и (чест.) - заб (имн.)

И забите ми фаќаат оскомина. Како киселица да сум пасел.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури и забите им раснеа еднакво нерамни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На еден бабинец и заб му скрши и тој забот си го плукна в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Модата на Ло Тек се состоеше од тетоважи и лузни. И заби.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Не смееш и заб да чепкаш пред децата. Ќе си мислат дека нешто јадеш...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И забите му се наредени ко пченица и цела уста, бре, зошто да кријам, цела уста му е некако ко изворче полно со белутраци. Така ми гледаа тогаш очиве.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)