и (чест.) - мирис (имн.)

Господи, таква треска веќе никој никогаш на светов не ќе има: меѓу гробовите се движат еден преку друг зелени коњоштипи, лепливи богомолки и гасеници: гризат камен, голтаат песок и иловица: нивната алчност ја истанчува земјата - под неа се отвораат зелени бездни од кои по ништо се качуваат стоногалки, жегавици и пајаци: гнасните бубачки ќе војуваат меѓу себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ах, тој пак со истото, јас така и претчуствував затоа што има мирис од него, тоа тој се врти!“, проговори Авдотја Игнатјевна.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ме мразеа и не ми можеа ништо. Не беа за мене никаква тајна. Им го познав дури и мирисот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Може да биде облачно претпладне во јули: Вкус на пепел може да се чувствува во воздухот; може да се насети и мирисот на дрвото што се топи на огништето; да се почувствуваат натопени цвеќињата; да се прошета усаменички низ опустошени шеталишта...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во врелината на треската сѐ е зелено, и мирисот и шумот. Веќе нема земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не се вртам јас, мајчичке и нема од мене никаков таков особен мирис, бидејќи сум сѐ уште во целосното наше тело, како што е, се сочував себеси, а ете вие госпоѓо, веќе така се начнавте - затоа и мирисот е навистина неиздржлив, дури и за ова место. Само од учтивост и молчам“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)