Во истиот број на списанието Тајм аут во кој читателите се повикуваат да ја посетат „Легендарната збирка за Џоан Крафорд“ во Сан Франциско, за да видат „зошто оваа класична холивудска ‘мамичка’ е навистина најмила“, во еден друг напис со наслов „Најдобрите бањи во САД чии сопственици се геј“ се наведува дека „геј-гуруто за нега на кожата Енрике Рамирез, родум од Мексико“, во својата бања Лице в лице во Њујорк на клиентките им ја нуди „масажата Најмила мамичке за ублажување едеми и болки во грбот при бременост (без грижа, не се користат закачалки)“.183
Најмила мамичке содржи многубројни сцени во кои се преодигрува, на својствен екстравагантен начин, судирот мајка-ќерка што толку впечатливо се прикажува во Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)