и (чест.) - ден (имн.)

Па и дни идат: божиќни пости, мртвени, среда, петок, шо ќе се јаде, пусто да биде! Не е еден, не се два, дни — коа кубаси, шо рекле старите. А вамо, сака залаг да пог'тниш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ноќта и денот немаат крај сѐ има крај а никако почеток... сѐ уште темнина, тишина...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Дојде и денот да се калеми крувчето. Пискулиев донесе лико и восок.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе дојдете вие плеќести црни мажи и деца и неба и птици на овие брегови Трпко и ден и ноќ и ден и ноќ да нѐ барате нас мажи и деца и неба и птици Вардар престорени и мостје црно од грижи дали ќе се најдеме ние што го извишивме овој мост за нови плеќи и вие што ќе го извишите.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
На трите години од помеѓу гробот на старецот извреа два извора што се и ден денеска.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сега, наеднаш, и денот како да беше умрен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ПОРАДИ ТИЕ ПРИЧИНИ некако се ублажи положбата и луѓето се поразмрдаа. Наближи и денот Илинден, селскиот панаѓур на Градешница.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Најпрвин само ќе се најави, далеку негде, по сртовите на ридовите; ќе забели како нашите белки во темнината, бавно ќе зрее, ќе дозрева во темнината, а дури потоа, и тоа наеднаш, ќе се истури и помеѓу нас како бел безшумен дожд. И гледаш - осамнало.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Знаеш, и денот не се разденува наеднаш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)