не (чест.) - боли (гл.)

Ископајте длабок бунар извадете ладна вода натопете лути рани да не горат, да не болат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Тоа се шарени крпи. Тие не болат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Оф, леле, боли! Па да не боли не ме тепаат, си велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Дваесетипет по туѓ газ ич не болат! – ја спомнав резигнирано едната од многуте потврдени од животот поуки - Детски муабети – беше коментарот на Господ, и за прв пат откако го запознав насетив во неговите зборови трепет на сочувство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зарем навистина во тој момент му заличив на ѕверка, скршена од железото на стапицата, која нестрпливо очекува да биде докрајчена?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се колнам, само нашите очи, нашите погледи исто така тивко му говореа, - да татенце, толку студ, толку снег, толку страв, ништо тоа не е кога се има мајка, не студи, татенце, не боли кога се има мајка...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ништо не боли, нема време, болка и немир нема.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Кого мислиш дека го спасуваш? Не боли тоа?“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Запри Васј! Ја не сум ашедшиј!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
бати пасошите нели Македонија е слободна, а народот со лева рака се крсти и се чуди што ни стана, да не се јавило некое непознато беснило што нѐ скокотка и нѐ тера на смеење, ама од Македонија еден излегол, а цел свет дошол на тепање, што не се тепаат кај нив, ама на туѓо гумно и на туѓ газ не боли толку многу, и така радоста ни беше пуста, се враќаме преку туѓа земја, првин во Варна: војска, војска нѐ опколува и еден по еден нѐ пушта низ страга, ко овци на молзење, 117
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па и тој носи душа и знае што боли и што не боли. Што блажи и што горчи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не, подобро е да мислиш дека веќе десет години не е жив и дека не ќе го видиш веќе никогаш. Тоа не боли толку.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)