да (чест.) - или (сврз.)

Ако решиме да те ослободиме, откако ќе завршиме со тебе, и ако доживееш деведесет години старост, ти сепак никогаш нема да дознаеш дали одговорот на тоа прашање е да или не.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тука сѐ беше запишано, но се сведуваше на: да или не!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А сега - чекам одговор: Да или не. Марко“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Затоа тој не беше категоричен дури и при чисти ситуации кога беше сосема јасно дека мора да рече – да или не.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Играш ли фудбал? - Играм, признав; не знаев што е поарно да одговорам: да или не.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Надењка нестрпливо, тажно, со прониклив поглед ми се загледува во лицето, одговара без врска, очекува јас да почнам прв.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кажани ли беа оние зборови или не? Да или не?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)