еве (чест.) - ќе (чест.)

Јас, еве ќе смета, мисурките ќе и измиа, ќе суреда дома, а ти, оти јас не сум месила побрго, та, ем, да не го греша, ем, сега дојду и да се расчекора на вашиот ковчег не го права кабул.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Отидоа, еве ќе и обесиш ти овде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ами јас би рекол нешчо друго да направиме ние ако сакаш да ме послушаш, — и тука Трајко се опули со Сефедина, прашајќи го со веѓите стариот свој пријател Арслана дали да зборува отворено пред него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Претпазливо продолжи: - И оваа сезона еве ќе сврши... Дванаесеттата откако излегов. Повеќе не се издржува.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ЉУБА: Еве ќе слушнеш. Ти си ништо, бескорисен човек, шуплив орев, само површно одозгора позлатен, и никогаш нема ништо да создадеш, а секогаш ќе останеш она што - си, провинциски портретист, со мечта за некаква лазурна пештера.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
– „Пушти го, Велко чедо, штркот, пушти го, му рекла Неда, оти е гревота, зер и тој, завали, е некој вдовец ја вдовица како мене што сум без татка ти, еве ќе стори близу две години како поштукот му го нема.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да што бил црн, пусти к'смет мој, да останам уште млада вдојца!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ела, мори ќерко - ја викнала царицата ќерка си од одајата, кај што била затворена и плакала - ела овде при мене и при татка ти, и ај нека ти бидит ќеот: еве ќе те свршиме за тоа момче.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Пушти го, Велко чедо, штркот, пушти го - му рекла Неда - оти је греота, зер и тој, завали, јет некој вдоец, ја вдојца, како мене што сум без татка ти, еве ќе стори близу две години како поштукот му го немат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Вака велејќи цареа ќерка, отишла и се затворила во една одаја и легнала да плачит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е, лели толку ми го фалиш, мори кума лисо, еве ќе ти веруам, ај нека е аирлија, дај нишанот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ако вие, браќа, ми сторивте зло, јас еве ќе ви сторам добро, еве по една невеста од царо ќерка - му рекол и си живееле брацки.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ем жими младос, мајко, еве ќе ти се заколнам, до утре ако не ме свршите за тоа момче, да знаите оти сама себе јуда ќе се сторам, и вие на душа да ме имате и на тој век џуап да ми давате!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ај оди измиј се образ и дојди да му бакниш рака на татка ти и мене, за да ти речиме: да ти је аирлија момчето што ќе ти го свршиме.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И реков на Рајна: "Добро, Рајно, кога сакаш да го слушнеш само она што ти годи, еве ќе ти речам: чевлите многу ти се убави, со здравје да си ги искинеш".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но побратимот Јанко сè слушнал и сè разбрал, но не им признал дека знае турски и така гостинот Јанко му рекол на домаќинот: Побратиме, изморен сум, еве ќе си легнам тука на рогозината.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)