дури (чест.) - после (прил.)

Дури после ќе им дадам на децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Треба да почекаме сите да заспијат, па дури после да се досегнеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Грците првин ја фаќаат црквата, вели, а дури после стапот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да го ставиш комарникот, па дури после да ја покажеш главата, да се појавиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури после се истргав, што се вели, се извишив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)