е најдобра за да го оттргне од заблудата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не знам дали се срами од мене, или од ветрот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
СТЕВО: Ништо не знаев. Со вас дознав. Жими сѐ најмило.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Можеби,“ ѝ реков наведнат над цедињата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Ти по сѐ посегнуваш. Ќе те убијам, ти се колнам.“ „Тикво зелена“, ме бутна на сламарникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знам зошто не ѝ се допаѓаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не знам. Но работава ми мириса на лошо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Не знаете? Ако, ќе научите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако мртвиот не дошол и самиот да си касне за душа, некој друг нѐ демне и ни ги мери чекорите кон неврат. Кој - не знаев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знаеше: да говори ли уште со неа, да ѝ каже дека металната болка во градите руши еден востановен закон.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Никогаш немаше да поверувам дека можам да направам внатре таква бура...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И не знаеш како се вика тој јад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Работам како улава, што се вели, не знам да забошотам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уместо предговор, увод и сл... Уште одма, на почеток, да се разбереме... Да нема после: не знам, не ми кажаа... Рукописот е пишуван на скопски сленг, али лајт варијанта.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Раце налактив на колената, лицето го покрив со дланките и чекам и така чекајќи – го дочекав првиот мрак, не мрдам, чекам и чувствувам како ме тресат морници, по стапалата како да ми лазат мравки и студот сѐ повеќе ми облева образи, прстите ми отрпнуваат, ушите ми горат и полека ме фаќа некаква дремка, ми се присторува дека се губам и не знам што време беше, кога почувствував дека нечија рака ми треси рамо, ме подигна и слушам женски глас да ме праша – кој си ти бре синко?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој не знаел што претставувале тие, но нивната таинственост му зборувала дека можат да бидат само нешто добро.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас навистина и најискрено мислев дека многу убаво ѝ прилега и дека е штета што не го носи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Веќе не знаеш од кај ти е понаблиску смртта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не знаеме. Плаче, - рече Малинка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
— Како другото, велам, не знам и јас што велам, начисто ми е оветвена главата, мозокот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да ги изговорам. Потоа не знам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А која е таа девојка? Се збунив. Чувствував дека се сцрвувам. - Не знам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Никој од нас не знаеше зошто логотетот го повика, но претпоставувавме дека сака да се увери во неговата духовна моќ.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не верувам дека утре ќе врне, реков.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не знам дали две години имаше: го нафатија некои мозолчиња, на слапој му се нафрлија, нешто како сипаници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ѓулсиме тогаш не знаеше што е тоа, таа трескава напнатост што јури главечки и слепо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не знам дали можам тоа сега да ти го објаснам, но не грижи се, сѐ е во ред.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога дојдоа утредента од власта да го сослушаат Бандо тој нишаше со главата: „Не знам што ми стана...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не знам дали вода им се пие, дали турипотпечи им се јаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го прашуваа за партизаните, за штабот, за претседателот на Месниот народен одбор, но тој спокојно им одговори: - За тие работи ништо не знам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Не знам од кај да почнам, велам, и пред секој збор повлекувам од цигарата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти присмрдува на тиња, на изгниена трева, на не знам што и не знам како.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знаеш на која страна си, во која длабочина под снегот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа е премногу за нас. Премногу. Не знаеме како да се однесуваме.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Оти има по планините лоши луѓе како Толета шо го рече сам, та го знајте и вие, го знае и царот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Краста (Ја гребе крастичката на долната усна): Глупости! Тоа го има само во бајките!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но кога стариот мајстор отвори уста и започна да говори, Веле истрпна, зечудено погледа во Аргира, не знаејќи што да мисли.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие беа рај за очајниците и безделничарите кои не знаеја што да прават ни со себе ни со животот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Дали сакаат сѐ да запаметат или не знаат како да се памети?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Како немам? Па, ти не знаеш каде се случи тоа! – се побунив – Нели се договоривме?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се сеќаваше, исто така, на Евразија и на Истазија; но која од нив војуваше со која, не знаеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го мамиш, го раниш сено, му постилаш а не знаеш кое теле.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се послужи и со некогашното негово црно Кате, но и тоа, од едно плачење друго не знаеше да каже.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние слушавме, гледавме ковчеже и златно клуче, гледавме, но не му верувавме зашто не знаевме дали тој буден сонува или засонет говори.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не знаеме како ќе е. На работа зборуваат дека може и октомври да биде топол.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Милка не може да си дојде на себе, се крши во себе и во снагата, си ги плетка рацете и не знае кому да упати друг вресок.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со страв на човек кој не сака да го остави своето месо на метални боцки, не знаеше каде да зачекори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш, во таквата ситуација, Дамческите не знаеја што да направат со Руса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не знам како ќе ги поделат Добата, кај Персијците што мечтаеле за летечки ќилими, или кај Кинезите што сите незнаено прославувале родендени и Нови години со долгнавестите пишкоти и вишните небесни ракети, или некоја минута, некоја неверојатна секунда во наредниот час.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не знам дали и Христос бил подготвен за толку отстапки?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Небо веќе нема, не знаеш од кај почнува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А татко ти, онака смотан, навистина не знаеше ни честито да се насмее иако убаво ги беше сфатил зборовите на дед Павел; само прогрофта нешто, промолви, изломоти, но зборовите не ги пушти да заживеат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се развесели. „Ме сметате за опасен лудак а не знаете што станува околу вас?“ „Што станува?“ го прашаа стискајќи го меѓу себе и кикотејќи се безгласно, само со тешките раменици на кои можеа да ја држат земјината кугла.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зборот, само игра на случајноста или трагач по загубениот поларен свет: помеѓу јатата ситни птици на островот на смрзнатите водопади, со патишта што треба да се изодат пред да станат проодни А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, раскрилен бран што срчено ќе го крепи Ноевиот ковчег во водите без граници Или само фрлен зрак врз твоето мрачно лице што не знае каде спие, кај се буди, А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, потоната надеж и измолкнат крик од молчеливите води.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Марија не знаеше дали беше подобро што не ѝ кажа на Елена, макар оддалеку, за ситуацијата во која се наоѓа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дали имавме време за одмор? Не знаевме што е тоа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
ГРИНАВЕЈ: Покрај тие влијанија („Седмиот печат“ на Бергман, Ален Рене со филмот „Минатата година во Мариенбад“, Борхес... - заб. на прев.), од практична страна, не знаев како да почнам и бев во недоумица, како многу луѓе што денес ги среќавам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
По тие зборови девојките почнаа да се тресат. Ги зафати некој необјаснив студ што излегуваше низ отворената врата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оливера ми кажа дека некои деца биле уште уплашени од војната и дека не можат да спијат, а кога ќе заспијат викаат во сонот и бегаат од постела, се кријат под креветите, некои само да чујат брчење на камион или трактор, и ќе почнат да скокаат низ прозорците, си мислат авиони и тенкови идат и ќе се пикаат по грмушките, ќе се тресат ко пилиња, негователките ќе ги бараат, а тие ги затвориле ушите и очите, само устите им стојат отворени, ама пак не се оѕвиваат, не се кажуваат; оти не се оѕвиваш ми вели Горачинов, кај беше досега отидена, ме прашува, по ортомата своја, му велам, и јас не знам кај бев, а надвор се смеат, на вратите од кабините ни напишале ,То долапи ефтихијас"18 и се смеат,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И не знам дали јас го усвоив него или тој мене, тој збор, тоа нешто, организер.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од нив да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритмот на животот според Неговите формули - класово изедначување на расите и...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дури и сега, кога размислуваше за тоа, не знаеше што се случи непосредно потоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И Мајка, која ги допрати до капијата не знаејќи што се случува, се смири кога Татко кусо ѝ рече дека брзо ќе се врати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Не знам, - рече Најдо гледајќи пред себе. – само ти кажувам да се имаш на умот, зашто сѐ бидува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Гостинот ќе помисли дека не знаете сами ни чашка да си порачате.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јас?, се зачуди тој. Јас не знам што мислам, вели.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Овде е човекот што изумил совршена машина, рече царот, и уште прашува што сторил! Ниту тој самиот не знае!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тие не знаат кого го оплакуваат, ама си прават редови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека Раиз ме информираше за настанатата ситуација, ќеркичката Јета се беше оттргнала од неговата рака и се беше доближила до војникот со бајонет на пушката.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не знам дали тоа ќе се случи денес или многу подоцна, тоа го знае само Севишниот, но кога и да се случи, мило мое, прочитај го ова што ти го оставам како единствено наследство што можеш да го имаш од мене и пристапи ми на судниот ден како дете кое за прв пат се соочува со животот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со парче од керамитка на еден камен од ѕидот влечевме црвена црта и со неа ги бележевме деновите што одминуваа и секоја ноќ сонувавме камиони што нѐ чекаа за да нѐ вратат дома, зашто беше речено дека по дваесетина денови ќе се вратиме... не знам зошто и не знам кој ни рече дека тука ќе дојдат камионите и тука секој ден ги чекавме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Богдан гледајќи како се витка гола и како се умножува во огледалата, му стануваше уште поубава и поопчинувачка; не знаеше на кој дел од нејзиното тело побргу и повеќе да му се изнагледа и изнарадува; му се чинеше како првпат да ја гледа, како да не е таа Марија, ами некоја самовила што маѓепсува и излудува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гардистот со зелени заби се поклони пред чудовиштето. Веќе во следниот миг клечеше.- Ова е нов рудар, возвишена господарке.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Не знам, - рече Барбут- бег зад мене. – Бездруго е јануари, околу Бадник. –Зошто прашуваш?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не знам сега што јадат војниците, Јон мој. Ние се навикнавме и на помија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не знам... Не ми беше згодно, - вели тихо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не знаеше дека пред тоа треснав со плешки на земја заради истоштеност што почнува кога ќе ти се стори дека колениците ти се испразнуваат и стануваат клобуци од коска ненадејно истанчени пред некое распрснување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сака моќно, јако. Тоа не знае секој. Така да носи, љубов во ракав.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Документирањето на еден настан е како градење на куќа од тули кои не знаеш каде се расфрлани низ историјата. Не знаеш каде се, а треба да ги најдеш.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Потоа настаните почнаа да се одвиваат како на грамофон со труба, на напуканата плоча ставена на погрешна брзина: предвоениот доктор заедно со својата животна придружничка реши пензионерските денови да ги заврши во родното место, кое сметаше дека најпосле заслужило славниот сограѓанин да ги остави своите коски на прадедовските гробишта штотуку здобиени со нова реформистичка управа; младата мајка се уштутка во одеднаш испразнетата куќа, со доенче во едната, а скрипти во другата рака, не знаејќи дали попрво да готви ручек или да пере пелени, па најпосле најми дадилка и се префли на фармација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пред тоа не знаев дека човекот на јамка е повисок отколку кога е со стапалки на земја. Толку паметам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Тоа сега не е ни важно… Се враќаш денес.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не знам каде, не знам точно до каде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа попладне Џон Биро дојде кај нас со својата чеза и ѝ го покажа на мајка ми коњот што бил украден и вратен. – Не знам што да мислам, – рече тој. – Коњот е посилен од секојпат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За третиот и самата не знам што да речам: сум била убаво повиена и оставена пред црковните порти во Чифлик.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А имаше едно војниче, Крстивое Пешиќ, чинам се викаше, па тој, не знае кај да се скрие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Другарите не знаат што да прават со мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќерка му се превртува во својата постела и залипува, а човекот не знае - на сон ли плаче таа или будна е.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сеќавање за стихотворбата Детето, синот, напиша стихотворба. Вчера. Можеби и завчера. Не знае точно тој кога.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не знаеме ние, ние сме прости, пуштете нѐ нас, оставете нѐ нас на мира, ние во ништо не се разбираме, ние во ништо не се мешаме. Како живина?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Оваа пролет и черешите не знаеја колку да раснат! Пукаа од здравје!“
