Било одредено дури од Цариград, семејството да се оддели од морето, да бара нова нафака на друго место, крај Охридското Езеро…
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
По него се населил и неговиот другар дури од детството - дедо Ицко.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Дури од Грамос ми идат нивните гласови овде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На Французите им дојде курва дури од Париз, велат, некоја редоселка со голи нозе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)