дали (чест.) - има (гл.)

Дали имам, јас маж толку пари со мене! Сака да се бара чаре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Те прашувам дали си комита, дали имаш врска со динамитот?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Јас сум млад човек...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кулминација на реметењето на домашниот мир настанува кога комшијата што живее преку две улици, ќе ти заѕвони на врата за да те праша дали имаш нешто против што у субота ќе прави мало журченце.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Утрото, еве ги селаните, одат низ шумата и викаат: — Е-е-е-еј, дали има живи?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали имаме толку браќа, вели, и толку љубов за сите?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали има повеќе штурци на земјава или ѕвезди на небоно?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае дали имам право на толкави чувства?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ни ја, ни ти, велам, дали има вистински Југословени?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Патем, тресејќи се од студ, брзајќи за да се згреам, сум размислувал дали има и некои други од оние со кои учиме да живеат во вакви услови? и воопшто, ќе издржиме ли, ќе останеме здрави?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)