ли (чест.) - сега (прил.)

Па таму има цело поколение што се развивало, растело и учело на бугарски; ќе прифати ли сега тоа да се мачи на нов јазик?”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Не се сеќавам.“ „Океанија е во војна со Истазија. Се сеќаваш ли сега?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Е, им го гледаш ли сега крајот на твоите роднини? - Ја, - рече Коте фаќајќи се за брадата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
СЛОБОДАТА: Сакаш ли сега да ти кажам која сум?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Влегов, се извинив за задоцнувањето; Фискултурецот рече да донесам писмено оправдание за доцнењето; рече дека сум целосно неодговорен; јас се согласив, и реков: „Добро, може ли сега, како неодговорен, да седнам?“ Тој покажа со раката и јас седнав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Краста: Бети, сакаш ли сега да те претворам во твор?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А орлиштата се собираат да ги пречекаат, секако овде, над нас. Знаеш ли сега зошто?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Пролет е“, се обиде да ми објасни. „Ќе ни се вратат штрковите во големи јата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ете, гледате, затоа сум така радосен и нежен!“ - ја заврши приказната есенскиот ветер, а потем праша: „Сакате ли сега да си поиграме?“ „Сакаме! Сакаме! Сакаме!“ - извикаа сите.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Дадо, ќе дојдат ли сега пеперугите?!“ праша братчето.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Чини ли сега да го остават.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја фатив за рачето: - Виде ли сега што има зад тополите, Билјана?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Докторе?“ „Да Чарлс?“ „Можам ли сега да одам на училиште?“ „Мислам дека ќе можеш, утре. Многу бодро звучиш.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)