барем (чест.) - по (предл.)

Сега, навистина, дотаму одат на свој трошок, но кога ќе стасаат до харачарите, нели и за нив самите си бараат барем по две аспри?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Секој ден пристигаа барем по два букети хризантеми, или рози, или лалиња.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не можеше така да пројде, па ги вежбавме, на „сец“, препознавање барем по првата буква.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
— Како бидувало така, вели мајка, барем по една чаша маштеница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Она умирање, кога нема што да се прави со себе, сите го имале барем по еднаш во својот живот; разликата беше само во тоа што кај него сѐ беше неспоредливо поголемо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да, се случуваше нешто слично барем по однос на она што е кажано во тие редови: „Минав три чудни денови: морето, плажата, патиштата, ми носеа сеќавања од други времиња.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
За трите први одделенија ќе треба да подготват осумдесет и девет дупки, значи, барем по десет дневно и тоа во време од 8 до 10 часот, зашто попладне се на настава.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)