— И снегов е божја наредба, вели жената.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
По неколку дена падна и снег. Некој мрсулав и недотамен снег. Студен и длабок.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И снегот сега беше некако спитомен и омекнат, лежеше во нозете на тој спалавен ветер како некоја кротка животинка, почнувајќи пополека да линее под допирот на неговите топли прсти, станувајќи притоа нетолку изгаснат, колку со една своја нова, спитомена белина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јас одам, а и снегот иде по мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)