барем (чест.) - се (зам.)

- Приказни! Приказни... Земена е изјава од настраданиот. Инаку, од каде ќе го имавме тој податок за гласот на неговата жена.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Министерството на Вистината се состоеше, така барем се зборуваше, од три илјади соби над земјата и од исто толку под земјата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Остани си најдобро овде да си се триеме. Барем се знаеме како стари пари.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Значи, Тото ме сакаше. Ме посакувале и други, главно тајно и срамежливо (барем се надевам), но не сум се нудела.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Патем, со слободната рака нешто ѝ разјаснуваше, додека таа, така барем се чинеше, го молеше да го олабави стисокот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Завидлив беше Писмородецот, и затоа, во моите сказанија си го претставував отец Пелазгиј како молец, или барем се утешував со помислата дека во некој претходен живот (во тоа чудо, претходен живот, само јас единствен од сите отци верував) засигурно и верно бил молец, оти зависта ваистина е молец: таа, како и несреќната животинка ја јаде рубата во која се родила: зависта го јаде срцето, ја нагризува душата, го сакати телото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Или можеби паднал врз некој стражар што случајно бил долу? Така барем се зборува?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Саркастично, еден од начините на надминување на дискрепанцата помеѓу законски даденото право и фактичкото кршење на тоа право доста често се надминувала или барем се намалувала преку усвојување промени во законската регулатива кои резултираат со намалување на правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)