и (чест.) - ова (зам.)

Доколку и ова веќе не е тоа, „интерен разговор”, гаѓање со шампити, веселба за сеирџиите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ако беше тој столчен, зошто и ова детиште да биде?, си рече. Таа заплака уште посилно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На крајот од записникот се вели уште и ова: „Дополнително појаснување на предлогот и проектот за изградба на браната, даде другарот Угрин.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Па и ова јас што го кажувам за да се види колку може човек да истрпи и пак да остане.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Нема смрт кога помина и ова премреже, велам и им кажувам кај бев и со кого.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ова ти е некоја ,територија на Горачинов", си мислам, и само ги преместувам рацете кај што не може да ми ги досегне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ова ми е некоја револуционерна дејност, вели Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали му се кажа и ова на небото?!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Интимно сакаше синовите да се занимаваат со политика, колку таа да не се занимава со нив. Но за тоа немаше мера, немаше граница. Па ја напушти и ова идеја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Предлагам и ова“, рече Ники, „Разговор со госпоѓата Никушева, нов председател на движењето на екологистите на Македонија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нашиот народ многу ропства и несреќи издржал, вели, и треба и ова да го издржи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе му поверувам на човекот. Ај, може и ова ќе помине, ќе си речам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Секој што се раѓа за премрежина се раѓа, вели Григор, а јас многу претерав, па може и ова да го претерам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)