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И таму, од онаа страна на ритчето имаше гробови, а чии беа, не знам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ридот со неколку дрвца стрмно се качувал кон својата гола грпка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знаат да почекаат, вели Катина Егова.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас го вртам јазикот, осолен од крвта, и не знам да си ја најдам вратата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мортенија, за која пред тоа не знаев каква е, не беше ништо друго туку чудовиште од кое и камен ќе се наморничавеше.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не знаеш ни што горело тука, ни до кај можело да свети... Пустелија...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
M Нора, одреден дел од таа, хм, скопска сцена во тебе гледа сосема автентична ноќна кралица, снажна, пред сè, мошне талентирана, прилично информирана, но и сиромашна ко Снежана и за сега без вистинска шанса; сето тоа само ја зајакнува аурата околу тебе или, обратно, те слабее?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како да ви кажам што сум кога ни самиот не знам? Не можам.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
1. Не знаеше каде се наоѓа. Претпоставуваше дека е во Министерстото на љубовта; но немаше начин да го провери тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нешто сакаа сите да навестат НОВИНА... ама никој не знаеше каква. Блажина сети во утробата Невена.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Бргу-бргу изминало по патот, здраво и живо. Каде одело, што одело, не знаеле, не го прашале.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Стојам така обесена на патериците и не знам кај да се свртам, како да се преместам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А се закатани и заб ме заболе. Катник, оздола. Ме клука, дури в теме ме удира. Не знам кај да се свртам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ракијата ти го земала умот, та не знаеш каде се наоѓаш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Може и Горачинов да не знае каде е...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Предел На Ефтим Клетников Има еден предел во кој секому душата е море и каде никој не пие вино и каде никој не знае што е правда и неправда што е никој не знае ни што е добро - ни што е зло - ниту пак знае сведок што е и обвинение што.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
За соништата знам онолку колку што може да знае еден буден бдеач – за соништата не знам ништо.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Томето го гледаше немо, изненадено, бледо: „Татко, јас не знам како сум можела умо да му го свртам, кога јас со него еден збор немам разменето, освен оној пат кога се запознавме кај стрико Ѓорги.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Глупаво, нели? - Не знам. Тоа е некој нов нагон кај тебе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Никој не знаеше и не можеше да ја разбере Бошковата тага.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Оттогаш ја добива целосно својата смисла симболиката на водата, со едно езеро синоним на чистотата, појавено многу време пред човекот, со својата разбранувана вода која, откако ќе го напушти својот вечен резервоар, не знае граници.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Имав едвај петнаесет години кога забременив. Бев девојче кое не знаеше ништо за забременувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А не знае ни за каде, ни за кого...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знаев дека во одредот е и ќерка ми, та затоа се занишав, зачекорив и ми се стемни.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Тоа е тешко, велам. И минатиот пат инсистиравте на тој ваш редослед па видовте колкави беа недоразбирањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Него си го присвои Тахир бег Јаузоски. Вие, Јанчевци, рече, не знаете да гледате.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога Никола Влашки ја крена дланката од моето чело спомнувајќи не знам каква болест и присеќавајќи се на не знам какви треви и пелини, некаква милолика женичка ми подаде чаначе со надробен леб во млеко и лажица од жолто дрво и нешто кажа - гладен е, или млекото лекува, или - живите боледуваат, мртвите гнијат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Војските, вели Мисајле Ковачот, не знам кои војски, вели, дали бугарски, дали српски, германски, арапски, француски, којзнае. Иделе некои големи војски, вели, бегале и краделе и палеле...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам колкупати сум го спомнала, реков. Тоа нема значење.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не знам како сум дошла овде, кај сум била досега, кон кај да се свртам сега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Осум, девет, десет такви, безшумно шетаат низ мистериозното дрво и неговите гранки, целите испаничени.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Почна да се тутка, не знаејќи како да почне.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Треперам и не знам што ќе речеш кога ќе споменам дека ѝ го знаев и името, кое пред тоа никогаш не бев го чул.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не знам од кај се најде, никој в село не остана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Значи, тамам почнав да мислам кои градови и држави сум можела да ги научам играјќи ја играта, а да се поврзани со Индија се сетив на првата грешка што ја направив со Игбал при запознавањето и решив да му признаам: - Не знам ништо за Индија – реков искрено и олеснително здивнав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А потоа наеднаш ќе зажубореше но одвај чујно нејзината расчувствувана сомилост: „Можеби доаѓаше, мило, само за да ја погалам, но јас не знаев или не умеев тоа да го забележам?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Вие ништо не знаете, вели Јон, вие не сте го мрднале газот од крај огниште.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така бркани од силниот аскер членовите на востаничкиот штаб — Сарафов, Гарванов, Тале поп Христов, Лука Џеров (без Дамета), со стотина свои истоштени четници, — седеа еден ден под широките ели на Копанките, под самиот врв Кајмакчалан, длабоко замислени, не знаејќи какви мерки да преземат барем нивните глави да ги довардат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
СТЕВО: Не знам како се случило, но имаме начин да се провери.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Еднаш баба му му се налути на Зоки. Веќе не знам зошто беше тоа, но му рече: „Срам да ти е, Зоки, не зборувам повеќе со тебе.“
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
4. Новото куче што го купи соседот Лешо не знам што сорта е.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Го спасивме Клевтис, но не знаеме што да правиме со народот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одевме така, не знам колку, оти времето стоеше во таа светлина; брзината беше бесмислен поим во тој пејсаж, во таа атмосфера на гаснење; веќе одевме кон еден од последните свиоци, пред Велес; отприлика беше некаде околу седум или осум часот, и пред нас веќе се појави мостот, а веднаш зад него тунелот; тоа беше класичен железнички мост, со метална конструкција од левата и десната страна, како коридор што веднаш се влеваше во утробата на тунелот, во неговото темно устие; и, во тој момент Земанек зад мене рече: „Гледај“. „Онде, долу“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ѓувезија Дубровска и Сија Хаџибанова беа зашеметени. Гледаа насекаде и не знаеја што да одберат понапред за гледање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не знаеме, велат, да не се, не дај боже, во Воркута.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И да знаел нешто и да не знаел, не е тоа најважно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не знам што ќе правев, вели Никифор, ако те стрелаа во Костур?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никој не знаеше до кога ќе трае, но битно беше, колку и да траеше, да се искористи да зајакнат нашите животи, да се префрлат од детството во младоста, од младоста во зрелоста...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Книгите на вашиот татко, клучевите и огледалото на вашата мајка се здобиле во извесна смисла со жива душа со оглед на вредноста што овие книги, овие клучеви и ова огледало ја имале за нив.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дали дека пак почна да се повраќа фронтот, да наближува? Не знам... ***
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чудна работа. Не знаев дека Симон е уапсен кога со тракторот застанав до куќата, но мртов да сум, ако не осетив некоја вомјаза.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тие не знаат дали е сосема така, но така зборуваат, божем се скршила милоста меѓу вас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Заклучонаја Тимјановна! Не знам како дојде да ме презиваат Тимјановна, а не Абазовска.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седнавме. Кузман ми намигна. - Мајка ѝ на Милка. Не знае.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сувопарен си, ми рече. Не знаеш да сонуваш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чуден е, Не знаеме што би дале само да го видиме насмеан.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Немаше среќа со саканиот. Трагаше по кој знае што и не знам кој е крив за неуспехот на нивната врска.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Се вратив, а не знам зошто…,“ рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ама нема што да правам, не знам што да му помогнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој е овде, во мојата ординација. Епицентарот! Не знам што да правам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А тоа наше штедење е за да бидат нашите чувства подлабоки и повозвишени, наместо така плитко и ниско да се потрошиме во животинско задоволување.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ништо не ми е украдено, ниту пак нешто имам за криење, ами дали навистина некој можел да ја гибне пљачката или мене така ми се причинува – не знам!“ рече Едо брезничанецот и пак продолжи на начин на кој како да му даваше време на авторот да се соземе: „Ако бил некој, кој може да е тој и што барал да ми влегува дома!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Господине, Би ми било тешко сега да се сетам на пасажот, зашто не знам во која од вашите три книги се наоѓа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Портирите се нарочни луѓе, и јас не знам дали ги спечалив, но тие многу ми помогнаа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јас не знам што да земам побргу и само пушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Јас одговарам за тоа што го напишав“, реков гледајќи низ прозорецот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Стојат на улицата и навистина не знаат што да прават. А така убаво ја беа почнале играта!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Да не знам што да очекувам. Низ врата кој ми влегува.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Главно зборуваше за својата голема тага, за тоа како ја будат среде сон гласовите на несреќата; го проколнуваше оној „кој му ја фрли смртта в прегратка“; но како што минуваше времето не забораваше да забележи дека нејзин Ролан таму горе сигурно е задоволен бидејќи на неговата могила секој ден осамнува свежо цвеќе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само се вознемири од помислата дека Рози можеби лежи до него на креветот, иако од нежножолтата светлина, што отсјајуваше на таванот, можеше да потврди дека надвор сонцето грее, но не знаеше колку е часот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со бес во утробата што му се крева до повраќање, и со метеж во мозокот што не знае каде му е главата, Баге се метка по улиците на градот како билјардска топка под последен удар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако не знам некој друг работа, ами вие сакате мене да лажите на мојот занает?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но тој, се тргна од поворката и замајано тргна кон чаршијата, и сам не знаејќи што бара таму.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Инаку, ви испраќам малку бомбони да се засладите и едно ново кафе: кафето е од таму кај вас во Европа - од Швајцарија. Не знам дали го има во Македонија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Толку знаат, му велам да знаат повеќе и за нив ќе биде подобро. Тие не знаат што да сакаат, велам. Тие никого не сакаат, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
(Манастирот. Евто подготвува малтер. Михајло седи со врзани раце и очи.) ЕВТО: Како не знаеш кој те врзал? Кој те тераше да доаѓаш ваму?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не знам дали досега веќе кажав: Фала му на бога (или ѓавол да не земе) што постои таа политика, тие национални и либерални, та животот станува спротиставен, па затоа и жив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со два уќумата, селаните не знаеја кого понапред да го слушаат и на кого понапред да му даваат маст, сирење, овци, кози, говеда и свињи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Толе не се пофали оти тој е најарен, но ја кажа правината дека Крсте Попов, иако е во трето одделение, поарно знае од Трајка Јанов и другите од први клас и го викат учителите да им раскажува кога овие не знаат некоја лекција, за да се засрамат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во нашето претставништво доаѓала и самата не знае колку пати за да бара помош и разбирање.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Му велам на добронамерниот човек, му одговарам: - Не знам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Погледнете ги оние мрсулави студенти од приватните колеџи кои не знаат ни врвци од кондури да заврзат, а треба да бидат движечка сила во општеството.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Докторот Грличков ги креваше рамињата, како крилата оние мали птици од гнездата, додека се подучуваат да полетаат: „Не знам, навистина не знам, госпоѓо, како можеше самиот да си стори толкаво зло!“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Владеела некоја очна болест, не знаат точно каква; според кажувањата, мене ми се чини дека умрело од леукемија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не знам колку време стоевме така загубени. Јас и Оливера Поточка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овде не знаат да живеат.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
