еве (чест.) - го (зам.)

- Еве го! Го најдов доаѓам! –возбуден Кире довикна, зашто стравот гласот му го сопираше, го стегна в грло нешто горчливо...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Еве го од некаде Сатирот. Се смешка, мижурка со тие очиња негови како Ранковиќ додека Тито се прави важен пред народот со тие костумите и прстењето негови и ми вели или знам дека ми вели: - Ме прејде ти мене, ама ако, ќе ти го најдам јас тебе крајот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И сега еве го времето како наидува да ми укаже на ограниченоста на мојата перспектива со оглед на која сум создал.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ама еве го претседателот на Републиката.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еве го брат ми. Божем одвај успеал да дојде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но еве го ставаат и капакот одозгора.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еве го се веднува врз мене. Брат ми.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во еден момент се сетив: Тој мисли дека е сè уште таму иако еве го заедно со мене тука.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Немајќи друг избор, се вртам уште еднаш да погледнам кон Сатирот и тамам погледнав на која колчето на коешто седеше кога одеднаш еве го Сатирот зад мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Впрочем, еве го тоа и овде во ракописов.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А еве го постигнав и мојот животен успех: Се откачив од илузиите во врска со тебе!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еве го“, му викнав на Перета, „дај им го, нека одат по ѓаволите“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Човек ќе се понадева да замине, ќе го побара мирот, а потоа тој мир еве го претвора него во суштество тапо и исплашено пред одговорноста на одлуката што им ја соопштил на другите, како единствена и целосна вистина, дека заминува, ни помалку ни повеќе, заради пишување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега еве го во ова селиште на македонската граница. Се враќа дома.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И еве го сега над оваа позиција од која му зависи дали ќе го забележи желаниот успех или ќе биде пак изоставен, сега пред самиот праг, како човек што долго чекал во редот пред театарската каса, а билетите се свршуваат токму кога тој му пристапува веќе на шалтерот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пискулиев делка, длаби, го угодува калемот и еве го облепува со восокот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да, еве го еден и на овој турнир, но само како судија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Затоа тој така жедно го чекаше овој септемвриски ден кога се отвора гимназијата, и еве го сега рано кај се шетка горе-долу покрај Боцевата берберница.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Многумина вриштеа, мислејќи дека нацистот во мојот филм е појак од сите останати.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Така, тоа чувство дека еве го крајот, тој е тука, сосема близу е, само привид е за неупатените, ние занемените пред можностите што ни ги испишува поетот на својата „табула раза“ што си ја држи скришно пред секое ново вгледување во неа, врз неа за ново испишување.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Френк деновиве го има истото чувство додека ги гледа нивните фотографии од тоа време: еве ја веселата Марџори на плажа, сѐ уште неоскверната и поубава и од неговата ќерка, со оние две прекрасни деца; еве го него како позира на својот велосипед, сѐ уште несвесен дека неговиот панкреас решил да го убие по кратка постапка.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ти го направи првиот хипер-текст за Маргина, тематот за AI, помагаше кај несреќниот темат за Преведување, еве го сега и Хофстетер, фала ти, пријателе.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Веќе бев во полето. Еве го и изворот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- И така, нè растера таа проклетата, ме однесе мене дури преку Дунав, онаму, во Влашко, ако си чул, ме заробија, разбираш или не, како добиток не туркаа по возови и вагони, и најпосле не турнаа таму, пак како добиток, ме разбираш или не, во некакви огради од боцкав тел и... и еве го иде Бојан, нема време да ти раскажувам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Еве го твојот поглед со кој сонцето им се обраќа на плодовите Две брези имаш и некоја црна месечина меѓу нив изгрева Си ги прибрала сите светулки во твоите ливади да пасат Црна сенка минува преку твоето срце...