еве (чест.) - ме (зам.)

— Е, побратиме, сега, или никога! Еве ме на твоа бога, на твоа душа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во Нивици ме прифатија нашите и ...еве ме сега меѓу вас, жив и здрав.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И еве ме сега после толку години пак во истата соба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Е, де, денес за чудо возот од Белград не доцнеше. И еве ме, малку порано дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаејќи колку ти е страв да си сама, еве ме овде да го заштитам твоето гнездо од натрапници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еве ме насилно довлечен на некакво задоцнето верско – идеолошко „покајување” за да ги трпам последиците од моите божем големи гревови, пред сѐ космополитските, надоврзани на семејните, емигрантските.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И, еве ме сега и мене, по толку минати времиња, граници и надежи, во едно од неочекуваните и невозможни враќања од егзил, во кои Татко дефинитивно не веруваше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
ВТОР ДЕЛ „Го изгубија небото зашто сакаа да го заробат.” XII И еве ме, на крајот, пред прагот на Атеистичкиот музеј во Скадар, на крајот од музејската спирала, на заме­не­тиот живот со музејскиот, на заменетиот Бог со идео­лош­киот, на заменетата иднина со утописката.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Останавме засекогаш жители на земја без враќање... * А еве ме сега и мене на ред да го довршам мајкиното враќање, посиромашен од татковата моќ да ги смирува моите засилени идеи, еве ме пред молчаливата Мајка.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А мене, еве ме излезен од спиралата на татковиот егзил, во фаталната проверка на една од постојаните илузии на бегалските семејства дека враќањето од егзил постои.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И еве ме сега, го обиколувам тој простор како Били Кид во филмот на Сем Пекинпо, додека бројките на мојата милјажа растат со хистерична брзина, а од мојот цеде-плеер допираат звуците на песната на Боб Дилан: Деар’с ганс акрос д ривер еимин’ ет ја, Лоумен он јуар треил, хи’д лајк ту кеч ја, Баунти хаунтерс, ту, деј’д лајк ту гет ја, Били, деј дон’т вонт ју ту би соу фри...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Еве ме во салата на некој парламент. Бугарскиот или грчкиот. Можеби српскиот. Не е лошо да е американскиот. Или Обединетите нации.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еве, како што се сетив (на што ли се сетив!) така еве ме...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Чув дека вие сте немале поп и еве ме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Грчки, ама се зајадов со владиката, тој ги пушти андарите, се испоклавме и мене еве ме овде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
АРСО: (Излегувајќи од врбјакот со кутијата в рака.) Еве ме, одвај ја најдов кутијава.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Што, што ти се сторило, чорбаџи Теодосе?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И во таа брзина и мојот живот некако избрза, се истрга и еве ме уште жива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Остана горчливиот спомен за потресните денови И еве ме пред ново искушение, пред нова, за мене, судбоносна телеграма, која ревносниот шифрант ќе ја пренесе набргу во земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Еве ме, Купидоне, еве ме, црна музо, јас сиот ти стојам на располагање, удри на мене, бори се со мене, се саможртвува Трифун Трифуноски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)