дури (чест.) - сега (прил.)

И во времето што одмина од ланската година кога ѝ ги собраа трите чеда и им нарамија пушки, таа дури сега, за првпат, се опушти, и олесна и единствена желба ѝ е овој миг да потрае, да се одолжи во денови и да се развлече во години.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дури сега сфатив колку е убава целата таа композиција од зборови и тонови.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дури сега гледам дека е отсечена како со секира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И дури сега ја осетив тежината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам по колку време дури сега лично се гледам, а се немам погрда видено.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури сега ништо не разбирам: јас ја бранам, а таа сака да ме удри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кажи ми, Сашо, зошто твојата прва изложба ја правиш дури сега?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Јас дури сега, благодарение на вујка ми Германа, сфатив дека во ова прашање може да се навлегува единствено со една поцелосна спокојност и без губење на смислата за забава.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се сеќавам на една реплика меѓу татко ми и Чанга, чијашто порака дури сега ми се разјасни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Оти ова писмо сум ти го пишувал јас, вели, од фронтот уште, а еве дури сега стасува. Ебати поштите, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)