Пред вратата стоеше Дејко, зазбивтан и возбуден.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
На кантар студен со туч го мерат а можат ли да го измерат, нашиов тутун - нашава мака нашава солена пот!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Кој си ти? - Јас сум еден црн кос. Можам ли да влезам? - Влези, - му рекоа. - Ќе живееме заедно.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Погледнав и видов: кутре - црно кутре. Сосем црно кутре. „Зошто го донесе кај мене? Пак ли да си навлечам некаква беља на глава!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
— Не мочај се сега, кобило! — За тебе ли да се стискам?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ја подоткри јакната: „Гледај...“ ми рече, „гледај што најдов пред нашата зграда“.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Можеш ли да направиш чардак, да викнеш чалгаџии и да се опијаниш само од миризбата на цветовите? Секој цвет си има своја миризба.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)