„Мислам, дали децата знаат.“ „Не, се разбира дека не знаат.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Луѓето се мирни, сонливи, и не знаат да кажат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не знам од која причина но Трајчеица и од мене криеше кој сѐ го посетува гробот на Генералот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Што ќе помислиш кога ќе речеш пушка? Кажи, ти. - Не знам... - Не знам, не знам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Уште од раѓање сум Дедо Мраз, не знам зошто, ама тоа си е тоа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Тој не знае, ти знаеш си рекол навредено човекот со коса слична на петлова креста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама, уште ништо не знае, не му се сите на број.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Мори, мори, Рожденкината ќерка, ошче во пелените почнала да везе! — ја озборуваа Доста по чешмата невестите чии ќерки ни по десетте години не знаеја ни да везат ни да бројат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не знам дали Билјана добро ме разбра.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И веќе не знаел и не можел да види дали таа дошла до прозорецот, дали ѝ се распуштени косите како густ злотопад над соголените раменици, дали ги кршела прстите преплашено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Војните никој не може да ги предвиди. Приходјат. Уходјат. Не знам!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Сега пак да бегаме, вели Јоше Свирачот. - Кон кај да бегаме, кога не знаеме од кај ќе дојдат, велиме. - В шума, вели некој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Една влезница добив јас, а втората ми ја жртвуваше браварот Васко.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не знам како да излезам, како да ја искачам нагорнината. Потерата ни е зад петици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овие козји суштества, со чија свест како да беше слеан, му покажуваат дека не знаат за безнадежност. Од нив црпеше сили да истрае...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Каде оди? - го прашав. - Не знам. Не кажува- рече.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И додека родителите спиеја не знаејќи што се случува, и додека куќата спиеше, со сите свои автоматски пекачи и прислужници, и роботските чистачи во своите електронски сништа, јас бев загледан во блескавите зрнца на метеорскиот прав, кометината опашка, и органското тло на далечниот Јупитер, сјајни како и самите светови што ме влечеа на илјадници километри во вселената, со страотно забрзување.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога избива војната во 1914 година, се пријавува како доброволец во австриската војска, каде што служи артилерија, прво на Источниот фронт, а потоа во Тирол, каде го заробуваат Италијанците во ноември 1918 година.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Заедно со војниците е и кметот, па често на плачењето на мајка ми, одвраќа: - Не знам ништо...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ѓоа не знаат дека дождот е сеќавање на времињата кога имало сонце.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тој продавачот многу крадеше од продавницата. Без исав, и затоа кога ми дојде мене еден од тие агентите да ме праша да не знам нешто за таа кражба, јас веднаш му реков оти што Коле ги украде и некој друг.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас не знам што е оваа работа, што нѐ заборави детево!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не знам што да направам - и плачам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ додека не го изговори, тој не знаеше кој збор ќе го каже.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Скитник со мислите, збунет како куршум што не знае каде да удри.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не знам како се отвора устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зошто ромбови? Не знам. Не сум прашал никого што би знаел да објасни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не знае поради што, ама никако да го прифати како нормално дете кое оваа есен за прв пат треба да појде на училиште, особено не може да прифати почесто да се гледааат со Пеличка, нејзиното срце слути само лошо, чувство што не сака да го сподели со Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Куќата ни е срушена, немаме веќе ништо, не знаеме каде нѐ водат, толку нѐ тепаа и нè бомбардираа што ни се чини дека сите го изгубивме разумот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И кога тоа задушување станува неиздржливо, тогаш проговорувам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека се обидував да го протолкувам реченото кое оставаше многу празнини, бели страници кои можеа да се исполнуваат со различна содржина, главно како претпоставки, а јас не бев склон на таков вид размислување и градење односи со луѓето околу мене, Ема се надвисна над бирото, поземајќи ја пепелницата и, свртувајќи се, повеќе несмасно отколку планирано (така ли беше?, не знам!), со врвот на цицката, потприбрана во тесната блуза со длабоко деколте, благо ми прошета по надлактицата од левата рака.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја гледа Глигор и не знае сон ли е или јаве.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Инаку не знам кое време е. Дали е зима или лето, напладне или навечер.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Да гледаш тело синово ко камен фрлен крај патот, гроб да му утре не знаеш, со цвеќе да го покриеш, со солзи да го полееш, да гледаш а да не можеш, да писнеш и да прозбориш на последната раздела.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Само една ги напушти своите деца и слезе во Скопје, каде што остана кај некои свои роднини.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мајка ѝ не знаеше како да ја изрази благодарноста кон него, што ѝ ја врати ќерката, здрава, дома.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не знам да лажам, велам, многу му се лутам на татка дека не ми остави лаги.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Хм, што ли бара таму? ... - Не знам. Влегуваше во неа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Колку што се сеќавам од преголема возбуда дека сум фатил птица, не знаев убаво да ја држам, та набргу штом ја извадив од клопката, таа ми првна од рацете и одлета на блиската слива.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Тие од војнава не знаат ништо“, светнаа јадрите заби, „Кои тие?“ праша тогаш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не знам точно да си одговорам, но барем имам право да поставувам прашања.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Друго не знаеја, оти во последно време мрежата на селски поткажувачи се распадна – некој ги пробил базите на податоци во Министерството, им кажаа, и се слушаше дека почнале да ги ликвидираат, еден по еден.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега веќе ништо не знам да кажам повеќе за оваа метафора зашто ова е сонување, но кога ќе се разбудам, ќе морам на овој сон да се сетам и, ако се сетам, ќе успеам метафората да ја опишам од што ќе произлезат и објаснението и значењето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не знае по која песна да оди, по чии зборови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лежеше, седнуваше, стануваше, се обидуваше да откорне стракови папрат, ги маваше мравките што патуваа низ тревата, грицкаше горчливи тревки, а не знаеше зошто.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Може да се забележи дека оние што припаѓаат на толерантни вери се обично покорисни за својата татковина од оние што припаѓаат на верата што преовладува; бидејќи, оттргнати од честа, не можат да се разликуваат поинаку отколку со своето богатство и имот, тие се присилени тоа да го придобијат со својата работа, и така што ќе ги прифатат најтешките служби во општеството.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не знаеше што е тоа што го натера да го истури овој порој од ѓубре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Шута, целата сум исшутена, не знам што да правам. Не знам што да облечам, што да обујам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се удирам во нешто, ама не знам што е. Човек ли е, дрво ли е, добиче ли е? А пука и земјата и небото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас не знам што прави ноќе, ама сега видов дека само кога јаде, не држи цигара в уста.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како од клун да им го зелов зрното...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Сакаш нешто да каснеш? – ми вели. Не знам зошто тоа прашање ме израдува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Откако каменоделците по непресилената пијанка во манастирскиот двор отишле во пештерите на местото Богородица да удираат со чекани и да вообликуваат воденички камења за четинестите туѓостојбинци од некое село за кое тие и не чуле, се случило на еден час пред заод Арсо Арнаутче да ја сретне Фиданка Кукникова со нарамник гранки на грб и да ѝ помогне благоглаголив да ѝ се врати верата во луѓето - жена е, и светците ќе се симнат од икона да ѝ помогнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оваа моја мисла пајакот ја сфати како прашање.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не знам колку оваа нејзина умешност беше резултат на нејзината возраст а колку на премрежијата низ кои беше минала.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Не знам! Не знам! Истражувај малку, следи го ритамот и тропањето и ќе заклучиш, дали клучот го имаш само ти или и некој друг, - му одговори Рада кратко и мудро.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не знаеш и до кај си жива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никој од нас не знаеше што всушност бара Филозофот, оти молчалив беше и малкуглаголив, и упорен: она што ќе го намислеше го остваруваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луѓето излегоа од зачадената колиба и не знаеја што да зборуваат, на што да се радуваат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- „Треба да се вдише свеж воздух - тоа е најдобар лек“ - ги слушна старецот зборовите на Вадим.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не знам сега што да направам. Ја држам така за прстите, се држиме двајцата за чепот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го акнав по глуждот оној што одеше пред мене, а тој ми се сврте и, држејќи се за удреното место, плачливо праша: - Копиле, зар не знаеш да маршираш, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Марија - Јана. Јосиф - Симеон! Ти си кретен, свети духу, мислеше и не знаеше што мислат за него сите оние од Нојовиот ковчег собрани како штаб за да го судат за дезертрство од човечката кожа, за ноќно `рзнување и обеспокојување на сѐ што е живо во тој библиски кораб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од каде доаѓа, не знам, Знам оти по мене доаѓа, Знам оти во мене пропаѓа Со капките, стапките Ангелски, може Господови, Небесни плодови, тркалезни Мазни, немирни, проѕирни Сочни плодови. Господови.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Не знам како се здавија, некоја политика бистреа со сливова ракија, ама, каков што беше сперлив, им скочи...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Читателот не знае дека во телото на ламбата се наоѓаат две мали камери.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не знам од која причина но тој ги повтори уште еднаш познатите наоди: дека вратарот изјавил оти преку ноќта портата не ја отварале а и утринава ја нашле заклучана; притоа и објаснувањата што ги добил од дежурниот лекар Јованов се движеле во слична насока.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако е за право, не знаеме политички јазик, немаме своја литература, што се вели, терминологија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Седете ми со здравје, деца" — „ај ми со здравје, дедо", си отиде дома, се понавали на рогузинчето крај оган и предрема некоја декика или саат, не знаеше ни сам колку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па ќе фрлаат разни порези и прирези по куќите: не знам за Црвен Крст, не знам за Народна одбрана, за ова, она...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И додавајќи дека сето тоа било точно запишано, точно како што се еден и еден два, во тефтерот Акиноски, кој тој лично не го видел но од друга слушал дека постоел, вели Шоона, не знаеле ли старите наши како што знаеме ние денешниве, кога се збратимувале да со едните де со другите, дека ако ти го извади брат окото, има да ги го извади најдлабоко што може да биде?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Маќеа сакаш татко да ни донесеш, сакав јас така грубо да му речам, но во тој момент ми излезе пред очи ликот на учителката Вера и не знам зошто тоа „ маќеа“ не можев да го поврзам со неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Веќе не знаеја како да се викаат едни со други, па продолжија да си се викаат со своите рисјански имиња, само што пред Петрета, кој сега стана Музафер-ага, подзастануваа, се потпрашуваа како кој се вика и добро се чуваа да не згрешат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И не знаеш од кај иде така: од невремето или од бога.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му заприлегаа на браќа и тој се расчувствува, не знаејќи ни сам од што, од нивната сонлива молчаливост или од студениот изгрев, чие раѓање дури и птиците заборавија да го поздрават.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не знам колку време бев така наведнат; кога се исправив сета соба беше в пламен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Молкна и авторот. Не знаеше или не веруваше дека било кое прашање би имало смисла. Молкот беше долготраен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега не знам како да кажам, ама ќе кажам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што не знам, нема и да кажам. 55.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знаете ли што сакате да сторите со вашиот живот? (Пауза) Не знаеме што сакаме да бидеме, а одеднаш нешто сме.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Да не одеме повеќе таму? - А каде ќе се наоѓаме? - Не знам, и тоа не знам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вели: Ме гледаа чудно! Па, тоа е малку да се рече. Мисли, луѓето не знаат што е топорење!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Ако не знаеш ти и господ не знае, му велам јас оти господ знае за нас само колку што знаеме ние за него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А народот се раштркал и се распрснал, не знае кој пат да го фати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакаше малку да си играат ама не знаеше дали Ане е лута или не.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Зборувајќи сешто, без многу да размислат некои од македонците, понекогаш како намерно да си создаваат сопки на самите себе си: се увредуваат како нација, се понижуваат пред другите, сѐ со цел да му угодат на гостинот или соседот, величејќи го него од почит или не знам од која причина?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Ама не знаеш ли? И Сламеното Мече е болно од грип како мене!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Зашто, што е најчудно, и тој самиот не знае за ова големо патување.