Во тој контекст бил и коментарот во весникот „Њујорк тајмс“ од 13 април 1941 година, во кој се критикувала дотогашната нерешителна американска политика на Балканот, пред сѐ во однос на Кралството Југославија, а се состоела од празни „дипломатски ветувања, без никаква можност САД директно да помогнат во испраќањето воена помош на југословенската војска“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но и покрај краткотрајната надеж и оптимистичките написи за можноста од давање отпор на нацифашистичката окупација што можел да биде укажан од страна на југословенската војска, реалноста на теренот била сосема друга.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)