Исто така, туженото претпријатие кое го изгуби спорот требаше да му плати и 13.080 МКД (215 ЕУР) за предизвиканите парнични трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Се предвиде и дополнителна обврска за работодавачот кој мора веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа по настанот, писмено да ги извести органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот и претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа за секој смртен случај, колективна несреќа и повредите при работа кои предизвикуваат времена неспособност за работа повеќе од три работни дена и за секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа. (чл. 8 од ЗИДЗБЗР/окт.14) 84 Закон за безбедност и здравје при работа, Сл. весник на РМ, 92/07.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
По изрекувањето и доставата на пресудата, не е покрената жалбена постапка од тужената [незадоволна] странка, но „Охис Пласт М“ одбиваше доброволно да ја спроведе веќе правосилната и извршна мериторна одлука во пракса – па пресудата мораше да биде спроведена присилно, преку извршител (Б.Кипровски), за што работодавачот плати и дополнителни трошоци, како и не така мала извршителска награда согласно Извршителската тарифа. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)