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Не знам ни лозинка, ни знак, ни ишарет. Ќе нѐ изрешетат. Мораме да чекаме да се раздени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сатурн сакаше да ја употреби својата вештина за забавување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Затвори му ја устана на дерлено, вели Доксим Тренчески, не знаеш кој ќе го чуе гласот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бугарите првин се чудат, не знаат што е, се двоумат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам како се воздржав и останав неподвижна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Значи не оној од импровизацијата од пред малку туку од еден вистински разговор што го водевме гласно и со толку добро запаметени зборови што и денес можам да ги видам како да се забележани или изрежани на некоја карпа или на некоја друга цврста подлога.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Какви се овие луѓе, Доце? прашал со стрелушење. - Гледаат под очи како да дошле да ограбуваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Домаќинлакот беше поврзан со кафето, а не со не знам колку илјади евра во домашното чекмеџе.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Но можеш да имаш, нели! - Не знам ...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тргнав во еуфорија кон скалата, со чувство дека сум семоќен, ја зедов (а и самиот не знаев, во тој миг, зошто ја земам), ја кренав и на ум ми дојде луда идеја: „Ако можам со моторот, зошто не би можел да стојам во воздух и со скалата?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој вистински разговор всушност му претходеше на оној, замислениот, и се однесуваше токму на таа тема: каква помош смее да очекува синот од таткото во моменти на загрозеност?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не знам, но во лавиринтот јас влегов како Ема Ендековска, со силна страст и енергија за успех.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кожата ми се ежави кога ги слушам твоите бабечки стравови и не знам какви уште дивотии! - се лути Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но со пилињата цели приказни распредува, како да разговара со малечки деца.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Работиме, жнееме, молземе, сириме... Сеното го собравме, лето е па не знаеш што побргу да фатиш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Акција, другари. Секавично ќе дејствуваме. На препад и - магла. Братот сѐ испланирал.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И потоа како да се окуражија: во ист миг посегнаа и ги позедоа чашите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ми е страв да влезам наеднаш, не знам како ќе го најдам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Гледајте! Гледајте што прават! – ми вели како божем ни лук јал ни лук мирисал, а јас знам дека тој ми ги скавжи луѓето само не знам како.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сум одела, а да не знам кај одам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А за луѓето? Какви објасненија, навистина, да се дадат за нив? Не знам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И, ни самата не знам зошто, ѝ ставам во рацете шишенце со маслиново масло.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Сонуваш да се ожениш а не знаеш дека таа девојка е ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стоеше меѓу обесените бравови, и самиот небаре обесен на ченгелот од бегот. Само што не знаеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не знаеше колку долго остана таму; во секој случај неколку часа; без часовник и без дневна светлина му беше тешко да го мери времето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
па еден ни ја обелува: вие сте шпиони, вели, аман, бре господине, какви шпиони, ние сме сиромашни луѓе, не знаеме да бидеме шпиони, сите ќе одите на стрелање, велат, ако не признаете, велат, сите до еден ќе ве стреламе, велат и грмотрн им излегува од очите, ете сега, море бургија, не знаеме што да признаеме, тропаат тие, пампара - пумпара, шикли во чибук, а ги гледаш и тие - сиромаштија, ама не си ја гледаат својата, туѓата ги плаши, ние сме биле шпиони и од нас ќе им пропадне државата, копуци...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пак не знаеше дали дедо му е крив или не.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Тоа Маврово сѐ расипува. Не може човек со тебе ништо да се договори.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој немаше никакви поплаки. Не зборуваше ништо.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Значи, седам во мојава соба, на прозорецот, гледам во потокот, Борче, не знам што му текнало, учи нешто во неговата, т.е. во собата на брат ми, што е сега привремено негова и, веќе реков, ги имам сите предуслови да бидам сосема среќна, а не сум.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас, со прво, не знам кај сум и ги тријам очите да ми се расчисти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Добар деееен! - ме пресече вибрато на 90-годишен старец кој пред врата се беше изложил на срамежливо сонце и кому му се чинеше неизмерно здодевно. Не знам дали одговорив.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тој ден ги имавме решено сите крстозборки што се најдоа кај нас дома, на телевизија на ниеден канал немаше ништо интересно, по сто пати ги преслушувавме најновите касети што Борче ги имаше снимено, и не знаевме што да правиме од досада и од жештина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никогаш не знаеш што раниш дома: човек или шпион.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едната е незнаењето, да речеме ако Итар Пејо не знаел да брои.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ама не знаат кон кај да одат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Е, тука, богами“, рече расмеано и некако со распашано поведение, задоволно кревајќи ја сега веќе втората чашка ракија и завалувајќи се во столицата, „Е, тука, богами, Тито се има сопнато“, рече, „ама уште не знае што трн во ногата си ставил!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еднаш, кога се обидував да објаснам како се случи тоа мое кумство, поточно да потсетам на некои поединости од таа ноќ, Катерина се однесуваше како да не знае ништо за овој настан а притоа нејзиниот поглед беше исполнет со непотребната спремност да ме придружува во лагата што божем ја смислувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа беше безгласно смеење на човек што не знае да заплаче, туку, сеедно, и на друг начин го искажува својот јад.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Да, така рече и Сврдле. Е, а тие не знаеја како да ја изненадат Земјата и како да најдат помош.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ми се врти ко на трчање, што се вели, да не знаеш кај си подзапрел, а каде си продолжил.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога и како – не знам, ама тој да ти се поврзи со некои арамолепци по селата околу Лиманци...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мачорот Ловџија не знаеше дали да се лути или да се смее, но брзо го фати глушецот и слатко си го изеде пред вчудовидениот мачор граѓанин.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Какви времиња се, човек никогаш не знај шо го чека.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Уште мајка ми велеше: „Кога се раѓа женско и стреите плачат“. Јас тогаш не знаев оти така ми вели мајка, ама сега знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знае старецот дека ништо стварно не руши, дека сето ова е пуста борба, руши само неколку пусти илузии, а тие и сами од себе, нечујнонезнајно за никого, ќе си умреа, како и толку други што си умреле.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
ЕВТО: Рајна?! РАЈНА: Не знаев ништо. МИХАЈЛО: Го внесовме однадвор.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не знам што мерка ама кога видов јас така, му го дадов тој стрептомицинот на шоферот. Го познавав.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Знаеш што е мажот ти, сега, вели војводата, или не знаеш? - Војник е, велам, а не знам што велам. Што да речеш ќе згрешиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја гледаш се тепа од плачење, а не знаеш зошто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЗАПИС ЗА ТРАГИТЕ Мајсторон што си потпевнува качен на скелено - не знае, егуменкана што шета низ дворон манастирски - знае, намерникот молкум сега што одминува - не знае, старецот преплашено што гледа во залезон - не знае, јаболконо што се ниша зацрвенето во дворон - не знае, и ѕвездана што сега паѓа од небеснине длабочини не знае Каде е Таа, тајно од мене што ја наслови мојава песна и со години ме остави да чекам загледан во ветрон што ја разнесува правта на нашата прошетка по земјава, каде е?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ги стегнаа татка му и стрика му на Толета, но тие ништо не можеа да кажат, бидејќи ништо и не знаеја.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најголемата мистерија на праисторијата – ужива во нејзината збунетост, се повлекува на чекор од патеката, се провира меѓу грмушките и оттаму, го стивнува гласот: - Никој не знае што бил...цицач, или можеби гуштер...нема останато ни ковче од него. Освен траги.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не знам какви спомени понесоа во животот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Светот, сам по себе, е лавиринт, зашто човекот не знае од каде доаѓа и каде оди.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не знам зошто имам чудно чувство дека секој ден ми доаѓа судниот ден па се наежувам од уплав и морници ме полазуваат и се замрсувам како долг многу долг и излитен конец јазли полн, а трпение немам да го размрсам!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Беше затишје од борбата, не знам и јас како беше, и еве го Никифор Абазовски кај мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Винстон не знаеше што значи тоа, освен дека на еден или на друг начин ќе се оствари.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- На кого му раскажуваш - мене? Да помижам ли додека баеш?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Хм, не знам што ломотам....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Меѓу две молчења – ќофтиња во сос и троа вино. Без кромид, оти ни господ не знае која може да налета баш кога си нагнетен кромид.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Ништо не сме се договориле! Не е тоа за девојчиња – отсечно рече.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знаеш како ќе те затекне, кај ќе те изненади.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, кај Капиштец се возбудија, тргна бабата нанапред, се турка. Нешто се случува, сфатив, ама не знам што.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Ништо не знаеш ти за моето заточение во Сахара.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А бре тија не знајат за исав, бре!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеби говорот на престарениот Симон Наконтик траел подолго отколку што Јаков Иконописец петпати ќе можел да се смири на јамката, и на слушателот му здодеало да завлегува во тајната на семоќната судбина па се свртел решен да го чисти патот од камења или, можеби, се разжалил над самиот себе и се расплакал или кажал и самиот нешто големо, умно, нешто што никогаш не било запишано во црковните книги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога се освестил, го прашувале за сѐ и за сенешто, а тој занесено и преплашено раскажувал како да бил потонат во некој сон: - Ме фатија некои одзади, ме стиснаа со шамија за устава, очиве и повеќе не знам ништо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во моментот кога секој испитаник ќе седне и ќе почне да го разгледува часописот се вклучува ламба на масата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Значи, намерно или од некои други причини, Стојна се обиде да одглуми дека го заборавила првиот случај и писмото што го испрати се појави (но не знам кој го виде) дури по случајот број два, или, преведено на обичен јазик, со десетина години задоцнуваање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И, бидејќи ме чита дека мислам оти не е фер, тој се обидува да се оправда: „Дете, јас не им штетам, тревите секако ќе им помогнат, па ти не знаеш дека барем пола од нив се враќаат да ме почестат бонбониера и тоа од оние скапите, ’Гриоте’ и ’Бајадера’, полн ми е подрумот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Една мисла ми ја поматува среќата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ниту една единствена не знам ладнокрвно да раскажам бајка.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Ништо не знам“, рече Сатурн. „Побарајте ја во Сарагоса.“ Ја спушти слушалката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потем се соземам несвесно се враќам со временската машина во виртуелната стварност и продолжувам да си играм да се занесувам оти како инаку ќе преживеам Мамо - не знам!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не знам кон кај паѓам, ама паѓам надолу, а надолу дно нема, земја нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знаеш што да земеш побрзо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не знам, вели Здравко, нешто ме врти во мевот. Наопаку ми го врти мевот, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И намерно не знаат како се викал, едни го крстат Григорие други Георгие, и намерно не знаат ни од кое колено на Акиноските бил, дали од првото што се доселило во Потковицата или од некои од подоцнежните (и покрај што настаните, видовме, укажуваат на првото, врзано е за првите доселеници Турци во Потковицата, конкретно за Арслан бег, но кога човек ќе му обрне внимание на тоа, тие, за да му дадат уште поголема зачуденост на сето ова, за да ја изедначат сета таа историја со божје претсказание, си плукаат во пазувите, крстејќи се бошотат нејасни зборови и избегнувајќи да одговорат или да го продолжат разговорот, итро и брзо ја менуваат темата) но бил стар, мошне стар, и праведник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кој е повеќе за Русија, кој е повеќе за Америка? (Пауза) Да ве немаше вас, не знам тоа како ќе се одредуваше, мајката. Немаше да се знае кој е што. Немаше да има хи-фи. Вака има два.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Дали добро јуреше автомобилот - не знаеше, бесен и луто напрегнат само ги чувствуваше од обете страни оловните колкови на болничарите и полудуваше од смислени одмазди за овој жиг отпечатен врз неговото чело.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Некои од нас сонуваат необични животни со гриви возвратени околу вратот со набрекнати и за кас спремни бедра како млади гиздави девојчиња со копита за долги копкања суштества што ’ржат и се пенат од милост што се топат суштества на јаве невидени невјавнати, на лов неоднесени би рекол и незауздани, неоседлани неразждребени а не знам од каде ми навираат зборовиве непознати како животните и бистрооки.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Тоа – не знам. Едни велат политички, други велат за шверц. Со пеницилин, со девизи. Не знам...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бол, повторена возможност на заборавениот Лозан Перуника кога ни го викнале да чекори со оние што ја пребарувале густината на леските ни му покажале стражарско место да го демне призрачето на гаќи од кои се мавта учкур како памучна сабја на смешен, потсмешлив или исмеан делија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Така ти треба, - свика Величе и веќе имаше камен во раката, само не знаеше на која страна да го џитне.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Поправо, сѐ ни текнува одеднаш и не знаеме што да прашаме побргу.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште не знам дали сум удрена од некој куршум, дали сум погодена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Сметав на тебе – ме потсети на она на што требаше самиот да се сетам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Те молам кажи ми од што проникнува мудроста во тебе, од каде ти се познати правилата на однесување, бидејќи ти не знаеш ниту да читаш, ниту да пишуваш, а сепак можеш, праведно да се поставиш, да расудуваш?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не знаев што да ѝ одговорам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не знам дали дека ме апсат или за мир и демократија во светот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да му се наметнува некоја ропска, слепа послушност на дресирано куче: ако му речат - касни, ќе касне, ако му речат - задави, ќе задави. Заради што - не знаеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нѐ бркаат отворено, велат, не знаеме што да правиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние тогаш ја сопиравме и не знаевме што се случува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Девојките ги собраа веѓите и не знаеја што да направат. Беа нерешителни.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
