Но, од оваа несреќно формулирана одредба се гледа дека ингеренцијата за определување на висината на регресот се делегира на пониско ниво [со грански колективен договор], а такви во РМ се склучени многу малку.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Бирото работите од својата надлежност ги извршува преку: а) директор на Бирото [владин агент]; б) лица овластени од Владата, на предлог од владиниот агент и в) вработените во Бирото (чл. 5, ЗЗРМПЕСЧП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тоа, впрочем, и беше сторено со Општиот колективен договор за стопанството (2009) – според кој „со колективен договор на ниво на дејност се утврдува висината на регресот за годишен одмор и новогодишниот надоместок“ (чл. 35, ст.1, ал.8 од ОКДС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Интересни се два инструмента кои и стојат на располагање на на- шата држава за спогодбено разрешување на спор кој, преку аплика- ција, стигнал пред ЕСЧП: 1) Спогодба за пријателско решавање на предметот е изјава со која Владата на РМ се обврзува да му исплати на жалителот определен износ на парични средства или пак, преку домашните судови и државните органи, да преземе извршување на определени дејствија, за сметка на што жалителот се обврзува да престане со натамошни постапувања и барања пред Судот против РМ во односниот предмет, со што се постигнува конечно решавање на предметот; и 2) Еднострана декларација како изјава со која Владата ја признава сторената повреда на РМ и, ценејќи ги фактите и околностите на предметот, ја изразува спремноста да исплати одреден паричен износ – понизок од понудениот во спогодбата за пријателско решавање, со што се постигнува конечно решавање на предметот (чл. 2, ст.1, ал.2-3 од ЗЗРМПЕСЧП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)