и (чест.) - ним (зам.)

Ги собраа со Петрета и Кулета јајцата и поскурите, им даде и ним по дееетина дваесет јајца, по две-три поскури и му ја нарами торбата на Петрета да ја однесе кај него, оти толку беше „лесна“ та сам, така стар, не можеше да ја однесе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи пак обајцата овие попови придружници земаа учество во неговите работи, секој ден дедот поп им делеше и ним по нешто: по една две поскури, по едно шише винце — и тие да ја поминат света неделичка мајчичка повесело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко беше појден кон своите книги, небаре и ним да им ја пренесе големата вест.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Како што носеше местото, почна прво со мало Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе им се скисне и ним од неговите самоволија, та белким ќе го предадат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Овде им било и ним местото”, - помислува Соколе и ја погледнува како пропаднат в земи, стопати колнејќи се во себе зошто се нашол овде и молејќи ја, не знае зошто, тој неа да му се смилува, како да кренал секира над неговата глава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Вистина, тие не ги познаваа загинатите овчарчиња, но настанот беше толку потресен и толку грубо се вмеша во нивниот весел, безгрижен престој во планината, што и ним ништо не им се милееше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И ним, а и мене ни е убо заедно“, рече со насмевка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Аххх - помисли Јосиф - и ним не им е лесно.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Добро, и ним ќе им подариме по една играчка, ама јас ги барам оние што личат на мене.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Им се свртувам на луѓето што трчаат по мене. Им запрашувам и ним зад петици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)