а отспроти Паун Радевски ја пресоставува песната „Ена карави апто Пиреја“ и, наместо еден брод тргнува од Пиреја, тој пее „еден брод со нофисти17 тргнува од Драч во незнајно“, ааааа, тис, си пее „ена карави аптом дирахион пуехи меса Нофитис“, си пее, а нас ни се приплакува, морнарите не знаат зошто ни иде така и нѐ бркаат од палубата долу, во утробата на бродот нѐ слегуваат, кај котлите, кај машините и тогаш Паун Радевски запира со песната, се истава настрана и настрана нѐ гледа,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одиш заедно, а не знаеш кој е до тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Единствена промена, за која не знаеше однапред каква ќе биде, и единствен знак на живот во таа изумреност наоколу беа само оние неумоливи и во секоја идна ноќ сѐ поостри и побезбедно гладни и силни писоци на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Онаа Илинка, жената на Крсто касапот, не знае ни доброутро да ти рече, ни добровечер, а со неа разговор да поведеш како по коприви боса да прошеташ.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Жими вера и имаат право. Таков магаршчилак да се токмит кај нас, а ние да не знаеме и да не кажеме, навистина за бесење сме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Молитвата на Проказник не ќе ја повторам, не ја слушав и не знам кој копаше нов гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ТОМЧЕ: Стојанко, зошто така зборуваш? Си чула од мене такви зборови?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Не лажеш, ме прашува Мирковиќ. - Јас сум селанец, господине, велам, и јас не знам да лажам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Ти се привидува” реков „Несреќно вљубените имаат нездрави очи. Не знаеше?“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И почнува веќе да зборува: „магарешките сливи магаре ги посадило, може од голушката на магарешки измет никнале“ , зборува и веќе не знае што зборува, се губи човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Којзнае колку време така, да не знам за себеси.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Дали на 10 ноември 1937 година на свеченост во Ерусалим при која Метаксас е воведен во Златната книга и држел говор во полза на идеите на Ционизмот, Вие држевте беседа во негов прилог?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не знаеше: ја демнеа, и таа во тој час не можеше да ја разбере смртта, од која скоро ослепе и оглуве.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И сега не знам дали сум се разбудила или само сонувам дека сум будна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште не ме виделе, не знаат дека пред нив има човек...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Молчи болниот, молчи сликарот. Цели пет века. Папсуваат од молчење.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Одам: лева нога, десна нога, не знам која нога ќе ме задоцни. Мислам: мивка, бришка сум станата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас уште не знам каква болест е тоа, ама веќе наголемо слушам и гледам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам дали е в ред да се прекорувам себеси дека моите последни навраќања во Книгоиздателството што се наоѓаше веднаш зад Камениот мост биле поттикнувани и од љубопитството да се осветли уште некоја дребулија од минатото на човекот што ја беше отфрлил мантијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ама знаеш како е, Бојанчо, непознати луѓе. Нека ми прости машково, ама не знаеш кои се, од каде се, што луѓе се.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја притисна кон себе и ѝ рече: „Како би било твоето име нагалено?“ „Не знам“, му рече таа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
идат сега полицајците на Јанис Метаксас и ти дежураат пред устата, под ушите, не смееш ни кучето со свои зборови да го повабиш, ни козата да ја искараш, оти не им зборуваш грчки, ти велат, моето куче не знае грчки, им велиш, мојата коза не разбира, полицајците и оддалеку знаат на кој јазик зборуваш, по отворањето на устата знаат и идат право на тебе и во отворената уста ти плукаат и после ти ги кршат забите и ги бришат словенските букви од црквите и од гробовите,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сопнал а можеби и сакал така да се случи, не знаел (најпосле тој трик можел да го научи во лесновската шума од неуморниот заведувач Арсо Арнаутче), паднал повлекувајќи ја и девојката со себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Настанот од приказнава се случил пред пет векови. Во Илјада и не знам која година.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не знам што ми останало од животот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги стискав забите за да не се насмеам. Не знаеја дека го запрев дишењето легнувајќи на дното на реката.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гледаа во водата под себе. Ја мразиш ли? повтори. Не знам, му одговори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„За тоа прашај го докторот“, го посоветуваа другиот. „Ние сме болничари и не знаеме сѐ.“ „Болничари“, зачудено зина. „Мислев дека сте епископи.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дали истата си била уште од првиот ден или настанала подоцна од силната сијалица која го осветлуваше - тоа никој не знаеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Беше таа некако сожалително настроена спрема мене, не знам зошто, и ме гледаше како што се гледа сираче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не знам до каде да зборувам и колку треба да кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш му се наложи потребата од туѓа помош, зашто самиот не знаеше што да стори. Но да се довериш не е лесно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Молчев, иако знаев дека не знам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но баба Донка не знаеше ништо. Таа не може да се изначуди на нивната добродушност.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Не знам како е поарно да се умре: Намерно како јунак или ненамерно, како згазена бубачка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никој не знае да објасни точно ама сите велат дека спиралата расте. Спиралата на омразата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Можеме да зборуваме и без да се видиме. Но за што? Не знам, признав. За утрешниот плисок од облаци?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Кои луѓе? - Сите. Најмногу трговците.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се прераскажуваа по не знам којпат истите случки и настани.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се чуди, се уми. Не знае шо да прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тогаш, низ пламен, јас сам во пламенот ги фрлив и расото и крстот но приграбив дел од свитоците кои сè уште не беа зафатени од пламенот и легнав врз нив, јас Антонио, сега стракче трева изгорена меѓу дамнините и заборавот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сенката ми ја затворија ја врзаа оковаа за вечни времиња што не знаат ни сонот како расте ни денот како вјаса.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
- Не знам! Мислам дека не забележав таков каков што ти ми го опишуваш. - Рада уште малку глумеше „лудило“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еднаш дедо ми падна од јаболкница врз пресна лепешка.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Саноќ да се тресам да не знам што е на мене мое.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Тука ќе спиеш ти, а овде јас - покажа старата. - Не знам сега, ако те бендисува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А кога истрча на улица, не знаејќи кај да оди, се усмери на дуќан кај Тимона; вчеравечер кога се разделуваа, Максим им рече дека ако им притреба за нешто во текот на утрешниот ден, то ест во саботата, таму да го побараат, на дуќан кај Тимона.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не знам зошто мајка ти е толку задоволна од неа кога постојано забошотува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
— Не гнаси се дека образите ми се извалкани од солзи, вели мајка, и не знае кон кај да тргне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Верувам , и самиот не знам зошто, дека некој над чашата приклал верверица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не знам за каков привид можеше да станува збор, но наеднаш ми се пристори дека буквите што ги пишуваше Грофот, ги имав видено извезени на мали картички, помали и од личните посетници.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Имав видено во нашиот двор како петлите се качуваат на кокошките, кај соседите имав видено како се објагнува овца, но во човечкиот живот многу нешта се поинакви отколку кај птиците и животните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- А не кажуваш зошто! Не кажуваш...! - плескаше со рацете Јана - Или не знаеше дека некогаш, а можеби и сега во некои делови на земјата прстите ги заменуваат зборовите?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Не ме допирај, не знам кој си“ – чувствувавме дека таква е смислата на не секогаш пријателските мрморења на некои од ранетите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Најпосле, чедо, не знам друго што да ти речам и да те учам отколку што сум чул од татка ми, Бог да ми го прости.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Имав грижи, а не знаев да ги дефинирам!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ете, во такви околности Иван ги спомна сомненијата околу можните причини за бегството на татко му и за таа можна разделба за која ништо не знаев, ниту пак можев нешто да претпоставувам, а веројатно и Иван не знаеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој не гледаше и не знаеше, но и кога знаеше не сакаше да знае, кој затворник за какво дело лежи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одам сега во Корча, во Албанија, и јас не знам кај одам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во спарните ноќи, ако не го вклучиш светлото, можеш да видиш животинки на дрвото. Посуми.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не знам, мојот млад пријател, дали и колку би можел да допре до овие мои размисли за некогашниот Пасаж? (Дури и гласовите на продавачките што некогаш шетаа зад витрините повторно се овде.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Му кажуваа дека е тука и Добра, сестрата на Пелагија, со малечката, мајката на Ангелина, Тина Гледачката, која сѐ уште е избегана малку... оти видела цела чета глувци како излегуваат од нивната бишка, а за Ангелина, велеа, не знаеме ништо, само се надеваа дека и таа ќе приправи, што ќе прави ваму сама, телото се исушува како слива и после оти саде коска ја фрлаат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Ами оти не гледам, му велам оти не знам кај одам?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не е за смеа, - рече дедо Геро и се сврте кон децата: - Еве што ќе ви кажам: ни ние не знаеме сигурно.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сега тој веќе не знаеше ни кој ден е откако беше дојден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но не мислам исто и за неговите бладања во „Журнал”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не знаев што да кажам, не знаев што да мислам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
— А зошто си в затвор? — И за тоа не знам, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никој не знаеше од каде дошла, ниту како дошла, па првиот податок за нејзиното пристигнување е службениот записник кој самиот го издиктирал по разговорот со неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас само можев да ги слушам, да јадам или да спијам и да не прашувам ништо - прашав, ми кажуваат а ме заборавиле: сите се мачевме исто, секој се грчеше од своја болка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Всушност моќта на чипот е пренесена од духовната моќ на човекот иако тој не знае ни како ја добил ни како ја изразува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Најдов... - Каде? - Другарите ми дадоа... - Кај нашле тие? - Не знам.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Танасица не знаеше ни што да рече ни што да прави.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сакаше да го допре оружјето, да си поигра со него, не знаејќи сѐ уште за неговата намена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие би можела да ги напишеш, а музиката не, затоа што не знаеш како.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сега и јас не знам како беше песната.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не знам, така велат .. Утре ќе разбереме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
МИТРЕ: Не знам богами, ама страшна пара донесол! (Зема цигара од табакерата која Анѓеле ја има оставено на миндерот пали и пуши, рашетувајќи се по собата како не токму во умот).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не знам кој го виде, кој го кажа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
