еве (чест.) - јас (зам.)

РИСТАЌИ: Е добро, еве јас ќе ти напомнам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И еве јас, по сето она, се определувам за вас...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
– „Ако не веруваш, Силјане, оти човек се прави штрк, еве јас ќе се искапам за да поверуваш".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Не е страшно, Томе, еве јас“, се пријави Теми, „а ќе ми помогнат Јана, Данче и Гоце од литературната.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И не е точно дека е сѐ небо. Еве јас по земја одам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мајка му на Димка се искашла и бришејќи го испотеното чело со црвена крпа богомолски зареди: - Жени, за дигање на црквичка што ни ја наречува мајката божја да придадеме по некоја паричка. Еве јас прва.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Да дадеше Господ една сипаница лоша да дојдеше и сите вас да ве собереше, та после векот едно да не пркне: овде да се роди, ама бело море и црно да препливаат таткови и мајка ви, тамо да видат челад; откако ќе видат челад тамо, еден Господ нека суди и еве јас си умирам".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Еве јас, да одев против власта, зарем ќе го имав овој имот што го имам, зарем ќе имав толку стада и сѐ бели, а?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)