не (чест.) - застанува (гл.)

Прокопува со голем напор патишта непроодни, но, не застанува, ни пред води разбранувани, ни пред корења длабоки.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Нејзиниот воз не застануваше на ниту една станица, иако пероните беа преполни со нови лица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се искачивме на насипот и јас, без никаква видлива причина јурнав да трчам код мостот; зад мене Земанек викаше да застанам, да го почекам; јас не застанував, јурев кон тунелот, влетав во него, трчав и пеев: „Учи ме мајко, карај ме, како да земам Луција“; трчав кон светлината, но експресот веќе беше поминат и не можев да сфатам дека веќе нема ништо пред мене, освен светлина; и во моментот кога излегов на светлина, кога градите ми се полнеа со воздух (каква страшна болка во градите!), видов дека Земанек допрва влегува во тунелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас беснеев, оти Земанек ме напушташе, не застануваше на моја страна; во еден миг, ја искористив тишината и, за да ги повредам и Земанек и Луција, реков: „А можно ли е барем паузата да не биде народна, туку меѓународна?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Не застанувај ми отспред! - сподавено ’ржи тој.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вистина голема, вели друг, ама никаде не застанува во мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тонеа длабоко над колениците во мекиот јужен снег ниеднаш не застануваа да почиваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остана пак со празни раце. А онаа голема и несмасна дивинка само се подобѕрна малку на неговиот вик, притоа и не застанувајќи, чиниш само промрморе нешто, со кое како да сакаше да го разлути уште повеќе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А јас не застанувам. Си излегувам од дворот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
-Не застанувај! - се храбрев. Земи здив и... брзај! Побрзај!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оди! Оди! - слушав како се насрчувам! (А зад мене се затвораше тешката затворска порта).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
20 август 2003 г. Скопје
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од мракот ме превтаса и нечие придушено смеење. - Не застанувај, Иване.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ненадејно ме превтаса долга подвижна сенка. Не застанувајќи се завртев.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Брзо, брзо, брзо, терај, терај, трчај, трчај брзо, не застанувај - се слушаа гласови кои беа надвикувани од луѓето од кои едни во трчаницата паѓаа, други ги прескокнуваа, ги газеа, се довикуваа и се бараа, се слушаше плач и врисок на мали деца и крикови на жени, рикање на говедата и блеење на овците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таквите луѓе никогаш не застануваат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Доктор Гете (кој тогаш, на пример, пред една пациентка, која бесцелно се движеше по собата не застанувајќи, ја испружуваше својата рака попречувајќи ѝ го патот, а таа се наведнуваше, совладувајќи ја така препреката, и продолжуваше брзо и бесцелно да чекори по просторијата) одговори: „Мојата цел не беше да натерам некого да се запраша зошто го правам ова, туку зошто пациентката реагира така како што реагира.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми веднаш покажа на сликата на која Дева Марија го придржува малиот Исус.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А како би требало да реагира?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чекоревме по салите не застанувајќи, сѐ додека не стигнавме во онаа во која беа делата на Белини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Искачи се на врв- себе и повлечи се во подножјето има плодни почви јаболка кои мирисаат на магдонос и нане поради долгиот престој во ист сад зборови кои се припикнуваат во пазувите -мажјаци скокотливи, полнозначни, семеносни- глетки кои трчаат по тебе како верни загари времиња кои те опоменуваат обѕрни се, објави се но не застанувај што погоре, толку подоле она што во себе го имаш единствено го имаш.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)