СТРИКО КОЉО: Не знаеш ти. Не помниш...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не знам точно колку часот беше. Мислам дека беше 5 и 20.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бевме во добата на невиноста, кога душата уште е мека глина и не знае дека еден ден ќе се претвори во камен или во посна земја; бевме во онаа доба кога душата е глина која лесно може да се стопи со сродна душа, и од двете да стане едно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Полека ја одвоив мојата глава од неговата глава.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оти никој не знае што носи трудницата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знам дека некаде имаше ракија за недајбоже, ама сум сметена. Не знам каде е оставено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не знам дали би можел да ви објаснам. Многу нешта ме привлекуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш, меѓутоа, јас не знаев да ја читам азбуката на телото, иако во некои нејасни претстави нејзиното тело го споредував со вжарен запис од некое непознато писмо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Измамените измамници не престануваа да колнат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Дедо попот чита од Евангелието, сѐ по ред запишано од Апостол Марко - како што се случило на тој Ден - ВЕЛИПЕТОК - мачни страдања на Богочовекот... молитвени зборови од СИНА до ТАТКОТО - ОЧЕ, ПРОСТИ ИМ ОТИ НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се почувствува слободен, одврзан, без нарилник, без самар пашито добитче, ждребе, јаре, теле. Не, не, нешто уште послободно: срнче, еленче, сокле кое не знае за никакво ропство ни ограничување; кое никој не може да го задржи кај што ќе сака да оди, по земја или по небо, преку планини, преку реки и мориња, на крајот на земјата и кога сака пак да си се врати во седелцето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чиниш, од неа бараа благослов за благ и спокоен ден. Каде живееше Кијмет никој точно не знаеше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дедо Трајко не знаеше да го цитира Рацин, ама муабетот му врвеше во таа насока кога ќе сакаше да каже дека жолтите отрови, на млади години, не му биле непознати.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ја фаќам под рака и се влечам како посран гулаб. Не знам што да кажам, а и се срамам пред луѓето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не знам колку време сум одел со спиење, ама ме најдоа паднат. Ме разбудија некои наши војници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Иако тезата тогаш беше необјавена (подоцна ќе биде објавена делумно во Париз), не знам како беше стигнал во Албанија еден примерок, за да биде прочитана и да биде утврден мојот нов „грев” кон татковината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не знам... не ми е гајле. Некако веќе, нема да успеете. Нешто ќе ве победи. Животот ќе ве победи.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Раскажуваше полека како да се плаши да не се засркне од многуте зборови, го гледаше настанот и се гледаше себеси во тој настан, со жестока горчливост во гласот се исповедаше пред седуммина гости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знам дали ми рече така.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но ние, впрочем, сосема го бевме напуштиле значајното лице, кое, всушност, одвај да не било причина за фантастичниот правец на инаку, сосема вистинитата приказна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ме палат и не знам кај ме водат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Всушност не знам и не е важно дали продавницата е голема, но во неа има што да ти душа посака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Овде некрунисан крал е неприкосновениот Тим Хортонс. Тоа е ланец на (не знам како да ги кажам) точилници на филтер–кафе, со дополнително пригодно мезе у облик на крофни алиас „донатц“ и жидовски ѓевречиња попознати како „бегалци“.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И кога пак на грчки ѝ го читале писмото за двајцата внуци кои лани останале меѓу карпите на Клефтис во Грамос, дека и тие јуначки отстоиле за славата на Грција, тогаш нејзиното срце не дознало гордост, не почувствувало достоинство, туку се згрчило во непреболот и во навредата затоа што тие, имајќи своја земја, свои корени натопени со крвта на толку други јунаци, во писмата и пишувале оти загинале како Грци за Грција, а неа затоа што не го знае грчкиот јазик и в црква не го разбира попот грчки и не знае на грчки да му се моли на Бога, ја презираа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Војникот ме гледа од вратата, ама не знае што зборувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали ми поверуваа или не ме разбраа не знам. Самите завеслаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не знам од каде толкава милост кај нив, не знам кој ги научил толку човечки да ме гледаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Каде е Љатиф? Не знам, вели Ариф, одамна не сум го видел.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ВЕРА: Ќе помогне ли? БАЈАЧКАТА: Не знам. ВЕРА: Па зошто тогаш сето ова? БАЈАЧКАТА: За да поминеме од редот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Веќе не знам од кај сум и каде?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тогаш Никифор, не знам што му текна, ќе ми рече: Од ова не се умира, но за ова се умира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
БОРИС: Е, колку пишуваш ти! (Пауза.) Јас разгледници пишувам со печатни букви, не знам што да напишам. (Пауза)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Запалив цигара во движење, го почешав носот, ја почешав брадата. Не знаев што да правам со рацете.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Потоа мравките замолчаа. Не знаеја што да прават.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не знам што повеќе ме погоди во исправката: фактот што стариот грешник станал грешно место или прашањето што се уште ме копка - за кој среќник скопскиот саем таа вечер беше бил вистинското место?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
„Никој не знае како ми е на душава”, рече Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Луцијо, ѝ реков. Веруваш ли во реинкарнација?“ Таа гледаше во мене долго, и потем рече: „Мислам да.“ „Мислиш или веруваш?“, прашував. „Не знам“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Имавме одредени сознанија за предметот и дека тој постои“, изјави за Дејли. „Не знаеме ништо повеќе од тоа.“28
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И јас не знам што беше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- ПРОСТИ ИМ, ОЧЕ, НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ! - воздивнал ХРИСТОС - СИН БОЖЈИ - ама ЧОВЕК и со болки ЧОВЕЧКИ... ********
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Бог, се разбира, можел да постапи како сака, тоа е во неговата моќ, и не знам дали заради тоа може да му се оспорува добронамерноста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И луѓето под небото се во голема мера исти - насекаде, низ целиот свет стотици илјади милиони токму вакви луѓе, кои не знаат за постоењето на другите, одделени едни од други со ѕидови на омраза и на лаги; а сепак речиси сосем исти - луѓе кои никогаш не научиле да мислат, но кои натрупуваат сила во своите срца, утроби и мускули, со која еден ден ќе го превртат светот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние, засрамени, не знаевме како да му кажеме зошто сме дојдени.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Улерата си ја зела косата и си коси војници. Сите се заедно, а никој никого не знае, митокос, вели. 127
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Децата, заумени, по едно време станаа и тргнаа надолу влечкајќи се и ни самите не знаејќи како ќе му пристапат на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нешто ми недостасуваше, а не знаев што... Се згрутчив, се стопчив, ама не се стоплив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А причината беше Малчо Златотворецот, но никој не знаеше за тоа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Нѐ јадат шенци во кланцањето и веќе џагориме прекутрупа, не знаеме да се почекаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А знаеш ли што ми рече вчера еден од оздравениците? Не знаеш? Е, па слушни.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од така потопениата во вода `ржаница, откако добро ќе искиснеше, наредниот ден, околу мала ужина, правеа јажици и тоа, правењето на јажици,како и врзувањето на снопје со нив, беше мајсторија што не знаеше секој да ја прави, туку само најопитните.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Е, знам кај припаѓам, ама не знам кај сум.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Тогаш што е тоа, тој принцип што ќе нè победи?“ „Не знам. Духот на Човекот.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А беше добро, си зборуваше сега Змејко, сам со себе, добро беше што ја фрли мистријата и што замина по коларот, додека некој по тебе запраша од скелето: „Што зарем ти не знаеш?“
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не знам, велам, сѐ ми е празно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја губи врската со пријателите од Кембриџ, а Расел во фуснотата на „Воведот во математичката философија”, која е објавена 1919 година, признавајќи дека на важноста на поимот на тавтологијата за дефинирањето на математиката му укажал „мојот поранешен ученик Лудвиг Витгенштајн”, додавајќи дека не знае дали Витгенштајн го решил проблемот на дефинирање на „тавтологија”, „или дали е воопшто жив”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Не знам? Што ви се јаде вам? - насмеано ѝ одвратив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не, рече, јас не умирам. Во мене умира нешто и јас не знам што е тоа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Последново време не знам како да разговарам со тебе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Клементина коментирала: „Па тоа е балкански Вавилон!“ Мајка не знаела тогаш за вавилонското проклетство на јазиците.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Толку за сега. Потаму ќе ти јавам ако излезе нешто ново, а и ти веднаш чини абер ако забележиш нешто слично во твојот мудурлак".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аха! Не знаете, а? Добро, добро! — Па се провикна кон собраните селани: — Абре ѓаури, ќе прашам сега нешто вас и ако не излажите мене ќе пуштам секој дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си бил некогаш вљубен? - Не знам - излажав. - А сега? Не си? - Можеби не сум.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И ми раскажува мене, во тајност, божем не знае дека 3 минути не можам тајна да сочувам, а јас фаќам белешки од нејзиното раскажување и едвај чекам да испијам едно кафе со сонувачот, кој веќе глава на перница нема да стави без неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Зборувањето наближува, а јас не знам, дали не дослушувам или зборовите ми се непознати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стоеше, гледаше де во мене, де во гранчето со цветчињата, и како да сакаше нешто да праша, но не знаеше како.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Ти не знаеш, бегу?“ „Знам,“ рече бегот и воздивна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бевме веќе готови да излеземе од куќата, го подготвувавме стадото и нешто друго што имаше останато во куќата кога дојде Цале Ангеловски кој ни паѓаше некој роднина, но не знам што, и му вели на татко ми ...а бре Митре да не си полудел, кај ќе оставиш татковство и ќе одиш во друга земја?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ете, за пример, јаска ниту аз, ниту буки, ниту глаголи не знам... - Не знаеш, ама глаголиш колку за половина село...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Билјана стои, ги гледа цветовите и ми се чини за момент не знае што да прави: дали уште да се распрашува или да оди пак да бере.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не знам што се славеше, но сигурен бев дека ечеше познатата Смоук он д вотер, а некој од гостите силно го наруши континуитетот и ја рокна Сузана Газова од дивидито на мојата дневна соба.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ние со сестра ми не знаевме што е тоа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
БОРИС: А стаж и пензија? МАТЕЈ: Не знам тоа како му е регулирано. (Пауза)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сега не знам зошто одбивав да излегуваме ноќе - заради својата зафатеност или заради сјајот во твоите очи?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не знам!- одговорил овој. - Таму нема доволно место - дополнил аптекарскиот помошник“ 147.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се радуваме и не знаеме колку ни е доста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Без гласник времето е глуво, спие светот, и не знае ниту за нашите злости, ниту за тоа дали бог еднаш донесената одлука, од која се тресеме, најпосле ја сменил...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веројатно некои од присутните си дошепнуваат: „Остави го, неприпитомено дивјаче“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не знам како сум измрдала, како се истргав тогаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам кон кај трчам, ама трчам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Па како да ти кажам, Ѓорѓевице... Не знам колку е вистина, ама се слушна и тоа стигна до народната власт, дека Васил ваш, дезертирал, значи избегал и...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најпрвин таа се тргала од него и се лутела што ѝ здодева, не била таа не знам каква секој да ѝ го попречува патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Каква стара куќа какво Маџар- маало! На нејзино место се оние огромни банкишта, зарем не знаеш?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Часовите во училиштето не знам како минаа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Не знам дали ја доживеав пролетта или само ја сонував.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И, се чини, токму во моментот кога тој штамата во мракот ја имаше проникнато до нејзиното можно дно, чу... Не знаеше што чу!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- А, - рече бабата, - не знаете вие, Зоки умее да брои до десет!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- А ти - ѝ возврати Душка - не ми се прави невина како ништо да не знаеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не знам колку има значење, но гледам дека не е и без никакво значење што потекнуваш од онаа страна на реката, од местото на познатите крвави гумниња на кои со години вршеле твоите Кочови предци?“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На екраните за евиденција на народот се пренесуваа слики од згрозеноста на лицата на нас кои овде седевме и ништо за тоа таму не знаевме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Неговите зборови се обичен шепот на песок што се осипува, а неговата рака посочува кон градбата зад него за која изгледа и не знае дека не постои.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не знаеш како шета, вели, и не знаеш што држи в раце: дали секира, дали срп, дали коса, дали тесла.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите се тие копуци, не знаат друг пат освен оној што ги води дома. Толку е нивното знаење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никој не го спомнуваше „Чуварот на сонот“, зашто не знаеја за чудниот продавач на петли, од пазарот за пердувеста живина. Продолжувам да спијам, но не сонувам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не знам во кој век и ден, во кожата на некој друг, сме ја доживелае или сме ја слушале прикаската за ковчегот на ветропирестиот Демофонт што му го подарила жена му на Филида да го отвори по една година од неговото одење на Кипар: кога ќе ја изгубиш надежта дека ќе ми се вратиш, ѕирни во него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Си помислив: „По какви сѐ свиоци татко ти ќе ме поведе само за да ми нашепне што точно мисли за таа Пелагија што божем се изгубила на не знам која улица на Одеса“. Бидејќи, да се разбереме, Пелагија била убавица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Искрено одговорив: - Почитуван Министре. Не знам што ќе ми донесе иднината во вашата сакана земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
