Оттогаш, и ноќе почнав да одам до бунарот. Секоја ноќ, крадешкум, како да правам зло.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ме мачеше Луција, на која мислев и дење и ноќе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Прав е Онисифор Проказник, браќа. И дење и ноќе сме на исто место. Ни до идните Поклади не ќе стасаме до Лесново.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„И доста е веќе. Ќе поаѓаме. Онисифор Мечкојад е на пат за Кукулино.“ Зад него застана Никифор Ганевски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Ќе ги стасам, им рекол на своите деца. - Пуштете ме да поспијам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јаков ноќе живее и ноќе патува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тајниот телефон на овдешниот Централен комитет ѕвонеше и дење и ноќе.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога пред пролетта почна да се топи мразот, секој момент загрижен, тој ги обиколуваше скелињата и насипите. Понекогаш и ноќе со гламна во рацете.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На сѐ можеше повеќе да се мисли, одошто на една толку убава градба во оддалечениот и пуст крај.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)