би (чест.) - ти (зам.)

- Не биди дете, кој може да дознае каде престојуваш, а парите за кирија би ти биле добредојдени за џепарлак.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Замисли како би ти било тешко таа, новата жена да ти рече да ја извадиш сликата на мама, како нешто непотребно, нешто што пречи, или да посака да ја уништиш таа слика, а и јас тоа да го слушнам, да го знам...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој гледаше во мене цинично и рече: „А зошто би ти ја вратил?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ама, ете така, со млада кога се спиело и од кочанки да била постелата, пак не би ти се станувало, а камо ли што од баба Анча постелата е полна со слама и паперка.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не знаеш колку ми значиш. Ми ја обновуваш силата. Како слатко... би ти ја испил крвта.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Гледај само како се облекуваш! Јас би ти бил подобар во таа работа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Многупати помислував што би ти кажала ако еден ден се појавиш. А сѐ што би ти рекла би било оправдување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ме израснаа скромни и чесни родители.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но ѓавола, побргу би ти спикал некој камен в уста отколку да ти даде нешто!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пак и нема човек кој би ти одговорил на тоа твое прашање.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Треба ли да се задоволам со ова оправдување? Ах, изгледа морам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со задоволство би ти ги ископал очите.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)