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Да се надвладее видливото за да му служи на невидливото – еве го живото на поетот“.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тоше ги превртува лисјата на букварот. - Еве го телето, - покажува.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Еве го Милкиниот цртеж! - рече.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Додека љубов ти изјавувам, јас еве го доживувам сонот.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Има, рече во дворов на општинава еден пеливан од Кичевијата кој од пред три дена низ сета каза прилепска бара јунак сприти себе, а нашиот прилепски јунак, кој ќе го надвие кичеецот, еве го, покажа на Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еве го Горник, еве го Рамник, еве ги гробиштата, еве ја црквата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Општината од север, од кај Џокоските, ќе биде заградена со висок ѕид, а општината и училиштето меѓу себе ќе бидат разделени со исто така висок ѕид - еве го и тој ѕид.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Околу наоколу општината и училиштето ќе бидат заградени со еден ист ѕид - еве го и него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, кутриот, се сврте наврапито спрема Максима, но Мустафа ефенди, како и сите Турци голем љубител на борењето, рече Јас ставам две лири на нашинецов и веќе немаше кој да одречи да нема борење помеѓу нив, помеѓу Лазора Перуноски од Потковицата и Иса од Кичевско: Мустафа ефенди го испрати протуѓерот да ја разгласи борбата за точно напладне во Али чаир па сите заедно слегоа во дворот на општината за да ги состават борачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Еве го Милкиниот цртеж! - рече.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Девојчето веќе има во рацете убав букет жолто цвеќе. Еве го, се враќа.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кажете дека тоа не е Дишан, свртете го тоа, и еве го.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Еден од начините да се пишува музика: е проучување на Дишан.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Еве го кнезот, и целиот собор ќе ја догледа неговата слава, и џарот е помеѓу нив. Потпис: Цар Соломон 909.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еве го кнезот, и целиот собор ќе ја догледа неговата Слава, и џарот е помеѓу нив. Цар Соломон, 909.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еве го, цел овде: ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА НОВАТА НАРОДНА УМЕТНОСТ
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еве го кнезот, и целиот собор ќе ја догледа неговата слава, и царот е помеѓу нив. Потпис: Цар Соломон, 909.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еве го кнезот, и целиот собор ќе ја догледа неговата слава, и џарот е помеѓу нив. Потпис: Цар Дариј, 909.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еве го кнезот, и целиот собор ќе ја догледа неговата слава, и џарот е помеѓу нив. Потпис: Цар Соломон, 909.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еве го кнезот, и целиот собор ќе ја догледа неговата слава, и џарот е помеѓу нив. Потпис: Цар Соломон, 909.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еве го описот на предметот (верно пренесен, освен што не е разделен на пасуси) како што го објави страницата на Нешнал ривју.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој сега те чека надвор и штом ти ќе излезеш, еве го кај мене.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Бррм... Еве го, дојде и пројде, сега може на раат да задремеме.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
4. Библиотекарот Филип Филиповски лежеше врзан за креветот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го сонуваше отец Лаврентиј: еве го, сам на вечерна ги лови буквите во воздух, додека силен ветер ги позема и ги дува накај езерото, на сите страни на светот, околу големата вода.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И виде библиотекарот Филип Филиповски: лето е, 918 година, а по пустите падини на Источна Македонија ита во претсмртен час отец Лаврентиј, во искината мантија, кон Бело Езеро.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еве го, еве го пак, доаѓа по мене!“ викаше отец Лаврентиј на сет глас.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И потоа, целиот кревет, со отец Лаврентиј излета низ прозорецот, уривајќи го ѕидот и исчезнувајќи во далечините, таму каде што веројатно се спојуваат небото и земјата во темно, ноќно ветно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Очите му светат како јагленчиња, лицето му се издолжило, чиниш кожата ќе му се дупне секој миг од острите јаболкца и брадата. @еден е отец Лаврентиј, гладен е, измачен; трча и паѓа, колената му се жива рана, табаните - камен, жолт е отец Лаврентиј, жолт како свеќа, но носи абер во манастирот во кој мора да стигне.