Погодокот беше таков што не ветуваше никаква надеж.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Појасот со повеќебојни риги му се одмотал од половината и се влечел по него, го чинел бавен, грмушките и камењата му ја кинеле линијата на движењето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како и Мајка, така и госпоѓа Камилска, не му префрлуваше на својот сопруг, но за неа најбитно беше да го гледа крај себе и децата жив и здрав.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не, Симон Наконтик секако згрешил: на далечните планински врвови, подолу, снегот уште блескал а грчот на ветрот не ветувал скоро цутење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Некои се наведнале и на стврднатата петица под дупнатиот опинок нашле стара рана.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Велеше: „Не ветувај ништо пребрзо, зашто пребрзото ветување, го губи своето значење и тежина.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Неговата старечка бавност не ветувала спас. Но не бил старец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој чувствуваше дека можеше да ја зајакне материјалната состојба на семејството да не беше толку многу ангажиран во проектот со Татко којшто не ветуваше никакви дополнителни приходи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)