ете (чест.) - ме (зам.)

Јас и се плашев и се чував и ете ме на носилка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Луди или не, ете ме примиле, - одговори Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одгоре, јас завршувам со рамениците, оддолу со петиците, од страните со рамениците. Ете ме сиот јас.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ја допрев границата, линијата на разграничување со вас, а кога таа линија ќе се пречекори, ете ме меѓу вас.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Голема- рече Едо. – Ние бевме стокмени за Простение Господово да му застанеме пред црква, да не го пуштаме да влезе и да му ја дадеме дирлата, ама тоа куче Куцомолис ни пушти абер: ако вие го истерате попот, ете ме мене со четата в село и ни пепел од тие колибите ваши нема да остане.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Му се плеткам меѓу нозете, фаќам кривини, избивам на прво место, тој подзастанува и - ете ме мене на шестнаесетникот, што би рекле фудбалските коментатори.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се завиткував со ќебето и, куц-куц, ете ме во некоја соба.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не пукнала уште како што треба пролетта, а јас шетам бос: коњот под мене и ете ме в ливада: сите грмушки и ѕитчиња ги прескокнувам собирајќи полжави.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И ете ме, со Марија, по враќањето од прошетка, како стојам покрај него, фотографирам: Борхес ја гушка Марија, се припива крај неа како дете, како засекогаш да се простува од неа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес ми ја стегна раката мошне јако, со сила сосема невообичаена за него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За личност која беше толку срамежлива, толку на дистанца и далеку од сѐ лично, ова физичко покажување на топлина и блискост претставуваше претерување, или можеби премолчено простување, но јас тоа во тој момент не го знаев. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 210 Иако уште 1980-та, во песната со наслов “што ќе биде со уморниот патник...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Најживиот и најтрогателен впечаток од таа средба настана во моментот кога се простувавме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)