И еве зошто. Досега комитетите му велеа на надворешниот свет оти тие работат само за „Македонија за Македонците” и се готови да им дадат секакви гаранции да не стане присоединување на Македонија со Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Ах, еве зошто ми беше потребно опавчето! - воздивнало тоа и уште посилно заплакало.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
„Еве зошто прашав дали сте женет. Заради ова задоволство.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
– „Еве зошто ние знаеме сѐ што имате дома, Силјане, му рекле, оти ви седиме на куќите; ние се правиме штркови, Силјане, и ви идеме во вашето село и во сиот вилает ваш“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
А еве зошто се смеев: прво, затоа што воопшто се шминка; второ, затоа што си стави неколку килограми пудра на лицето; и трето, затоа што веруваше во онаа глупост за седум години несреќа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
А еве зошто: Пред неколку дни дојде друга група Италијанци.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А еве зошто: Васете го нема и не доаѓа повеќе.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но пред некој ден не знам што ни стана, го примивме со нас. А еве зошто.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А еве зошто...
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)