Стариот забележимо омекна спрема своите квартиранти
Навечер тој почна да ги вика и нив да се постоплуваат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Гледаме дека и нив исто им се живее.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Одам и нив ги прашувам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ни излегуваат солзите на очи, но студот и нив ни ги мрзне.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие му објаснија нешто набрзина нему, грабнувајќи по еден сосема кус миг да се поднасмевнат во таа своја разјареност, со една иста така разјарена, но и задоволна насмевка, како по некоја успешна експлозија, која и нив ги исплашила но и ги израдувала најмногу од сѐ, тоа траеше сосема кусо, а после сите се наведнаа и го слушаа, додека тој им зборуваше тивко, споро, но остро, гледајќи го секого од нив со еден светнат, жив поглед, кому ништо не му се прокрадуваше незабележано.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И нив, како и луѓето, ги тера некоја сила да се бијат меѓу себе.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ги одведоа и нив со една група.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ете тоа се случи со нив. Ги стрелаа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но сега и нив ги уништуваа. Проклети времиња...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татнат ударите врз вратата во мракот - сѐ додека завесата и нив не ги придуши. Штама. Завеса.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Тие што се спасија се преселија многу на исток А откако имаа деца и нив ги поведоа на исток Зашто оттаму доаѓаше знак дека уште натаму е сонцето.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
И - виде невиде - и нив ги поведе во нашите окопи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- И нив ги испратив, велам, и сега сум дрво без гранки, искастрено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)