Едни ги пикаа своите годиначиња во градите, а тригодишните под широките кошули и така клечеа врз нив како квачки врз пилиња; други ги криеја децата зад иконите; една го кладе детето во камарата каде што попот врши проскомидија; друга го бутна во мазгалката зад иконата на св. Илија, а сите зедоа в раце по една икона, натпреварувајќи се која да ја земе иконата на Ристоса, св. Богородица и света Петка, надевајќи се дека нивната сила е поголема од онаа на другите светци, та белким и ќе ги заштити барем децата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Барем децата ќе си видат кои бевме таму, што криевме ние од нив!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Затоа, во својата очаеност, мажите им велеа на жените: Жено, ако друго немаме, барем деца имаме.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Барем децата нека знаат, барем тие не можат да ме прекажат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)