еве (чест.) - ве (зам.)

— Аман господине, аман. Еве и ефендиите, еве ве вас, шо знајте правете си, шо су крив јас, шо ме топате? — застенка тој и падна на чардакот, на неколку метра пред масата каде што седеа гостите и чорбаџи Сиве.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А сега, еве ве, слепела; виде кубаса, па сакаш и крвавица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ами еве ве: јас те сакам, те сакам, трипати, не еднаш, ако сакаш да знајш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)