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе викале по тебе: „Еве го шејтанот, еве го Ване-јарето!“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еве го твоето дете!,“ ѝ извикува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Однекаде изваде лист хартија, и рече: „Еве го списокот.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледав во имињата запишани на хартијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој го џвакаше чаршавот, и ја подаваше раката кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еве го Даниел,“ рече Клара, покажувајќи на младиот човек кого не го познавав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Моето детенце! Моето детенце!,“ извикува жената и го гушка парталчето на градите, го гушка и не престанува со радосните восклици: „Ми се врати моето детенце!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еве го, во кафеаната „Боеми“, го испива стотиот вињак и вели: - Сигурен сум, сто насто нејзините три круга се всушност во полето на некојси малечок бермудски триаголник, каде што годините се ситен песок што налегнува по спрудовите на нејзините бадемасти очи и веднаш исчезнува без трага.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Истражувам. Еве го Градот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сослушај ме. Еве го и кафенцето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И еве го сега она моето, неизбежното: Зошто ова го пишувам?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Еве го проклетството, еве ја кобата што кобеше да изгори селово”, свикаа луѓето и го зграпчија Јосе Натемагото, го врзаа со јаже и го фрлија во пламенот на куќата што догоруваше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Еве го! Наближува!“ - исплашено извика високата георгина.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Но ко завија волци од сите страни мачорот Тошо не може да се брани и почна да си бега в село на пат го сретна зајачето бело. уф, еве го братчето слатко стравот ќе потрае кратко јас од лошо ќе се спасам и набрзо в село ќе си стасам.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Таму се вели: “Еве го извртениот свет, еве го светот каде што секој глуми”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Еден париски балет од тоа време се нарекувал „Le Monde renverse“ (1625).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ишол по друмови, ишол, и кога, еве го еден јунак иде и се среќаваа, сторуваа здраво - живо, и Марко му вика: - Кај ќ' идеш, бе, незнајна делијо, ти наамо?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тргнале назад да си одаат и ќелешо одоколу пак си влегол во калта да го вадит коњот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Пари јас пријатели неќум - им рекол - јас сум многу богат, еве како што ме глеате, ако декшаате по еден муур на бутот да ви удрам, еве го шишето, на ви го!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- је одгоорвел м'жот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сега да стани, после да стани, еве го, ене го, пладнина беше го нашла.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И така, го погинал и се вратил Марко у Прилеп.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ејди, море домаќине - му рекла врабицата на врабецот - еве го пак стопанот од лозјето, дојде за да го кроит и кроејќи ќе ни го најди седелото и ќе ни го расипи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Едно го виделе врапчињата, и излетеле од седелото, та застанале на врвот од дрвото и почнале да си жалаат и меѓу себе да си велаат: - Ејди, море домаќине - му рекла врабицата, куќата наша појде, еве го стопанот од лозјето дојде за да го одгрибуат лозјето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Беше секогаш во нејзините мисли низ целата екскурзија и еве го повторно токму сега кога и најмногу го посакуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Па на твојата романтика еве го и мојот предлог, тоа да биде на денот врзан за празникот Вера, Надеж и Љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Па после, ти велам, се искрадува Мисајле Ковачот, се истргува некако, никој не виде во тој прплец кога отиде дома и кога се врати од дома, туку еве го со пушка в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Еве го, го најдов, вели, и ми го подава писменцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И едно време, еве го, ги отвора очите: - Го видов Мирчета, брат ми, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама човек си, пак за него се туфкаш. Цела ноќ си ја тепам главата: каде е, што е? Чекам, а срцето не ме држи. Еве го, ене го - го нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еве го, ене го, го нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еве го твојот господ, ѝ велам, овдека само јас сум господ, ѝ велам, и ѝ врзувам уште една шлаканица. 225
