и (чест.) - тебе (зам.)

— Абре, ќе го земиш, токо земи го неоти парите су и дал за него — се теши Ричко: — Донесе попот петшестотини, па да ти оддела едно и тебе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можат и тебе да те казнат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Слушај, Ѓорѓе, таа е маѓепсничка! Сигурно и тебе те маѓепсала.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Те имав и тебе. Сите вие бевте други луѓе, а Јани ве заменуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„А и тебе ти советувам да не потпишуваш“, додадов.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ако ибн Пајко успее да се спаси себе,“ рече Миклош, „ќе те спаси и тебе, пријателу.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
АРСО: Амин и тебе раката! (Ѝ дава знак со прстите на Цонка да му побара на Теодос пари.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Јас сум нешто подруго, заправо, бев решил да го урнам она што и тебе те унизува.. . сега не сум поарно од тебе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
— Ами, ако ги фатеа криминалците, ми велат, знаеш дека и тебе ќе те приведеа?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никифор Абазовски. И тебе не ти се одзапнува таква капина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тебе ти ја опасија косата?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Да ти ја пресечеа и тебе ногата, ми вели, ќе можевме да одиме со едно рало чевли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бегај, Небеска, си велам, оваа и тебе ќе те легне, ќе те кутне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тебе ти го фрлила, велам, ама уште не ѝ кажувам ни како, ни зошто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еве ти и тебе три илјади рубли за почеток, вели и ми ги дипли парите на маса.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Нека те носи ѓаволот, и тебе и твоите закони. А ти нели се влечеш на мев по цицлестана анама?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Чекај, ти ли си тоа, Доце? - Јас сум, пашо. Си ги заборавил нашите закони.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се пробива меѓу луѓето што се растоварат и го подзабрзува братчето Поарно да останеше во вагонот, вака можам и тебе да те загубам!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Ти, пезо, рече нишајќи ја главата. - Ќе ве сотрам обајцата. И тебе и него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А јас, знаеш ли, јас имам пари. Можам и тебе да те купам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- А сега, татко, да те видиме и тебе како нишаниш...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
ФЕЗЛИЕВ: (Сето време фасцинирано гледа во Младичот.) Кај Иванов. Те чекаат и тебе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Не сакам да ја видам, му вели татко, а не сакам и тебе да те гледам, му вели, и си пие цигара, се пули в земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Разбра или не разбра, ќе ми вели. Ако не разбра, и тебе ќе ти речам: пире, пире, и ти ќе влезеш во купчено, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)