барем (чест.) - сведочи (гл.)

Таа го покажува и начинот на кој Џоан Крафорд ја прикажува Милдред Пирс како изведба, во смисла на тоа дека открива колку и самата Крафорд, далеку од маченичка поради својата беспомошна, самопожртвувана посветеност на ќерка си, всушност, во Милдред Пирс дивно лажирала.310 Штом камерите ќе престанеле да снимаат, Крафорд – а не ќерка ѝ – била таа што, всушност, ги влечела конците. ‌За Џоан Крафорд, излегува, долгото мачно мајчинство не било абјектна несебичност, како што укажува Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Изведбата на Џоан Крафорд во Милдред Пирс очигледно е изведба што секој кому мелодрамата му е по вкус – односно, секој што не може да ги заземе, што не посакува и што не може да се стреми кон величието и престижноста на трагичната возвишеност – не може да не ја подражава или да ја преизведува. ‌Сигурно, ненадминливото подражавање на Џоан Крафорд на мајчинското мачеништво и абјектност не ги одвратило поненадарените исполнители да ја „играат“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако ништо друго, Најмила мамичке барем сведочи за пресудната улога на изведбениот елемент во создавањето на особеното задоволство на мелодрамата. ‌Сцената со генерацискиот судир во Најмила мамичке не ја турка само до крајни граници театралната екстравагантност и бунилната претераност на глетката на поштукнатата мајка во Милдред Пирс, нудејќи ни кампско задоволство на преувеличена изведба изведена заради изведба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А не го смалило ни задоволството на тие второкласни изведби, како што покажува Најмила мамичке (и нејзиниот геј-култ).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)