БОРИС: Учам и јас па не знам. Тој не знае кој сум.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Јас му велев дека не знам по патишта какви и незнајни штичката сама се беше вратила во скрипториумот; но тој не сакаше да чуе, па и натаму ме биеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе никој не знаеше за каков попис се работи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И мислев дека коските ми се без тежина, ветришта свират низ нив, ќе ме покријат, заспан и без соништа, без треви и без облаци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зар мислиш дека не знам дека, штом ќе ме видиш, без мене не ќе можеш ни да дишеш!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Бојан не знаеше и не сакаше да се задлабочува во тоа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа е лудо. Јас не можам да плачам, зашто не знам каква ќе биде иднината, можам да бидам само оптимист.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ништо не знам, велам и липам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во истиот миг му падна на ум дека не знае каква боја се очите на девојката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа, во својата ни најмалку декларативна поетика, авторот е толку самосвесен за творештвото како свест за оние предели за кои веруваме дека се вечни: „Со моето сведочење во вид на писание дека некогаш сум бил, всушност, јас и посведочувам дека сѐ уште сум жив, но дали на овој или на некој друг свет, не знам“ (Писание за ѕвероглавите и мојата смрт).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Навистина не знаев што да речам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Не занесувај се, мајче, со народни лаги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никој не знаел од што е, сѐ додека на дното од ќупот не нашле грлушка од дренка.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Јас не знам дали имав десетина години, а Давиде беше, речиси, момчарак, ама ништо не му помагаа годините.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А дали воопшто, се прашувам. Ни тоа не знам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Е, па војна е, му вели Мисајле Ковачот на Јошета. Куршумот шета, оди, вели, и куршумот не знае кого ќе го погоди.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Најпрвин беше замислила еден сосема класичен и глупав почеток: директорот на училиштето да им се обрати на учениците и родителите со свој говор (сите знаевме дека тоа е неверојатна глупост, оти Фисот не знаеше да срочи повеќе од два збора на хартија, и тоа под услов да бидат напишани во два различни реда; тој имаше страст за решавање крстозбори и анаграми и сите имавме впечаток дека допрва ги учи зборовите како средство за изразување).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мене ми се лутат, а не знаат дека само јас ги бранам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си купив рало квалитетни, жолти чорапи, евтини. Не знаев каде да се упатам.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
— Ништо не знаеме, ми велат, ние чекаме вие да ни кажете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ох, тој не знае во што е неговата грешка!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да бегаме што побргу, - им велеше Тане на селаните. - Не знаете што значи вулкан.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Одам кај него, а тој ми се насмевнува, како да му носам, на пример, највкусна супа – ах, сега ’ржат и двата коња; изгледа таа бучава настапила по некоја виша наредба за да го олесни овој преглед – и сега констатирам: да, младичот е болен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше хронично гладен и хронично настинат - ништо не го најадуваше и никогаш не беше дојаден, а од друга страна беше истрениран да трпи глад со денови; зиме - лете носот му течеше, кога мрсули кога водичка, па не знаеше што е тоа да ти биде топло, кога е доволно да имаш нешто на грбот колку да не ти се тресат вилиците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа со солта знам што е, вели, тоа е дека многу мислиме на солта, ама пропаѓањето не знам што е, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
КОСТАДИН: Зафире!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
10. Јас не знам каде ми е некогашната а каде идната куќа, не знам има ли покрив над мојата глава, незнам каде со своето детство, со своите потекла, со своите јазици, не знам каде со својот хрватски, а каде со српскиот, словенскиот, и каде со македонскиот, не знам каде со српот и чеканот, каде со стариот и каде со новиот грб, каде со жолтата ѕвезда, не знам каде со мртвите, ни каде со живите, што ќе правам со минатото и што со иднината ... не знам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не знам колку време сум спиела.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бришиш делници, празници и пак не знаеш кога ќе си одиш дома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Знам дека те боли, му велам, ама не знам како да ти помогнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сигурно и вам ви е познат оној став што секогаш го користиме како изговор кога не знаеме што точно да правиме со себе и велиме „само малку, колку да утепам време“, а го кажуваме со длабоко потсвесно сознание дека „времето нѐ утепува нас“.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Внатре по правило никој не знае енглески, а и да знае, не ти врши работа пошто немаш појма што е што.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
КЕВА: Леле, Томче! Ти не знаеш што зборуваш! И на мајка тоа да го речеш!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Не знам, веројатно имам доживеано цивилизациски шок.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вечно смуртен, тој никогаш и со ништо не беше задоволен. И како ништо друго да не знаеше, освен само да мрмори и да се кара.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да знаеја чалгаџиите дека му свират на утрешниот свршеник на Викторија, бездруго ќе му ја испееја и песната на нејзиниот дедо, кој истурил, по битолските меани, крбли злато од мерак по убавата Еврејка... Но не знаеја.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
САРА: Што не знаевте? (Сара му приоѓа на Сивиќ. Го прегрнува околу половината. Гледаат во Стево. Пауза.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Девојченцето го зеде парчето и тапо се загледа во него, можеби и не знаејќи што е тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега не знаеме зошто плаче Клавдија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега и јас не знам како да направам: и го сакам, и, жалта по Никифор не ми дава да го сакам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што не кажа ти дека не знаеш. (Доаѓа до Американецот.) Пасапорт! И вие другите пасапорти, брзо!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Долго не беше дома. Ништо не знаеше за нивните животи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Смер-на см'р... стрм-на смр...  Сенка на нешто кое на фотографијата се гледа надвор од неа: сенка без човек човекот заѕидан сенката осакатена и заборавена доволно за да не престане да се враќа секогаш од кај слепиот агол!  По не знам кој пат!  Енигма Жолта пеперутка на црн ’рт.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И со нив си играл. (Игра со крилото и ѓулето.) Живеел во областа Скагерак и Категат каде што студело па мечтаел да отиде поблиску до сонцето. Не знаел како.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Што му е на детенцево - ги праша таа своите другарки. - Не знаеме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Стана Ламбе и одговори: - Патролата дојде во селото, го врза Анѓелета и го отера некаде надвор од селово. Понатаму што станало не знам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Гледав во неговиот светлозрачен калем и не знаев што да кажам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Несигурните сеќавања се како оние мали пердувести облаци што и самите не знаат кога и каде исчезнуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И дека еден ден тоа ќе служи за разонода На широките народни маси Евентуално и како рекламна порака На некаков вињак произведен во Загреб Знаеше не дека не знаеше Цезар и за Брут Ама напати не сакаше да знае дека знае А тоа несакање си има цена Секое сакање и несакање си има цена И од тоа може да се направи еден огромен ценовник На империјалните сакања и несакања Може да се направи и цела историја На зголемувањето на цените на главите на императорите Од Цезар до денешни дни
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Не знам што е полошо, дали овие поганци да ми сечат јазик, нос, уши, или да им бидам кум.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не знам од кај се најдоа толку муви, мушички, комарци, којзнае што сѐ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога влезе во првата куќа, седна, се колебаше не знаејќи како да почне и одвај, со триста објаснувања, успеа да им каже.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Жива вода станав... Не знам што ќе се стори со мене...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тој ја оттргна од себеси со што е можно поголема љубов и ја остави на милоста и на немилоста на Херкулина, која ѝ скокна од зад грб.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Велеа оти ноќта кога надошла водата однела и два чергарски шатора, но дали само шаторите или и нешто друго, никој не знаеше да каже.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знам колку време поминало во тоа неподвижно лежење. Секако беше толку - колку да се одмориме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не знам уште колку ноќи, потоа, од сретселото се слушаше кучешко завивање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам, не знам, ама јас и така имав намера да ти подарам една книга, многу значајна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Каков ти беше излогот! Ти не знаеш! Чаеви од тревки, цветови и плодови во сите можни бои, распоредени во големи тегли како епрувети, со капаци како од мармалад од шипки од Подравка“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Претпоставувам, досаден. - Да. Само не знам зошто мудроста редовно оди со здодевноста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не знам како стана тоа така, кому му дојде за надвор?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тоа во недела наутро. Бев таму и ја разгледав населбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не знае што да направи за потаму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум сакал да ја вратам крвната одмазда од пред не знам кој век.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Тетка Олга, тетка Олга... јас, - се обидов нешто да кажам, но не знаев што.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пиевме вино, и се опивме, и јас и до ден-денес не знам како стигнавме дома и каде останаа девојчињата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Не знам што друго да ти кажам. Башка што одиме во Маврово.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас паднав, не знам кога паднав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само не знаеја децата дали една и иста мравка изнесува повеќе или само едно зрно, бидејќи сите имаа еден „сурат", сите беа облечени во црни алишта и обуени во исти опинци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Кој не знае, та и јас да не знам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Присуствуваме на паниката на една моларна патријархална организација на „единство”, која веќе не знае како да ја одржи на едно место старата структура на општеството и да ја препречи новата, молекуларна, која се навестува и наспроти патријархалната волја.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Хонг Минг рече, „Талкајќи наоколу, јас не знам што барам; носен од непознатиот импулс, не знам каде одам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нечесна сила што не знае за чесна борба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не знам кој ме вовлече во таа игра; беше ли тоа Нинослав, беше ли тоа Круме Волнаровски, беше ли тоа разработен план или само игра на случајот?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Жената не ме остава: — Никој не знае зошто е в затвор, вели, и господ не знае.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам како ќе ме разбере.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе одам со Костадин и Петар. Петар Димоски, не знам дали се сеќаваш на него, се запознавте онаа вечер, кога бевме на слава кај стрико Ѓорги.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А на која улица живееш?... Не знаеш... Добро...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
За стриковците и стрините, за вујковците и вујните не знаеше многу, освен дека едните се од едниот, а другите од другиот сој.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ферментира стравот, срам и проклетство ме обземаат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И кога ја најдов, не знам што стана со мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немав никакво јадење. Мане ми даде и некоја урда со пиперки, па кога почнав да јадам не знаев за доста.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не знам како им се даваа?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во Козар маало и други кози и јарци носеа имиња сврзани со името на Сталин, но не знаевме дека така се вика и главниот прч на Чанга, кој прв ја загледа нашата Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој си имал мака, што се вели, ама не знае инаку да каже.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
О измамен степски Волку- Па таа за рака те држеше, а не знаеше, не ме држеше за рака а сѐ помалку дишеше.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Некогаш ми се молкне срцето по него, некогаш не знам кај ми е. Се борам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ти не знаеш, мамо, колку многу работи имаше: многу нови згради, широки, улици, па разнобојни лимузини, црвени автобуси... Како ќе го нацртам сето тоа?
