Пријателу, сега уште поблизок отколку пред година (зарем веќе има толку) кога замина.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Кај се сега оние раце нежни што книгана отворена ја милуваа Зад прозорот веќе тивко снежи и снегулки босоноги претрчуваат Кај се сега овие раце бледи толку книги во есента што затворија Зарем веќе над новите редои надвесени занесено се уморија Кај се кај се Јас ги чекам чекам над книгата напуштена да затреперат Но место нив сосем сосем леко по листојте зашумува само ветрот Рацете ги нема нема нежни Прашањето в грло ѕвони испокинато Одговорот надвор снежи Снегулките тажат по нив непрекинато.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Зарем веќе! Седеше тивко како глувче, во залудна надеж дека кој и да е на вратата ќе си замине по првиот обид.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И што ми е мене, луда ли сум, што би сакала јас, преку леб погача, ги измешав времињата, зарем веќе не ги разликувам демократските од тоталитарните системи!?
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Зарем веќе! Мислев дека тоа е на крајот, кога гардистите се берат на афтер парти во градскиот парк... јуначиштето на Стојан очигледно не поднесува алхохол...
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ах, драга моја, зарем веќе не цапаш во т.н.р. грешки?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ж: Ај, ај, ај! Зарем веќе е полноќ?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Се плашам дека веќе ми е време за легнување.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)