барем (чест.) - мене (зам.)

- Ти, сепак, си многу среќна, - рече таа, - Вера е многу добар човек, - барем мене така ми се чини.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На сите фотографии изгледам многу полошо одошто во природа, барем мене така ми се чини. – Што сакаш ти, фотографскиот апарат да те разубави? – ме зафркава брат ми. – Не е шминкер!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мавтав долго, сѐ додека можев со очи да го следам авионот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Се плашиш, - му зборуваше. - Барем мене можеш да ми кажеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оттаму и моето љубопитство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Писмо од кое, така барем мене ми се чини, никој не прочитал дури ни еден ред.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку, да признаам, барем мене така ми се чинеше, тој беше навратил кај нас живите само со една цел, да ја исмее нашата лековерност но и наметливоста на смртта која честопати знае да го исмева животот и да се прави важна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Уште еден обожавател, ништо повеќе – се засмеа таа кокетно од прегратката каде што, така барем мене ми се чинеше, се чувствуваше сосема сигурна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, барем мене, она што го реков ми изгледа веројатно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Затоа и не смееме веднаш да ги отфрлиме како лага гласовите дека тој го пренел тутунот во Јапонија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Луѓето го критикуваа Неуроромансер што не го доведува Кејс до некој вид трансцендентно искуство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Според мене, клуч за личноста на Кејс во Неуроромансер е отуѓувањето од неговото тело, месото, коешто, барем мене така ми изгледа, тој го надминува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но, всушност, мислам дека го има.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)