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Не сум гроф, само барон, само барон.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Не знам. Тој нема му мисли за тоа... Наша задача е да чекаме...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Воздржувајќи се со напор, авторот отсечно му рече: „Ако ти не знаеш, прашај се со сопственикот! Добро?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
САВЕТКА: Не знам, ништо не можам да ти речам. Многу ќе нѐ измачи...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Учителката ни рече да нацртаме маче. Сакам јас да има најдобар цртеж но не знам да нацртам маче. Ќе ми нацрташ ли ти?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ниту Татко, – додаде другиот брат. – За ова што ќе ви раскажам, ни Татко ви не знае.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеби и таа не знае по кого вика во ноќта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бевме љубопитни и тргнавме по Љупчо. Скршнавме лево од главната улица, па десно зад големата зграда. Таму беа паркирани неколку автомобили.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но јас знам. Се лажеш, бајченце, ако мислиш дека не знам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Тих, тих што ми изнакажа, лебати! И велиш смрди од манџи, а? - Се мешаат многу миризби. Па не знаеш смрди ли, мириса ли.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се браниме од секакви чинки Се браниме од лоши соништа И од лоши толкувачи се браниме А еве сега нѐ учат да се браниме и кога никој не нѐ напаѓа И којзнае дали ќе се одбраниме Ако Господ не нѐ варди и одбрани Првин од нашите сопствени лажни сонувачи И препродавачи на измислени соништа Кои не знаат дури и да танцуваат со соништата Без да им го повредат ’рбетникот од прекумерно стискање
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Не знам ништо за тоа. Се колнам, вели пашо.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Знам кој боде со вила. Знам...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе би се радувал ако чичко ми, кој беше учител негде во далечната Србија, ми донесеше грст бонбони или вистинска гумена топка, ако ми подареше било што, само не онаа книга со која не знаев што ќе правам.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
да извидиме кај се, да наслушаме што зборуваат, и ние одиме и врзуваме колчиња, за да ни веруваат, ама со нас имаше и еден Бугарин, ни го присливија, како нивни човек, ама тој страшлив, идеше до некаде и застана, јас, вели, не можам повеќе, не сакам со секој да се борам, вели, да не сакаш и душманот да ти го одбереме, велиме ние, и одиме, го помоливме да иди, и заминавме, а тој остана во нивјето, во калта и ние наближавме до теловите, до окопите, и слушаме зборување, ама ништо не разбираме, ни бегаат зборовите покрај уши, не знаеме дали се англиски или грчки,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Што??? Па ти не знајш шо збораш, чупе! Ти не знајш со кого збораш! Вакви теории има да си ги избиеш од главата во моментов!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не се знае, песната што ја прочитавте во почетокот не кажува, а ни луѓето не знаат, - но Луман сигурно имал во Брезница и друго и јатаци, зашто само по неколку дена разбрал дека Бошко се пофалил оти ќе го предаде на комитите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Со каква неподнослива леснотија си проигрувавме со времето додека беше жива не знаејќи колку ќе жалиме, еден ден, поради тоа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не знаев - врз моите зелени соништа со зелени луѓе и зелени сенки паѓаше зелена магла: беше погуста од сите магли на една треска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знам што точно но има нешто што може да се стори преку реките лесно и непречено да се минува зашто само така, потоа, животот ќе го стори своето, заклучив бидувајќи целиот обземен од сината светлина во која белата ја снема за заборавање.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во еден миг, не знам од каде, од која посока, од која висина, или од која длабина, повторно го чув гласот на пријателот: „Памти ми ја думата; Внимавај на чумата“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Леснодајната Ана забремени, но за да биде бруката поголема на прашањето на Томо од кого е детето, не знаеше да го посочи вистинскиот татко.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Немаше обичај да ги објаснува своите прашања како Марко Марикин и не ги сакаше прикаските од стари времиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас сум црна Циганка, јас сум селанка, името ми е селско, јас сум од сиромашка куќа, сум проста, не знам за ред и чистота...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ВАЈ! - „Вај!“, му се жалел Анжеј Вајда на некој вајар: „не знам да јавам!“ „Е па, тогаш никакво фајде од тебе!“, му рекол вајарот на А. Вајда. (Оскар Вајлд си седел на страна и се смеел)
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
— Знам — рече Толе, — дури го виду и најголемиот војвода во кафето „Македонија“ во Софија. Не знам како ми го рекоа; Белче ми се чини го викале. — Делче. Гоце Делчев — го поправи Атанас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не сум ни шпион, ни друго, велам, и јас не знам што велам, не смееш накриво да ѝ проговориш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не знаеш ти уште што значи дете да загубиш, - рече тој.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Сум слушнал дека е убиен, но не знаев под какви околности“, реков јас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
18. Не знаев зошто сунѓерот мириса на креда по невидено и упорно плакнење во школските вецеа, но знаев дека неговиот мемливо-карбонатен здив ме стрелкаше, како меч на средновековна соученичка, во предизвик на двобој.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Евоцираа спомени за животот во Унгарија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И навистина не знам која беше причината што не успеав да ја престигнам мајка му на касапот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Кога ги провлекував прстите низ твојата коса, само по мекота поинаква од зрела `рж, не знаев дека еднаш, дење или ноќе, сеедно кога и каде, ќе го сторам тоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мајка му била Англичанка и не знаела ниту збор француски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
64 Последната ноќ на светот „Што би сторила кога би разбрала дека ова е последната ноќ на светот?“ „Што би сторила? Сериозно мислиш?“ „Да, сериозно.“ „Не знам, не сум размислувала.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Ако не знаеш зошто, прашај, велат и му ја сечат брадата, речиси му ја кубат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам дали сум ти кажал, бате,“ рече тој, пуфкајќи го наоколу чадот од своето луле, за случката кога оние мои неранимајковци ѝ го запалиле здолништето на една стара пазарџика откако ја виделе како завиткува колбаси во еден постер на Г.Б.?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
и уште од далеку мириса на ракија, барем сега можете да кажете чии шпиони сте, вели, не оставајте ѝ товар на душата дури ќе го барате патот кон небото, кога ќе ја качувате кон господа душата, вели, на правина нѐ земате на душа, велиме ние едно задруго, прескакулица ни одат зборовите, ние сме сиромашни луѓе, печалбари, ебати небото и ебати господот, сичките сте од Македонија, сите, викаме, сичките, по зборот сте оттаму, вели, и моите родители се оттаму, ама вие немате пашапорти, верувајте ни, господине, ние сме селани и не знаеме да лажеме, јас ви верувам, ама другите не веруваат, вели офицерот, моли господине, велиме ние, прави еден голем манастир, тој ја фатил главата и со дланката ја потпира под брадата, се мисли, се двоуми, па потоа се враќа назад, ние чекаме, си шепотиме молби и молитви до господа, белки има господ, вели Стеван Докуз,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Море, зошто да куцам, мажу, му велам, кај да куцам, му велам, не знам и јас што велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога го доби генералскиот чин, тој некако се збрка, си ја загуби патеката и воопшто не знаеше како да се однесува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
— Не се лутат мртвите, вели Андреја Тарковски, не знаат да се лутат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но таа споулавеност со искубана брада еднаш веќе го предупредила со оган неголемото село на каменоделците - ноќта е мајка на неутешените и маштеа е на непретпазливите, мислел или се сеќавал на нечии зборови најмладиот од дружината и не знаел дали да ѝ се придружи на исто така заборавената старост, да седне до склопчениот Симон Наконтик и без здив, со невидливо црвенило на лицето во мракот, да му раскаже за глувата и нема Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Парискиот интернат за мене беше мошне болно искуство, мошне тешко го поднесував.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не знам што оплакувам од тие две крајности.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Провидно ми е телото и душата провидна, Не знам дали сум створен или измислен, Не знам дали сум сегашен или иден Штом сум провиден и невиден?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
- Шумкари. Ама јас не знам што значи тоа, другото не се разбираше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Дали е сѐ во ред? - праша Виктор. - Не знам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше темна ноќ околу нас, на небото имаше сосема млада месечина, тенка како срп, што не може ништо да осветли, бевме сами во таа ноќ и среде тој страв што мене ми изгледаше голем и црн како некакво страшно и опасно, непознато диво животно од приказните.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И ние не знаеме, им велиме, тие и нас сакаат да нѐ разоружаат...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие не знаат за колку време им е јадењето, велам, до кога може да им држи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„А кому му зборуваш?” се изненади Стариот писател и го сврти кон мене својот испитувачки поглед.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дали заради пожолтената маслена боја со која беа премачкани ѕидовите или заради времето кое течеше побавно, не знам...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Влегувам во една барака, а врати и лево и десно од мене, не знам на која врата да чукнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чекорите му ги слушаше постојано зад себе и постојано на иста далечина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зашто не знаат за стапалките во песокот и за трите стебла врз кои ноќе спијат ѕвездите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ама таа не знае за мојата мака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам колку време помина така. Срцето ми биеше и дишењето ме издаваше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Голема нервоза ти е тоа, братче. Да имаш кола во гаража, а да не знаеш да возиш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ако човек не знае чија е нивата, се чуди и се дума како одат оние снопови сами и сами се прават капици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Грот:Се срамам да признаам дека не знам. !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се засолнуваш зад некое дрво, а не знаеш и тоа што ти мисли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А да знаеш, уште пред да се случи настанот, писмото веќе било предадено на секретарот Домазетовски а потоа не знам на кој начин тој и го беше вратил, или искинал, или намерно загубил, бидејќи преку ноќ, иако и секретаријатот го беше прочитал, писмото го снема, при што, ценам, слична услуга со убава ноќ, каква што мене ми беше пружена, веројатно Стојна му подарила и на секретарот Домазетовски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прво се тргна Мече и почна збунето да се брка по џебовите, мрморејќи нешто неразбрано, како да не знае кај ја ставил карта.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И тоа што Јанческите не знаеја или не сакаа да кажат како изгледал и што зборувал ајдутинот, (Велеа од што биле обземени од жал за стрика Анѓела и од што се стаписале од страв кога влегол ајдутинот низ Мала врата сега додаваа сам си отворил, не виделе како изгледа дури одвај и разбрале што им зборува), и тоа што не лавна ниту пес и што не шавна ништо друго што е живо, и тоа што утрото не се најдоа никакви траги ниту од Бошета ниту од ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
СПИРО: Како не знам, чорбаџике? Кога чорбаџијата нешто ќе заповеда, тоа го знае сѐ живо во куќава.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не знаеше дедо Димо како да го цени тоа нивно однесување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зошто во Македонија се беа помешале младото и старото вино во една мешина, во која се надвјасуваа меѓусебно, па се закануваа секое со својата жестина да создаде што посилен ветер, ураган во чие око се криеше тајната која не знаеме каде ќе нѐ однесе. А таму, во тоа око, кој може да навлезе? ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Имам една рана, вели, некаде внатре, не знам каде е, ама много ме боли, ме пржи. Умот ми го свалува, вели. А јас не знам што да му одговорам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нема тука што да се објаснува, заклучувам и при тоа не знам што се случи, ни што стана со мачките ни што стана со мене, но сум со она чувство со кое машкото наутро ќе се најде со гаќите непријатно влажни.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сакам да го прочитам, а не знам писмо. Слеп човек, за никаде не е.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Или и сами не знаете.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Како закован тука седев со часови, о боже, како не ме изгоре сонцето (не знаев дека не е убаво да се стои толку многу на сонце).
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Ами, пат? - Не знам кој пат да го заберам, вели Мирче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не го родив за да не знае, вели татко, мора да имам нешто згрешено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А самиот текст потсетуваше на ситен вез, што би можел да се прочита само со лупа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сите сватови пред ресторан со цигарите, ај’ уште една за друштво со тебе, еј ај’ со тебе, види и со нејзе... а музиката свири ли свири, а не знам кому.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Точно. – упадна куклата – убавица – Го чув гласот, но не знаев чиј е.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
АНДРЕЈА: А доаѓал порано тој Германецот? СТЕВО: Не знам. Не.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Кутрото теле сѐ уште не знаело дека проблемот не е во боите туку во вратата која се отвара но може и да се затвори.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ќе ја надгледувам. Ќе наслушам дали дише, дали е уште жива. А таа не знае ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам како осигурувањето успева да дознае сѐ“, рече.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јасна продолжува да ме кара, а јас уште еднаш фрлам поглед кон мојот монитор и колегата Вајсмен на него. Ех, Вајсмен, копито едно... не знаеш што пропушташ!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Не знаеш да гледаш инаку, - вели Билјана.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ех, стар сум, не знам што зборувам, - рече дедо Гога.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ние бевме уште мали со Мирчета не знам колкави бевме, леба ми, јас дали имав единаесет, дванаесет години, а Мирче беше помал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас не знам да мислам. Јас сум истовремено и за и против и воздржана. (Пауза) Јас сум фетус што се прави дека е одговорен за себе. И слободно плива во тегла пред студенти по медицина.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
— Полесно ти е да не знаеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми помина половина живот во клозет. Не знаете каква е таа мака.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Како да стасува од друг свет, од зад некоја граница до која нивните мисли ни во најсветлите мигови не ќе најдат пат, низ ветрот се пробил танок писок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Гаврил Лесновски, нели?“ Спиро Првославец знаеше повеќе од сите; не знаеше сѐ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето на моја возраст не знаат ништо за тие денови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ами, што ќе правиш: прифатен човек, не знаеш ни што мисли, ни што прави. И така чекам да се стемни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во нив имаше безгранична надеж за да истраам во храмот заробен од луѓето кои не знаеја што чинат...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас сум им свртена со тилот, не знаат дека ги видов на огледалото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам дали таа некогаш се врати во Рим...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во меѓувреме, Деница ме посетуваше во затворот. Ја испраќаше ли некој кај мене? Не знам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Знам дека има некој расцеп во грчката партија по однос на македонското прашање, но не знам што да верувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Останавме малку. А колку од нас ќе стасаат до Кукулино, до водениците на Давидица?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој час исчезнуваше, час се појавуваше, со денови го немаше, во мигови го имаше. Што правеше, никој не знаеше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Удира по черепот. (Се фаќа за глава) Тебе те учам што да правиш, а самиот ништо не знам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не знам зошто не го даваа, вели. — И јас не знам, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, да ја признам вистината, не знаев зошто се смее.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бевме во добата на невиноста, во која кога ни се упатени срамежлив поглед и затскриено искажан копнеж, тие предизвикуваат ерупции во нашата душа, под тенката и нежна телесна обвивка, доба кога душата и телото се сѐ уште поврзани во едно; добата на невиноста, кога возбудата не знае дека еден ден ќе се претвори во рамнодушност или во нагон за задоволување само на телесните потреби, а тогаш, дури и кога ќе успее во себе да вткае страст, нема да има ни способност ниту пак желба да го претвори мигот на уживањето во малечка вечност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Младите пак не сметаат за застарени, нѐ критикуваат дека сме старомодни, лошо се облекуваме, не се разбираме од современа музика, штедиме без потреба, им ги сечеме желбите на нашите деца, со еден збор - не знаеме да живееме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ѓувезија Дубровска одговараше послушно, без ниеден знак на противење. Всушност, таа и не знаеше што прави.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не знам: нели сум пакостен или сум поплашлив од моите врсници та прекарот ште не се лизнал од моите усни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)