и (чест.) - дете (имн.)

Извадете ги темнината и бесот од срцето, зашто ве прават страотен, та и децата од вас ќе стравуваат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не ме видоа; од еден пријател, во берберницата во која се бричев, дознав дека имаат и дете, и дека Земанек станал генерален секретар на Партијата, но дека таа партија ги изгубила изборите, и дека политичката моќ им опаднала; сепак, велеше пријателот, Земанек живее одлично како секретар на Партијата, а има и љубовница: некоја млада девојка која многу личела на Луција, кога била млада.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
– „Шоана, али навистина е ова, али на соне; види сега и децана да ме познават и на име да ме викаат, чудна оваа работа ќе биде; ај да видиме Господ што ќе каже“, си велел сам во себе и влегол у човекот дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Пиеја и децата и врескаа како шатчиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Едниот од придојдениците со белег на замисленото лице, најверојатно детски спомен од рог на туѓо говедо и со сенка на возбуда во светлите очи, онакви какви што можат да ги имаат и децата и мачките, се викал Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа, строга од некоја своја правдина и со ѕвезда од танки брчки околу устата, застанала пред двајцата без да им одговори на поздравот. Чекала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- А една воденица - ништо. И дете од колепка ќе ти ја урне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Нека ги земе ѓаволот шутрачишта, ќе рече Али-бег, а воденичарот Ариф Исмаил ќе ѝ удри клуч на неговата воденица, дочекал свој миг дотогаш незабележаниот Богоја Гулабарин; до него седеле на долга и грубо изделкана маса од едно оревово стебло Проказниковите приврзаници Пане Долгманов и Цветко Грнар и, озарени од внатрешна возбуда, со будалесто нишање на главата потврдувале дека е така.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш, во тоа време, и децата ги тераа да бидат кодоши. Така ги учеа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Па и со спиењето е слично: раководителите велат дека со спиењето и децата растеле...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Напати тие се и деца кои се поигруваат со пакоста, па сакаат да ја потчинат за да им служи а притоа знаат дека јамката на зборот подобро од секоја вистинска јамка задушува.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Има и несовесни - и деца и возрасни - намерно кршат сијалици, а тие се скапи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тука беа и децата на учителот, тажни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога се доближија колку на еден метар раздалечина, како по договор застанаа и децата, застана и Мартин.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пукам, и му ја пцујам мајката, мајчето, мамулето, мајчулето. И деца и добитци и живина и солпци и козолци.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И зеле децата да си играат војници, оти кога е војна и децата играат војници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И господ да чуе, и децата во гробот да чујат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А и дете водиш. Ја лажеме Горица со купување и кај поводи ја, кај поноси ја в раце или ушка, и одиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И децата не ми се јавуват на сон.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И дури се простуваме ми текна дека за ваква слава треба да има и деца.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И децата се вратија, ко немиени, а Велика уште вика; - Дали ручек да готвам, вели, или по нив да одам, како не се наодија, да се ненаодат, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Е, даде господ, почнаа и децата да се раѓаат. Жената, по мажењето, станува нива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Копа секаде водата и ги стасува и децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Меѓу мртвите ги гледам и децата. Од кај дојдоа сега тие, меѓу војниците?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)