Хермоген: Како би можеле поинаку, Сократе? (Платон: „Кратил“) Натажената париска есенска влажност, со капки дожд, кои и кога не врне, се посеани на прозорецот; на симсот – секогаш неколку мокри, валкани гулаби треперат од студ, а над нив, стуткани, надлетуваат големата мајка, мразната птица од Сена, носејќи им во клунот парчиња магла, рѓосани цефки од речните лаѓи, гнојни шансони на умирачкиот гамен...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
За време на целиот мојот престој времето беше многу пријатно и воопшто не врнеше.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Веќе не врнеше и мразот стегна уште повеќе, а Бајко, за чудо, целиот вриеше и чадеше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Денот беше убав, сув и светол. Не врнеше.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Врне и од небото и од земјата: нема место од каде што не врне.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во некои машки облаци, вели, кои само грмат, а никако не врнат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А сега снегот воопшто не врнеше и Змејко можеше многу добро да си го замислува тој грамаден сам крмак, тоа ѕвере со по два заба, вкопани напред во белината, со една огромна снага, по чии скокови земјата сета татне, како се пробива во мугрите низ неговата долина, споро, плавно и без скршнување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јас му реков дека врне, тој ми рече дека кај него не врне.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Од срам, дланката ми се препотуваше и лажицата неколку пати ми се лизна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Дури, ми се причини, дека тоа демонче и раката ја подаде како кога проверуваме случајно да не врне.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Никој не може (па колку и да настојува тој никој) да го разувери дека надвор не врне.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Врне, Дуко, денеска, го прашувам? - Не врне, вели Дуко.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)