— Море ми, те донесе ли господ пак, браче Толе, да се видиме? — го пречека таа —и него и му се израдува, сега уверена дека тој не го дава нејзиниот Андон да пострада.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Што беше ова? Даваше ли господ ретки знаци?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
— Ми те донесе ли господ, бре сине?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога Сане ќе стане од ковчегот и ќе зачекори низ воздухот, кон своето успение, авторот ќе се запраша: „Му ги одврза ли Господ нозете на Санета од земјата, му ја пресече ли ортомата со која беше зајамчен за неа...“
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А обичните селани не сакаа да слушнат за некакви чети и војводи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ве донесе ли господ да се видиме живи здрави по победата? — иронично се провикнаа Пере Тошев и Петре Ацев, коишто заедно со Тренков, Коле Пешковчето, Шаќира, со целата своја чета се прибраа во Толевиот пашалук и се ставија со Толета, молејќи го да им осигура заклон и леб, бидејќи народот почна да ги отпадува од себе, а тие немаа морална сила да го повелаат како порано.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)