ли (чест.) - јас (зам.)

Па ние ги засукавме ракавите за вие господата да јадете бели сомуни. И, што мислиш, ќе слезев ли јас да не беа „овие“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Ме чу. А сакаш да знаеш не квичам ли јас, не ли ме фатила твојата клетва да станам пес.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Безгласно се смее, прецени. Би можел ли јас така? се праша. Само кога би умеел да се смеам, одговори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Можам ли јас да ти бидам од корист?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
АМПО: Не ви е чесна работата: не е по адетот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ти велам, колај работа! Го уловив ли јас него, не го испуштам од раце, па волкави заби да има!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Му стежнав ли јас оти давав колку што тој не можеше да даде?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А колку луѓе ќе има овде вечерва приближно? Точно ли јас ги избројав?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Живеејќи буден кој вечно дреме Бесполезен ко неоплодено семе Имам ли јас некое СЕБЕ?! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Дружете се, господине Беренц, ќе си го разубавите и ќе го направите полезен Вашиот престој на островов.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А можам ли јас како негов владика да одам против сопствениот народ?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Можам ли јас да не ти поверувам? Та ти си единственото нешто што ме држи уште во животот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се сврте на онаа страна каде што отидоа децата, но кога не ги виде никаде наоколу, рече: - Ама го видов ли јас и она Мартина со нив или така ми се стори!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)