- Тие да биле арни не ќе дојделе дури ваму, му велам, заборави сѐ што било, земи изнаспи се, белки ќе ти се поттргне лошото, му велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И пред да проговори тој, проговорив јас. Што бараш дури ваму?, го прашувам.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
А може и да не може да се искачи дури ваму, в планина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не знам како ја пуштиле дури ваму, но нас добро ни дојде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)