еве (чест.) - овде (прил.)

Онбашијата се заврте кон двајца војници и им рече нешто на турски.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еве овде е танко. Сечи, заколи ме, да не су жив, на моата старост да тргам маки и срамови. — И покажа со раката на гушата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За Велигден ако не го кажам апостолот и тоа што треба по наше, еве овде сум најтенок- рече попот покажувајќи си го вратот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ја боли неа, ама ме боли, еве овде, и мене.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Значи вака: силен си како него, мускулест, само што со време ќе дозволиш да се пополниш еве овде, кај мешето - се надевам, пред да ја сретнеш твојата Атиџе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Уште со првиот истрел тој ја погоди во колкот, таа падна на подот, а со вториот - жик - мене во левата рака, еве овде.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И еве овде пак ме боцкаше, - не знам што ќе е тоа... и секакви мисли ми се моткаат низ глава... очите ми се затворени, а гледам таква вртелешка од бои, што просто ќе побудалам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ТРОШЧЕЈКИН: Може-може. Еве овде ќе легнете.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ете затоа јас се кандисав да се потурчам; да не го тргам тој воловски живот; ама еве овдека пак паднав на полош, пчошки, што ми го откри ти сега.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Многу повеќе ќе ми значеше мојот човек да стоеше еве овде, на твоето место, жив и насмеан, иако без сите оние украси што ти ги... - и среде збор тетка Боса се сепна, како да се сетила на нешто што не смеела да го изуми...
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еве овде ми е лузната. Слободно погледнете!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Потоа пак зачекоривме по ходникот назад, па стигнавме до трпезаријата. „Еве овде јадеме.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа го однесов во работните простории – во онаа во која се правеа предмети од дрво, па во кројачницата, во ткаилницата, и во собата во која везевме и плетевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Излижан му е удирачот. Еве овде...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)