барем (чест.) - има (гл.)

Црвениот плоштад и онака е црвен од цвеќиња Ренесансата е изговор за еретиците но се вклопува во куќниот ред на Инквизицијата во нашата допуштена и официјална дијабола нашата настраност и смисла за Анатема можеби сме мали и смртни можеби без престан се вртиме околу себеси и Сонцето а светот е некој непознат Infinito но барем имаме сопствен пекол и одбираме кого убиваме!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Видете г-ѓо ... - ја прекина или барем имаше чувство дека ја прекинува, зашто кога и да ѝ се обратеше ќе ја прекинеше, знаеше дека таа секако имаше да кажува многу повеќе од тоа.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не знам точно да си одговорам, но барем имам право да поставувам прашања.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па да видиме сега каква е вашата судбина, госпоѓо Ж. (внимателно кршејќи го колачето ја вади пораката и чита: “Колку што е во мене судбата е тол ку и во тебе” И вашата порака е хаику, пријателке- или барем има седумнаесет слогови во форма 5-7-5.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но во Златно славејче барем имаа усул да не ја пуштаат музиката прегласно.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тоа барем имаше некаква смисла и ми даваше одреден идентитет и личност. (Што ве наведе да го промените мислењето?) Кога се уверив дека ќе ми дозволите да се чувствувам како ваше дете и дека ќе се грижите за мене со љубов.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)