дали (чест.) - мора (гл.)

Дали мора да е токму вакво лицето на нерадосната пустина во која на крајот ќе опстане само жедниот кактус на нашата осаменост?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само се прашувам дали мораше да се случи толку драстичен парадокс за да ме натера да дојдам таму каде што треба.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Беше немажена, уште неспастрена, што се вели, но дали мораше да блудничи со војниците и така да си ја развалува снагата?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И уште нешто: дали животот на мајка ми всушност претставувал едно вечно секојдневно заминување во се подлабока самотија?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)