и (чест.) - добро (прил.)

И добро што стана така: при посетите во затворот дознав на чија страна е вистината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најпосле сфати дека стои пред еден огромен предизвик за што треба и добро да се подготви.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во куферот имал долна облека, „Клетници“ од В.Иго на француски јазик и, се разбира, повеќе пакетчиња убаво завиени, распореден, но и добро замаскиран динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Под носот, устата никако не му се затвори, за целото време ја држеше во полунакривена насмевка, та му се гледаа забите, за чудо бели, па и добро подредени.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потајно насетувам дека бесот, со кој тргнал кон Виена, е всушност насочен кон тамошниот стар психоаналитичар: бидејќи тој е неговиот вистински и главен непријател, философ кој ја раскринкува неврозата, голем разбивач на заблудите, некој кој знае што е што и добро ја познава изворната генијалност.’“ Потоа го остави написот на масата, и рече: „Со колку суптилна иронија Ман го напишал ова!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еднаш да застане, а притоа и да се обѕрне. Сега можеше и добро да го види. Беше волк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Од тоа што ми го прочита точно е само она ‘стар психоаналитичар’.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)