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И еве го, наголеми и таа живинка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веста била удар од кој можело да се падне ничкум и да се гризе камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Толку долго бил врзан за минатото со спомените и сеќавањата на некогашните жители од селото на кое му служел што изгледало дека зачекорил рамно од онаа илјада осумстотини триесет и петта година кон чадливото завршување на Втората светска војна: воскреснал, ја стресол земјата од топџиските раменици и - еве го, пратеник на заборавените, сеедно што пред патот на четириесет и тројцата терачи на двоколки, а и потоа, се одигрувале и поголеми и позначајни настани за кои светот знаел од папируси и пергаменти, од паметници и книги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
4 Тој поп, тој долгман во мантија Доситеј Давидовски!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сличен на мудроумен и видовит старец, збрчкан од тежини што му ја притискале преморената душа и бушав од игра на ноќни ветрови, Лозан Перуника дошол на испотен шарколија и ги избројал пред насобраните луѓе и жени гробовите што живите од дружината им ги ископале на мртвите: останале патем рабите божји Дмитар-Пејко, Неделко Шијак, Јанко Крстин, Пеце Димовски, Борис Калпак, Симон Наконтик, Онисифор Мечкојад, Куно Бунгур, Пандил Димулев, Никола Влашки, Сандре Самарија, Самуил Пендуш, Филип Макариев, Никифор Ганевски, Илчо Просинек, Каменчо Скитник, Орлен Шумков и Јаков Иконописец, кои со ранетите Чучук-Андреј, Метуш Батковец и Цене Папчев можеле да бидат прогласени за дваесет свети и пресвети маченици, безбедниот Јаков Иконописец, без тој апостол со душа на вероизмамник од чиј оган горел Круме Арсов (ако починал, бог да го прости), и отишле или бегале од дружината Васко Тушев, Цуцул Мицковски, Осип Сечковски, Салко Вадидуша, Трипун Караѓоз, Гидоен Кузмановски, Блаже Задгорец, Марко Марикин, Пане Долгманов, Кирил Сукаловски, Јордан Шоп и последниот, сѐ уште негде на пат, Спиро Првославец, ако е некој виновен - господ нека му суди и се враќале со камења за неколку воденици и со тројца ранети Онисифор Проказник, Јован Стојче-Столетников, Герасим од Побожјане, Богдан Преслапец, Лазар Аргиров, Наџак-Јанко, Арсо Арнаутче, Цветко Грнар и Богоја Гулабарин, споулавен и зол колач на беспомошен раненик, и еве го него, Лозан Перуника, гладен и жеден гласник, од чие бавно и тешко редење на имињата до бога раснеле тажачките на жените и плачот на децата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа мораше да се случи: еден мал и неочекуван преврат, неколку атакувања на нивните бели куќи оградени со индиски цедруси и со коски на покорените, неколку барикади и - еве го оној ден. Мој. Наш. На човекот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И тој остана. Еве го, гледаш. Погледнав во челото на раскажувачот но не видов белег.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А-ха! Еве го камионот што гази, црвено-бели крави со ангелски сјај во очите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Еве го, еве го, ја бара мисирката, вика и клоца околу себе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
2. Ако сте го прочитале упатството за Асенета под точката 2, тоа се однесува и на вас, па еве го сонот што Вам ви се задава за спомнатите цели, со забелешка дека тоа е машки сон и дека јас го сонував, па најверојатно ќе можете и Вие да го сонувате, Аристине...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Наоколу се мотаат продавачи на значки и на кокарди. Сонце, насмевки, благосостојба, свеченост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еве го Претседателот со цилиндар и редингот, во кралска кочија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На масата садовите се поставени наопаку, но не паѓаат, чинијата полна јадење, виљушка, лажица и нож, парчиња леб и чаша ракија од суви сливи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нејзиниот тивок глас како да ни зборуваше: - Одете, малечки мои, еве го патот, одете, не предавајте се !
