Од друга страна пак, бидејќи овој дедо Стале беше неписмен и не можеше да стане поп, тој имаше многу мерак барем некој од неговите блиски да се изучи и да биде поп во некое од блиските села.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Брзаше со мрејцата накај езерото, да донесе барем некоја плашица за децата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Нека биде детето барем некое време на мира кај мене.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Како што времето минува така сè повеќе мислам дека во тоа имаше некоја одмазда или барем некое ненавидување.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Имаа темно сини униформи, беа кратко истрижани и очигледно, барем некои од нив беа нестрпливи претседателот што побрзо да го потпише указот со кој што се откажува од својата функција и во име на воспоставување на јавниот ред и мир, целата власт му ја препушта на нивниот водач, генералот Стојан.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Само вие не возбудувајте се, - и, што е главно, треба тоа од Љуба Ивановна, барем некое време да се крие.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Го гледаа како се слеа со полето, како потона во таа ноќ, како се спушти и над него тој нејзин плашт од сината месечина; гледаа кон таму се додека беше возможно да се забележи барем некое најмало движење на она место, каде што се искри од нивните погледи во темното зеленило, а после сите молчејќи се враќаа во своите легла, изморена и претепани.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ако се суди според тој еден филм и според низа други крафордовски средства, Џоан Крафорд била извонредна во претставувањето силни жени кои, сепак, станале жртви, барем некое време, на потенцијалните ужаси и на трагедијата на нормалниот семеен живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или, попрво, штом има мошне добри причини да сакаме да имаме геј-идентитет и геј-мажи, барем некое време, можеме да се запрашаме што е тоа што геј-идентификацијата го прави за нас, а што геј-идентитетот не може да го направи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Размислував: живите суштества ги сотира гладта и жедта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Зборуваше… Зборуваше…а во неговите зборови ниту траг од сочувство поткрепено од надеж… или барем некоја ситница што ќе потсети на оној низок лет на ластовицата над калдрмата по долгата суша, во оние пресудни мигови на очекување на дождот кој ќе ги подигне од загрејаната почва замелушавените мрзливи инсекти.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ние, си рекоа тие, како секоја жена, која повеќе, која помалку, секако, го правиме тоа што го прават сите жени на светот, туку барем некоја корист да видиме од тоа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)