Некој, којшто работеа по патиштата, по планините, се случи да најдоа и парчиња злато.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Кога лебот доволно се натопи во маслото и во колибата замириса на пржено, Бојан изрона одозгора и парче сирење, па пак ја стави тавата на огнот, убаво разбркувајќи го со лебот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Освен раскажувањата, макар и многу површни и колебливи, во моето семејство од колено на колено, за мојот предок, а исто така и меѓу жителите на селото, во овој случај имаше барем две совпаѓања: прво, човекот што го споменуваше Јохан Барт под името „Поцо“ беше од Маказар, од каде што потекнував и јас, а и парчето метал со написот „Поцо“ се најде во Маказар и второ, се потсетив и на тоа дека мајката на Надежда, старата, во една прилика пред да почнеме со копањето на бунарот, ми рече дека, според нејзиното сеќавање на раскажувањата на луѓе, на тоа место некогаш веќе постоел бунар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Имаше Рада и парче душа во себе, кое љубоморно го чуваше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)