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Меѓутоа, еве го повторно на припомош Сјоран.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зарем Бургиба ја немаше историската шанса, како и многу други владетели, да ја предаде својата мисија, раководењето на Републиката, на друг владетел, почитувајќи ги демократските принципи, со кои се раководеше тогашна Француската република, чиј ученик беше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа мораше да се случи: еден мал и неочекуван преврат, неколку атакувања на нивните бели куќи оградена со индуски цедруси и со коски на покорените, неколку барикади и - еве го оној ден. Мој. Наш. На човекот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ти реков, го видов како жолт канарец. додека те чекав, еве го пак, сега во син костум.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сапуницата му се сушеше на лицето - еве го, сипаничав воденичар! - само нешто во него е темно: попот се нишаше по својата сенка додека помеѓу кусите ногавици и чевлите со излижани топуци блескаше голо и бело месо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Еве го! Сигурно му го има дадено нему!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Еве го тој што би требало да го одведете, не мене!“ извика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сајм ја крена главата. „Еве го Парсонс“, рече тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, еве го најважното, бате. Што мислиш, што е тоа што ѝ се сторило сомнително кај него ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Мајчице мила, еве го доаѓа - китка темјанушки ми подава... венче ќе си сплетам... коси ќе ми расплете... самовилски танец ќе му заиграм...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Меѓу другото, еве го сето она што го имаме во пари.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со софтверот што го развива Futique, ќе го оспособиме детето од четиринаесет години, додека цело семејство седи и гледа вести, да ја употреби својата ракавица и - еве го одеднаш Џорџ Буш и - ох, влегува Мерилин Монро, и, гледај. му седнува на Џорџ Буш в скут и му вели: „Ајде, дојди, Џорџ, слушај...“
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Токму кога се чинело дека конечно ќе пукне, се отворила вратата од лифтот и Фред рекол: „Еве го лифтот. Качи се во него и замини!“ Тоа и го направила.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И токму го завршуваше Петруш пазарлакот со свадбарите, еве го Стевана од Гудјаково со еден сир биено сирење во едно цедилце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе му се бројат на владиката четириесет педесет, или колку ќе посака, лирички и еве го за дваесетичетири часа и прота, не само поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еве го ве! Токмо така, ако сака он, сполај му!“ — и си ги забриша солзите со крајот од ресената шамија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јована, еве го, го дотера со нив преку море.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еве го надвор, чека на одговор. – Доведи го веднаш кај мене – заповеда султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата ја вртеше главата зачудено и се надеваше времето нешто да измени кај Анѓа, но еве го фати петнаесет месеци, ни чекор напред не се забележува.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата ги викна раштрканите сејмени кои направија куп пред вратата и им рече кратко: – Момчиња! Еве го Суљо-ага.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И велам: Еве го Ангелот Се качува на коњот Ќе одлета без мене Ќе одлета без себе Додека Сам Самувам Во самица.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Еве го татко, мамо!... (Му ги опфаќа колената на Зафира. Молчење).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ах, еве го: Џиги Миги Ентертејнмент, испратена понуда за соработка на 30 март 2007 година!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Мисли, мисли! (се удира по главата) – Еве го, го најдов - од внатрешниот џеб на мантилот веди месарски нож со долго, блескаво сечиво – Сега, на работа! – се наведнува над св. Јован
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
- Едвај се спасивме... Го врзавме и еве го донесовме овде...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Едо од Струмица, но иако еве го среде Струмица, имаше чувство дека не ќе може туку-така да се појави кај него на врата и да рече, Знаете, го барам Едо Бранов...јас пишувам роман за него...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И еве го балкончето на куќата на тетка Сандра. неа ја нема.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Еве го котлето на дедо Велјана! - радосно извика Евто и го грабна шлемот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Еве го и нашето Волшебно самарче! - рече Огнен.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Запишан со звучни јоти Еве го тој ракопис на макот Како привидение на разболените.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
