еве (чест.) - сега (прил.)

Лишките немаат врска со оваа работа, вели налутено Максим и во истиот миг се прекорува себеси што откако се заветува зимоска дека еднаш ќе го отепа кобникот од Камен, а не го стори тоа, не се стори ниет ни да се сети на него, а еве сега на друго си помислува, поправо зад друга помисла се затскрива: и да го отепаше, и да разгласеше дека е бувот отепан, луѓево пак ќе веруваа дека тие, лишките, им ја донесле оваа несреќа, а не тој, Лазор Перуноски, во час на пијанство.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Совладана е и остварена желбата, онаа постојана опседнатост и долгот кон себе си, кон своето пеење што еве сега ја здогледува светлината на денот.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Еве сега како му ја ујади тој неговата душа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Кој е? - Јас сум Павле, Павле Заричин. - А... а... еве сега ќе ти отворам.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И еве сега ова трагање по опасните турцизми во балканските јазици, кое, секако, беше и израз на духот на времето, за кое се залагаше неговиот добродушен пријател Камил Климент Камилски, си го сметаше како егленџе за душата, сакајќи, сепак, да ја покаже низ една толку противречна синтагма опасноста од турцизмите, во обратен процес на релативизација (безопасноста на турцизмите) низ мисловното чистилиште во кое ќе ги подложат избраните опасни турцизми за да ја покаже релативноста на овој монтиран процес на чистењето на јазиците, својствен за мешањето на историјата дури и во делбата и во поставувањето граници во јазиците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еве сега ќе видиш...сепак го разврза тоа мало нешто, извади од џебот на елекот малку црн леб, го кршеше лебот на мали парченца, па со макање во нането, касна колку еден – два залака.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Зашто прво нешто како бум- бум им се чу, а тоа да ти биде дека тие се враќаат назад на фронтот, еве сега ноќе, што можат кога така им е напишано ама барем да се поздрават.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но еве сега таа одново му доаѓа во сонот, излегува од сликата на која беше качена на коњ и која му ја подари при запознавањето со неа, и му вели: „Зошто избега така налутено?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во последниот став на обредот играта е загубена ако Ана (ако Маргарита) ја фати врската Лињ д’Со или ако веднаш излезе на улица; веднаш, еве сега, бидејќи на таа станица и ги нема бескрајните ходници на коишто обично налетувам, туку скалите брзо водат кон целта, кон одредиштето како што велат во средствата на јавниот превоз, а на некои јазици - и кон судбината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа ситуација што се пофторува на секој први и што еве сега пак ја доживувам тука во кујната, толку ме вади од памет што имам чувство дека ќе се шекнам или посакувам да се шекнам, убеден дека шекнатиот за вакви работи не се нервира.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Без да имам потреба да ја покренам ногата на нешто како другите мои врсници. Еве сега кога ќе станам...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еве сега, заминував од каде што сум дошол, одев во главниот град, во С., за потоа уште еднаш да се вратам, но со фермани в раце, како што се враќаат победниците.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„На ти го”, му велеше на Петрета за синот, „сакаше син, еве сега, мисли му!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А еве сега пак истото! Едниот мисли на Србија, другиот на Бугарија.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: Вистина така беше. Пак еве сега Србија... (Мара му мрда со главата да не зборува, но Анѓеле ја забележува).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: После ќе направиме од твојот, и него ќе го видиме. Еве сега имам свиткано. (Ката им подава оган со маша да запалат).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И еве сега, без карти, застојани до отворениот прозорец, јурат со железницата низ темната ноќ, а прохладниот ветер си игра со нивните немирни коси.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Продолжуваше да чекори, размислувајќи само на тоа дека тој беше дојден тука за да се врати, откако ќе ја сврши работата, и еве сега тој си се враќаше, дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И еве сега работам овде како ајван живеејќи во овој град и робувајќи му на пустиот жал кон мајка си”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се водеше битка со дамна починатиот владетел...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И еве сега неговиот Галеб, како со сила создаден и одржуван феникс, треба да го оживее исчезнатото време... но и тој на крајот да заврши како старо железо, а Синиот воз да остане на некој заборавен колосек...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Сум слушнал за такво име, ама еве сега можам да го видам и тој што го носи името....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Еве сега повторно и непотребно ја заплеткаа целата земја во тоа проклето козјо прашање.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се браниме од секакви чинки Се браниме од лоши соништа И од лоши толкувачи се браниме А еве сега нѐ учат да се браниме и кога никој не нѐ напаѓа И којзнае дали ќе се одбраниме Ако Господ не нѐ варди и одбрани Првин од нашите сопствени лажни сонувачи И препродавачи на измислени соништа Кои не знаат дури и да танцуваат со соништата Без да им го повредат ’рбетникот од прекумерно стискање
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)