- Навистина, еве го мостот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Нели, умно! Ќе молчи, ќе молчи, ќе јава долго на оној негов црн коњ, и наеднаш еве го, се враќа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И ќе го рече она што најмалку го очекуваш а толку ти е потребно да го слушнеш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
НАЦА: Секој си прави измет на својот табиет. Стани, еве го иде.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СЕЛАНЕЦОТ: (Се враќа.). А, не можам јас така.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Саатот. Еве го иде.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Уште борч... (Пак станува, гледа.) Ќе ја свршиме, не е лозјето зајак да избега... (Се слушаат свирки од далеку.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Јас го гледам. Еве кај оди, и тоа на две нозе.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: (Влегува.) Сме задоцниле!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: (Влегувајќи.) Кој?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Уф, еве го овој се враќа!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Еве вака: знаеш колку имаш да ми даваш. Еве го сенетот. (Вади од џеб хартија.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ДВАЕСЕТ И ОСМА ПОЈАВА СПИРО, НАЦА И ТЕОДОС
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: Токму затоа. Од саклет, чорбаџике, од мака, од страв... Еве го.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Е, ама пак тој ќе не куртули. Еве го.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Малку нешто и, еве го, дошол да ме види.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше затишје од борбата, не знам и јас како беше, и еве го Никифор Абазовски кај мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еве го Михајло, ѝ велам на жената.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И автобусот, еве го, наближува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И еден ден, еве го, се јави: почнаа болките, тргна да се кине утробата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме видел да се чешам под мишките и еве го: Ај, глави ме за слуга, вели, да те поштам од вошки, да те чешам од болви.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еве го, ене го, кај да е ќе дојде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нина стана: „Еве го Влатко, од дессетиот кат. Новодојдениот!“ и се сврте кон наседнатите, „А ова се Мирко, Филип и Жарко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Комесарот се засркна, силно се искашла и скоро со зарипнат глас рече: - Еве го крајот на заклетвата што никогаш не смеете да ја заборавите: - дека мој идеал е слободна и демократска Грција, напредокот и среќата на мојот народ и во служба на овој идеал го ставам оружјето и мојот живот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Еве го крајот... - рече и со очите покажа на трупот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Избега и еве го сега овде во оваа осамена колиба ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Ти си го напишал самиот. Еве го нашиот роман, во оваа твоја тетратка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Потоа размислував за една мала кутија во која би биле сместени сите мои дела, како во малечок музеј, музеј што може да се оси, така да кажам, и еве го, во оваа торба.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И еве го, командирот Леко се врати и се смешка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Синко, Тасе, татко ти, еве го тука е дојден да се видиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се тресев од страв и еве го татко ѝ, чичко Дончо, викаше на цел глас: Ристено ма, ова девојчето ваше да видиш што направи!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Веднаш се закажа состанок на кој говореше шефот Ристо, но состанокот го прекинаа куририте кои го извикаа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Одеднаш, еве го, тате влезе, а мене здивот ми застана, како ли сега тој ќе го протолкува сето ова, многу се плашев од него.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Додека сум на стража не познавам никого, тоа е мое правило.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И еве го, по кусо време се врати нервозен, го продолжи состанокот, но не со започнатата содржина.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога се стемни убаво, еве го и попот Ставре со самарџијата Димо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Еве го, ене го, Петре си ја лизна опашката, и куц-куц, ајак-ајак, заборави по што отиде, а само запамети каде оди.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ибн Пајко продолжи: „Еве го решението да се поправи сокакот до Бојаџилар Мејдани, ама потрошените средства да се наплатат од стопаните на дуќаните крај сокакот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Томчо се растрепери од возбуда. Одамна имаше желба да фати зајаче. А сега - еве го пред него.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Еве го моето зајаче!“ Сите деца ќе сакаат да си имаат вакво зајаче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Девојчето веќе има во рацете убав букет жолто цвеќе. Еве го, се враќа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)